Ама ова е за фарбана коса, да пролонгира фарбање, дава сјај, може делумно да го покрие израстокот. Не служи како колор шампон. Јас користам ваква маска, само мојата е бакарна.
Па ги прашав од таму кај што порачав, ми објаснија дека покривало , сега гледам и јас дека не е Ај бидна ќе се шлапам по коса додека има, среќа па убаво мириса
Убаво и брзо го вади лакот ама толку тешко мириса, не сум имала потежок ацетон... Не би го прекупила поради мирисот.
У Ж А С Ставаш на коса и одма се губи, ко ништо да немам ставено. Пола паковка ја ставив и пак ништо. Едино што е доста парфимиран па косата мириса два дена .Ама мене ми е побитно да си ја врши работата него да мириса.
Balea ultra volumen spray (циклама пакување) Го зедов зошто мислев дека е повеќе како спрејовите за заштита.. поточно не ни знам зошто го зедов кога не ни сакам волумен ама пишуваше дека е и за заштита (и UV филтер - внеси кловновско емотиконче) и тоа ме привлече. На сува коса (за каква не е наменет ама не издржав да го пробам): ми ја слепи косата. Ја исуши и тоа не требаше да ме изненади затоа што во состав има алкохол (навистина брзав кога го купив и не ни прочитав ). На штотуку измиена коса (како што е наменето): ја исфенирав и стана како да имам нанесено лак за коса. Утредента уште ми беше таква и пак мораше да ја измијам. Ја направи крута и не ни забележав дали имаше волумен за да знам дали си ја заврши работата. Веројатно имало, ама не знам. , Не верувам дека ќе го употребувам.
Овој серум на Ла рош, (среќа) беше во сет со спф крема , 10 мл шишенце со пипета. Го нанесував на влажно лице секако, но беше доста леплив и има убав мирис но многу јак , можам да кажам повеќе заради тоа не ми се допадна
Знам дека е доста фалена кремава ама мене лично не ми се погоди нешто многу. Иако пишува дека е непарфимирана, мене така некако ми е тешка и неубава, мирисот ми е непријатен, повеќе сакам креми со убав мирис. Ајде на страна мирисот, чудна ми е структурата, некако ми се лепливи рацете откако ќе ја нанесам и ми пречи тоа. Ништо посебно разлика со неа не забележав, така да не би ја прекупила. За дупло поевтина цена ми се погодиле повеќе креми за раце што сум ги имала. Не дека е лош производ, туку ете мене не ми остави некој впечаток баш. Можеби очекував повеќе од производот само.
Антиперспирант Фа - многу тежок за нанесување, како камен е, сум пробала и на влажна кожа и пак нема ефект, па според ова, и трајноста е нула. Балеа пилинг чорапи - нема апсолутно никаква споредба со оние на Парасофтин, со овие иако пишува во упатството немав никакво лупење по ден-два од третманот. Поскапи се можеби другиве, ама вреди ефектот за секој денар. Коректор Catrice True Skin - изгледа сум една од поретките и се разочарав искрено, мака измачив со коректоров. Многу лошо стои на кожата, знам дека шминка никогаш не изгледа како природна кожа, но со овој коректор премногу очигледно е дека нешто е нанесено под очите, кај носот, на брадата, едноставно дава многу чудна текстура. Пробав на секаков начин, не ми одговараше никако. Од коректорот Камуфлаж од истиов бренд пак бев презадоволна.
Го пробав и на влажна коса, и на сува коса, му дадов неколку шанси, али како и да го нанесам не ми се впива, краевите на косата ми стануваат мрсни
Да не барам слики сеа по интернет, дефинитивно влошките на Лалин за добиено. Иам користено секојдевни, тупфери нивни користам, сѐ топ, ама улошките се канта.Не се лепат значи.Све си мислев ќе се одлепат
Само да се надоврзам на муабетов за Балеа. Не користам којзнае колку од оваа фирма ама сум приметила дека истите нивни производи во Мк и во странство не се исти, можеби и по состав ама по мирис се катастрофа во Мк. Значи еден исти гел за туширање тука и таму, нема врска едно со друго. Можам да кажам дека мирисаше многу лошо...
Не би требало да е така. Многу често го менуваат составот на постоечките артикли, ама тоа важи за секаде, па можеби си погодила споредба на стар со нов состав. Не можи ист состав да даде различен мирис. За производите на ДМ не верувам дека за тука и странство не се истите. Ги има само во 15тина земји така да сигурно се произведуваат во една фабрика за сите. Јас кога купувам од нив нешто што го немам пробано читам рецензии на нивната германска страна, а артиклот го барам по баркодот. А ист бар код значи и ист состав. Инаку ова што го кажуваш е точно за козметиката и храната кај нас и на запад, ама за артикли што имаат поголема и потрошувачка и пораспространет пласман.
Во последно време подобрени се малку. До пред некоја година ретко што ми се свиѓаше од Балеа, во последно време наоѓам по нешто убаво и од нив. Но, знае да се погоди и нешто што е жива катастрофа.