На неа пишува сува и осетлива кожа. Па затоа ја земав. Ако не е за сува кожа тогаш дефинитвно не морав да ја земам
Маскарите на есенс. Стварно се евтини и некои даваат убав ефект на трепките ама џабе кога после 2-3 часа под очи сум црна. Не знам дали само јас имам таков проблем.
Jas dve godini intenzivno koristam maskari samo od essence i toa ne mi se slucilo. A mozebi imas mrsna koza pa toa e problemot
Гледам дека ги користат тука и ги фалат, па реков да не сум единствена и да не критикувам џабе. Во животот сум немала проблем со маскара, а вервај имам и за 100 денари купувано од Авон. Се чудев шо значи да не ти се погоди маскара и со Eсенс сфатив. Не една, на четири дадов шанса, која од која полоша. Црна под очите, се сушат по три отварања, јас и никаков ефект не видов ни должина ни волумен. Никогаш повеќе.
Мене пред тоа ми беше подобра розевата, сега не ми се допаѓа. Lash Princess исто не ми дава никаков посебен ефект. Претпоставувам се добри само за долги трепки...
И јас не сум задоволна од есенс маскарите. Последна оваа ја земав: Ми ги лепи трепките премногу, дава волумен не дека не, ама не ми е убаво така да ми тежат. Ќе си ја покористам уште некое време дур да најдам некоја ко што треба.
Skindivision face sunscreen Убаво легнува на кожа и дава многу убав здрав сјај. Не се масти лицето, но има еден многу голем минус од мене заради кој не би ја купила повеќе а тоа е што ми ги магли очите. Значи не ме печат, ама многу непријатно ми делува на очите и надвор на сонце дури и ми солзат од неа, а погледот ми се мати. Вака џабе е убава кога за околу очи би требало да активирам друга крема, што и не е баш практично. И има некој чуден мирис што мене баш и не ми прија, ама кој би го занемарила да не беше претходноспоменатиот проблем.
И јас се излажав, тука читајќи како сите ги фалат, па ај да не сум покусо ја земав зелената на Лаш Принцес. Никогаш маскара не ми се ронела, ниту па пресликувала под очи. Со оваа после пола саат ставање, додека стигнам на работа сум панда, ко да не сум ја извадила претходната вечер бев. Катастрофа. А за ефект не успорувам тоа ми даваше убав волумен ама што дека. Спојлер
Воопшто не ми одговараше шампонов, има нешто во составот што ми пречи. Читав тука дека на доста им бил погоден, но тоа е, не одговара се на секого. Ми правеше чешање и сушење на скалпот, проблем што никогаш не сум го имала досега. Го користев за второ миење на косата и не помислив прво дека е од него, иако ми се случи баш кога почнав да користам, мислев ми се суши скалпот од ладното време, па се зезнав и вторпат го земав. Вака убаво мириса, супер е косата, мека и нежна после миење со него, а го користев во комбинација со маската и млекото за коса што се од истата колекција како него. Тие ми се погодија, но шампонов не е за мене. Ја измив косата без него и немам никаков проблем. До шампонов било.
Тешко се размачкува и каде го користев по телото ми направи ситни бубулички и ми ги затвори порите, се мачам уште со поткожни влакна. Прекинав да го користам и подобро ми е сега. Одвратен производ.
Исто, толку ми е криво што ја зедов. И сега што и правам, за кога сакам поприроден изглед, кје земам салфетка или тоалет хартија, и прво така ќе го истријам вишокот и после нанесувам и се добива убав природен изглед. А инаку директ од тубичката право кога нанесувам, катастрофа е. Ептен ме разочара, освен вака што ми е за природен изглед, каде што пола производ иде в канта, ама барем за нешто да служи.
Ноуп. Не е за сензитивна кожа дефинитивно. Барем на мојата воопшто не и одговара. Ја иритира, ми прави црвенило до толку што почнува да ме пече. Најнепогодена мицеларна до сега. Маж ми си ја користи, да не оде зијан.
Само помасни креми за сува кожа. Имав користено на балеа од невен мислам дека беше во портокалово паковање. Само таа ми хидрираше а и брзо упива. Оваа за после бричење топ да ги гори акните
На плажа ми мирисаше мене. Ама ова за очите, ме чуди, додуша јас не ставав околу очи, па немав ваков ефект. Ова што го опишуваш сум го имала како ефект од сите можни креми за околу очи што ги пробував порано, кога уште користев козметика од Авон и Орифлејм, па и Нивеа. Изгледа има некоја состојка што пречи, можеби и спф кремот ја содржи, без оглед на тоа што е природна козметика. Јас лично не би го купувала оти е прескап, мала е количината. Иначе кремот е преубав, барем мене ептен ми легна.