Не знам еве ни како да го дотрошам... Се разочарав, другиот прајмер ми е далеку подобар. Од овој светнувам, дали дека сум бела па ми остава некоја чудна портокалова нијанса, ми разлизгува коректорот... Уште еднаш не. Имал некој досега негативно искуство?
Оваа паста, ја земав од Кам и ми ги изиритира непцата, до степен да ми се појавија како красти внатре, мораше на забар да одам.
Ооо, ние ја користиме одамна и мене многу ми се допаѓа. Ама имам приметено дека има разлика кога е од кам или од друг маркет
Јас немам осетливи непца, и прв пат ми се случува ова од паста за заби, сакав да ја сменам Лакалут бидејќи е така малку поскапа, ама згрешив..
Исти се пастите во сите маркети. Оваа ја користам понекогаш.Не ми прави проблем. Ама, имам читано други дека не им се допаѓа.Јака е, не е за осетливи и воспалени непца.
Јас кога работев во Зегин ни кажуваа дека еден производ Dove пример може да не е ист на две различни места....така и за пастите имам приметено. Различен производител и квалитет викаат дека постои, не знам небитно
Да, на Персил од Кам и Персил од Веро не им трае исто мирисот и не може никој да ме убеди дека се истото, во Веро е 40 денари поскап ама мирисот трае 1 недела, а од Кам не трае ни еден ден..
Треба да се гледа земја на производство.Колгејт пастите во сите маркети се од Кина, ретко има во продажба некоја произведена во Полска или Шпанија. А, Дав производите се произведуваат во повеќе држави и се приметува разлика.
Имам две маскари кои ги фрлив. Ужас, а толку убави четчиња имаат. Едната ја пофалив во соодветната тема ама џабе по некое време ни интензивност не нудеше.
Овие новите на Есенс и јас постојано се залажувам си мислам како зелената е на Есенс и на крајот пак на старата се враќам а другите ги фрлам. Секоја наредна им е полоша верзија..
Не ми се погоди и заврши во канта. На попуст го земав, па не ми е криво. Има алкохол во него и изгледа тоа ми пречеше, нежна кожа имам и не можам да користам "агресивни производи". Уште првиот пат кога измив лице со него, одма осетив дека нема да ми одговара. Го користев уште неколку дена да му дадам шанса, имам чисто лице и одеднаш некако забележав како да ми се поднафрли лицето, а друго ново не вметнав во рутината. Прекинав да го користам и ми се исчисти лицево за 2-3 дена. Читав доста позитивни reviews на интернет и на доста им бил погоден ама секоја кожа е различна, тоа е тоа.
Кога ми примириса тешко на прво користење, не ми беше дури верно дека толку алкохол има, не очекував.
На почетокот ми се допаѓаше многу, барем мирисот ми беше по вкус. Не би го купила пак бидејќи одма ветрее, сепак ми беше мило што го пробав да не ми е жал.
Овие 2 производи(по препорака на Магнолија) едвај чекам да ги дотрошам(оти се скапи) и да почнам со некоја нова хидратантна мицеларна и гел. Маслениот чистач едвај обичната шминка ја чисти и тоа не скроз, за водоотпорна треба цела вечност да триеш, додека бицепсот да ти се развие, патем по упатства и еден куп изгледани видеа и инструкции никако не успеа да исчисти нешто, а и брзо се троши бидејки потребни се 4-5 пумпања на суво лице па и со малку вода уште 1-2 пумпања. Катастрофа, а порите не ги ни чисти воопшто. Цел месец и повеќе го користам, порите ми се уште наталожени со нечистотии на толку нега. Значи 0. Крем-пената иако пишува дека е Ph балансирана после миењето ја суши и затега кожата повеќе од нормално. Убаво е чувството додека си го мијам лицето со неа, нежна е и убаво чисти ама ветува да ја остава кожата хидрирана, а не сува и затегната. Затоа од мене има 3/10. Инаку се многу "хајпани" производи и имаат 99% позитивни рецензии, а реално тоа се гледа на навистина проблематична кожа, што кај мене НЕ се покажаа како добри.