Glamglow gravitymud glitter mask Маскава мнооогу сакав да ја пробам, интересни ми се овој тип маски, но по нанесувањето , по 5 минути имам непријатно чувство на лицето како затегнување, како пецкање, ама доста непријатно, што ми насолзуваат очите. Дали имам некаква реакција на нешто од составот и мириса некако чудно, на вотка
Maybelline matte liquid lipstick Овој тип на кармин беше доста фален на форумов па поради тоа го купив број 117. Меѓутоа можам слободно да кажам дека го платив брендот а не продуктот. При нанесување изгледа совршено дури да си помислиш дека си презадоволен, но кога ќе ставиш маска и кога ќе се напиеш нешто буквално го снемува од устата. Остануваат траги некои чудни и устата изгледа како испукана. За тие пари на Катрис и Есенц има доста поубави и потрајни.
Па со самото тоа што има светки не може да биде добра за лице. Имам користено гел за миење лице во бело пакување и една маска со чајно дрво не ми се свиѓаат. Сува барут ја прават кожата. Имам читано дека општо цел бренд е катастрофа, ништо посебно.
Јас па ова со ништо не можев да го извадам, триев и со масло и мицеларна вода и ништо и исто ми ја остава устата многу сува, па затоа престанав да го користам.
Да да да се мислев кој да го земам па пробав 4, па после три дена се правдав дека мијам раце, само таков е карминот.
Мислев ако пишува дека е хидрирачка ќе е подобра за овој период ама не. Не се размачкува воопшто скоро иако имам хидррачки крем пред да ја ставам. Некако се брчка и наместо да ми ги скрие некои работи ги истакнува уште толку. Не знам зошто си ја сменив на макс фактор што си ја користев.
Исто, не можам да го извадам, вчера носев баш ваков кармин, се измачив дур го избришам, сабајле мислам уште ми имаше останато некоја минимална боја и покрај бришење со мицеларна вода . Лично не ми ја суши устата, но со други мат течни кармини имам таков проблем што на други па не им ја сушат устата... Интересно е колку сме сите различни, на некои колку ни одговараат некои производи, а на трети сосем обратно.
Ревокс - Сквалан масло Можеби е и до мојот тип на кожа, но со оглед на тоа што баш ова масло се препорачува за масна кожа со акни, мислев дека би ми одговарало но ужасно ми ја изиритира кожата и ми направи премногу ситни бели акни низ лицето. Не би го нанела на лице више никогаш, можеби би го користела за коса ако може да се употреби како масло за масажа на скалп. Голден роуз диплајнер Премногу водест, пигментацијата за нигде, како повлекуваш со четката како со темперна боица да црташ. Колку пари толку музика, но сепак мислам за таа цена плус уште некој денар може да се купи каде каде подобар туш за очи.
katastrofa! Ocite me bolea i me pecea 2-3 dena od ovoj korektor sto bese nogu golemo iznenaduvanje zatoa sto na essence proizvodite obicno se mnogu dobri i eftini.
Исто и на моја другарка, секој ден го става и за работа и за излегување и и е фаворит, но мене воопшто не ме бендиса, премногу е водест или нешто не е во ред конкретно со мојот производ.
Многу тешки за мој вкус. Rare Gold ајде ми беше колку толку поубав, но никогаш не би го прекупила повторно, воопшто не ме привлече за да нешто ме натера пак да сакам да го носам на себе. А, другиот, одвратен ми беше, ми се лошеше кога го носев на мене. За трајни, трајни беа, но дефинитивно rare pearls ми е најтежок парфем што некогаш сум го имала за мој вкус. Еднаш се зезнав и сама го купив, еднаш го добив на подарок, трауми имам од парфемов.
Леле исто и јас, првиот парфем на поклон го добив, премногу е траен, со денови мириса ама не можам да го поднесам многу е тежок. Пробав на сила 2, 3 пати ми се лоши дури..
Од овој продукт имав само тестер и не знам ама воопшто не ми одговараше. Првото нанесување направив грешка и го нанесов на сува кожа, а вториот пат на влажна кожа и во двата случаеви ми се воспали лицето.Штета а баш имав план да го купам, го фалевте.
Спрејот за волумен на Алверде. Пробав на секаков начин, мокра коса, сува коса, малку да ставам, многу да ставам и секогаш косата на корените ми изгледаше заплеткана само и како да сум користела цик-цак преса.
Ауу како што сакам јаки парфеми може па мене ќе ми се погоди, треба да го пробам. Он топик: Многу убаво мириса ама не ја исполнува основната задача, да ми ја направи косата не толку сува.