Утка беше пудрава, утка остана. На мајка ми исто и земав, демек сигурна дека ќе ја биде. Катастрофа, двете сме незадоволни Леплива, остава траги насегде, едноставно не лежи на лице. пори не се познаваат , покривност има средна, но на лице изгледа.....како нашлакана. Не се слева со кожа, лошо ептен.Изгледам бледо и нездраво кога ја користам.Џабе контури, руменила.Да ја домешам уште малку и право во канта. Единствена маскара која нормално ги зголемува трепките и згуснува, не ги лепи и не се рони, убаво се чисти ...но, се размачкува. И кога користам база и без неа. Ја имав земено како замена на онаа Зен маскара д Фармаси, ама ништо. Прв пат купив производи од Хедера вита, и не знам дали би му дала шанса на брендот за други производи. Три маски, преубаво пакување, хијалурон, против акни и третата не знам што е. Како кеса со отвор, баш погодено пакување, само да беше како што треба тоа внатре. Буквално нема разлика дали ќе ги искористиш маските или не. Ниту оној моментален ефект после миење, на меко, чисто...
Од пудрава имаше и мини пакување. Јас ја земав и среќа што не го земав големото. Катастрофа , јас не дочекав да ја потрошам директно во канта отиде. Се лажеме по Бенефит по слатките пакувања инаку не вредат воопшто
Производството на ова чудо наречено туш за очи треба со закон да се забрани. Ај што кога нанесуваш се разлева како со водни бои да црташ, нема пигмент, туку и при бришење со марамица не се отстранува туку само се доразмачкува како флека. Пробав со масло за отстранување шминка плус гел да измијам, едвај излезе.
True alchemy serum vitamin C Го имав користено и многу бев задоволна, но последното пакување со новата пумпица им е катастрофа, многу брзо ми оксидираше, не знам дали некој друг има проблем со сменетите пумпици, ама јас баш се разочарав, а омилен серум ми беше.
Само овој ми е пробан (минтот бев во план да го земам, но во последен момент се предомислив). Ужасен е, здивот како на расипано ми смрдеше.
Речиси се од Алверде и Балеа. На Алверде одвратно мирисаат производите, а на Балеа се неквалитетни. Многу ретко нешто да ми се погодило. Пофалби имам само за амбалажите, прекрасни и слатки се. За украс да ти седат во соба на полиците.
Искрено се изненадив, повеќето производи на Конопка ми се супер, ова за лицето ми беше катастрофа. Му давав неколку шанси ама џабе, се исфрлав цела по образи и на чело, а јас имам чисто лице. Најверојатно за раце и тело ќе си ја користам.
Маскарава е ужас. Ги слепува трепките, дава волумен ама ги прави како пајакова мрежа, ужасно делуваат трепките, остава грутки, а плус не се ни вади убаво. Ја вадам со мицеларна, после тоа мијам лице и уште црно излегува, ќе си помислиш конечно си ја извадил, легнуваш и утредента пак се будиш со црно измачкано под очи. Сум имала и други водоотпорни маскари, ваков проблем сум немала. Плус додека ја носам остава некои траги црни ушљакани под око. Ист проблем имав и со зелената Lash princess, но трепките ми беа многу поубави. Никогаш више.
Имам неколку лакови од оваа линија на ГР. Џабе пишува rich color кога ни после втор слој нема јака интензивност. Дефинитивно најслаби лакови кои ги имам користено.
Тотално разочарување, солидна покривност, ја користев како пудра врз течните пудри никогаш самостојно, оксидира по некое време Искрено прв пат ми се случува камена пудра да оксидира. Катастрофа. Од Фенти белата пудра ја имсм користено и таа ми беше одлична. Дојдов до пола и за жал почна да ме исфрла. Не значи дека кај некој др нема да одговара, но очигледно мене некоја состојка не ми одговараше
На почеток на месецов го пофалив продуктов како најидеален за мрсна кожа,ама истовремено бев исфрлена а не знаев од што. После неколку дена една членка ми се пожали дека се нафрлала исто па ми предложи да го прекинеме продуктов некое време. И навистина исфрлањето беше од него. А баш убаво ми прилегаше барем мене и покрај затегнувањето што го даваше.
Everyday XL . (сите типови) Два /три месеци ги купувам резултатот е прокиснувам на секои 15мин,лепакот не лепи убаво. НЕ за eвридеј.
Нит омекнува нит е against dryness. Башка што лепи, веројатно од анти-бактериското дејство што наводно го има.
Не вложувам во скапи маскара поготово не во оваа. Мини е. Тешко се вади точно е, само не дава интензивност уопште. Едина позитивна работа е што е убаво четчето. Пенава воопшто не ми одговараше, па ја дадов. Многу ми го нафрла лицето и дадов многу шанси ама ништо.
Големо НЕ за маскарава. Ми се допаѓаат вакви четки , но не очекував дека ќе биде толку голема освен тоа ништо не прави на трепките
Како се зафркнав со оваа маска ќе си пукнам од мака, не е ефтина а мало паковање, ефект нула. Демек покрива бели влакна и сјај на косата дава, ништо од ова, катастрофа Имам веќе 5,6 бели влакна а многу мразам фарбање и мислев дека ќе ги покрие така пишува барем, мислам дека уште толку ми светнаа , плус косата ми ја направи тесто, јас од коса со волумен ми ја залепи за глава...