И јас се посомневав на алергиска реакција, зошто не ме печат очите туку само солзат. А за околу очи што користиш?
Не користам посебен спф за околу очи, ама и не ни нанесувам нешто баш баш на тенката кожа околу очите, тоа само за нега, кремот на Натура Сиберика црвениот. На сонце задолжително сум со очила за сонце со спф стакла и диоптрија, мислам дека е доволно, оти не поминувам многу време на отворено, освен за викенди.
Maybeline super stay Многу ме разочара пудрата а беше многу фалена овде, воопшто не ми одговара. Првото нанесување со прајмер ми спадна брзо, второто нанесување без прајмер потраа некое време, последните неколку буквално ми спаѓа, ја осеќам тешка и едвај чекам да ја симнам од лицето. А толку време и се токмев да ја пробам. Нијансите исто така се крш, оксидира пудрата. Иако ја сетирав неколку пати едноставно не е пудра за мене. Штета.
Ова чудо е темнокафеав молив на S.he за очи со сунѓерче од едната страна со кое треба наводно да се постигне smokey eyes ефект. Милион шанси му дадов и пак не бива. Премногу е тврдо за апликација на очи, не се размачкува убаво и окото на крајот изгледа само ,,валкано”, а премногу меко за апликација на веѓи и таму како за инает се размачкува на сите страни. За сунѓерчето кутро што не прави ништо од тоа што треба да го прави, не сакам ни да зборувам. 1/10
Навистина многу лоша пудра. Кога споделив на инстаграм дека не ми се допаѓа добив совети да користам похидратантни креми и прајмери, но џабе, ништо не прави оваа пудра да изгледа убаво на кожа. Делува суво, пука, ги истакнува сите неправилности.
Интересно, јас моментално ја користам оваа и воопшто не е таква како што ја опиша. Ниту ми остава траги, ниту се рони, ниту па ми ги лепи трепките или било каков друг негативен ефект. Од сите маскари што ги имам користено, најмногу ми одговара. Јас ја постирав во другата тема, за најдобри производи. Секој ете со свое искуство... Можеби некои производи се стари...
Парфимирана вода за пеглање на Дм.Не знам што содржи,ама додека пеглав на пареа ме угуши.Вкусот грозен се осеќа во грлото ,како да си го конзумирал и после 10 тина минути по пеглање.
Сакав и јас да го купам, но читав рецензии на интернет и повеќето се жалеа дека е леплив, па не го купив. А шампонот и регенераторот се врв. Не ги користам многу време, се надевам дека и на долг рок ќе се убави, а не само моментален ефект. Прв пат користам шампон на Лореал, имав некоја предрасуда не знам ни јас зошто, ама задоволна сум.
Незнам ама ептен се разочарав. Дури како мрсна косата ми изгледаше и плус наредните денови уште посува. На лорел не ми биле мене лоши шампоните што ги имам пробано до сега ама ова ептен не ми се погоди.
Една од најлошите креми што сум ја пробала. Цело лице го остава лепливо, како лепак да имам ставено. И воопшто не е ефтина. Шапонов страшно ми ја мастеше косата и ми предизвикуваше не подносливо чешање, како да не е измиена Од мицеларнава вода, за која се изначитав позитивни коментари, лицето не можев да си го оправам. На очите добив некоја алергија, ми отекоа цели.
Јас ја зедов мицералнава и после неколку користења почна кожава да ми се лупи, посебно околу очиве и носов. Е сега, после то почнав и ретинол на Nacomi да користам, па се надевам од тоа дека ми е
Истите реакции ги имав и јас, прво перутиње па лупење околу носот и устата. Јас не користев тој период никакви серуми, така што дефинитивно имав таква реакција од мицеларната...
Ова бело моливче за очи од s-he. Катастрофа, не пушта боја, не е пигментирано, а и после сто обиди за нанесување кога ќе пушти некаква боја, се брише одма. Ретко што ми се погодило од брендов, два-три производи само.
Карминов од Essence реално не очекував дека ќе е толку сув и сто пати треба да нанесеш за да се добие некоја си нормална нијанса,и ептен ја суши устата а за тоа колку трае ептен катастрофа.
Кремата наменета за кожа околу очи не беше лоша, иако искористив 2 пакувања и не приметив некоја голема разлика и пред да ја користам, а од оваа колекција ноќната и дневната крема ми се одлични. Амбалажата е катастрофа, се крши тубата и тоа ми се случи два пати. Пола крема истече така при кршење на капачето, прво беше поткршено, за после цело да се искрши . Заради ваквата амбалажа не би ја купила повторно. Спојлер