Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Производи кои не би ги купиле повторно

Дискусија во 'Тело' започната од MejkApGirl, 26 јуни 2012.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.535
    Допаѓања:
    106.120
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20230514-132525_Gallery.jpg

    1. Pulpe de vie мицеларна вода -
    За чистење лице е ок, ама на очи не го ставајте зошто ужасно пече :worried:прв пат да ми се случи нешто вакво со м.вода :?:

    2. Dior bronzе спф 50 - убсво мириса, ама е многу мрсна за моево лице тска да ќе ја искористам за тело здравје кога ќе почне сезоната за море :D и да никогаш не би ја земала

    3. Heimish all clean 5.5 ph гeл за миење лице
    Убаво го мие лицето и го нема она чувство на затегната кожа ама не можам мирисот да го поднесам воопшто. Многу грозно ми мириса и само затоа не би го купила. (Јас ја имам таа маана, или сакам нешто што користам да мириса убаво или воопшто да нема мирис) :D
     
    На IamSexyAndIKnowIt, EMoonlight, Flower27 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Секако дека го чувам затворено, во оригиналната фолија и плус во кутија но пак се стврдна и на потопла температура е исто. Дали моето е некое старо препакувано или што е работава не знам, ама не е дека не го чувам соодветно. Да не ни зборам дека ми остава флеки на алишта...
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.933
    Пол:
    Женски
    Сенки на alverde. Ставаш исто како ништо да не ставаш.
     
    На Merten и Youknow им се допаѓа ова.
  4. maca_m555

    maca_m555 Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2023
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Малку е да се каже ужас! Косата ми е природно мека и убава и брзо ми се мрси ама од шампонов се осеќав како да не сум ја измила косата воопшто. Тешка катастрофа. И многу груба ја прави косата на допир, ја суши некако. Ужас(n)
    [​IMG]
     
    На DoubleK му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    29.326
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Можеби проблемот е до мене, не требаше да очекувам кој знае каква магија од спрејче, ама буквално како вода да прскав ми беше. Не видов некои позитивни промени на кожата. Сестра ми го зема тој со магнезиум, истиот муабет. Ај барем кога беа на попуст ги земавме, па не ми е толку криво. Ама реално за 300 денари од ревокс можеш серум да си купиш кој што бар ќе биде колку толку ефикасен.
     
    На EMoonlight, Waverly Raven, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Merten

    Merten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    892
    Пол:
    Женски
    Значи не сум единствена.. од сите фалени работи скоро ништо не ми се погодило
     
    На Ugly Duckling, Waverly Raven, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Мене па страшно ме исфрли спрејов... ужас
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.535
    Допаѓања:
    106.120
    Пол:
    Женски

    Исто, а мислев јас единствена сум со вакво мислење :D
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Polyincognito, Flower27 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.253
    Пол:
    Женски
    Премногу воденкаст што дури се сомневам дека го вади Спф-от што го ставам и страшно ме печат очите.
    20230524_102249.jpg
     
    На EMoonlight и koritsaki им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Тоа плавото да го пробаше.
     
  11. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.253
    Пол:
    Женски
    Ќе си се вратам на Пурито, најдобар ми е . Сакав малку да сменам демек ај поевтино :D али не бива
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    7.467
    Пол:
    Женски
    IMG_20230527_190325.jpg Ги користев редовно овие за депилација и ептен се исплатеа. Но предходното пакување не сакаше да се стопи, не само у топилка туку остана камен тврдо и откако го ставив во вода што врие. Пластиката се извитка а восокот си остана цврст. Проверив рок и океј е тоа. Сега зедов две нови пакувања и истото и со нив ми се случи. Чисто се сомневам дека е навистина восок.
     
    На Bella__ и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  13. monika1997

    monika1997 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Маски за лице од Балеа за неколку употреби. Ми го исфрлија лицето, а немам проблематично лице.
    Не сум задоволна многу и од други производи на Балеа и Алверде, мал број им се квалитетни.

    Хелти Микс пудрата, грди нијанси што маваат на жолто и ужасно стојат, не знам на кој тен воопшто добро стојат, се собираше ужасно на лицето во линии што не сум знаела ни дека ги имам (со ниедна пудра не ми се појавиле), не е покривна, и го исфрла лицето. Најкриво ми е за фрлените пари на таква одвратна пудра. Не беше баш евтина за толку лошо да се покаже.
     
    Последна измена: 1 јуни 2023
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    2.506
    Пол:
    Женски
    dm-alverdeshampooherbs7organicherbs200ml.jpg .jpg
    Овој и било кој шампон од alverde. Мал збор е ужас.
     
    На MayDiamonds и Selena01 им се допаѓа ова.
  15. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.922
    Пол:
    Женски
    milae.JPG

    Ја купив по препорака од скоро сите членки овде, но мене од оваа мицеларна вода ми гори лицето, ме пече околу очите, ми се вцрвенува и исфрла. Има нешто што не ми одговара. Нешто што има билки или цветови во составот знае да ми направи иритации, оваа не знам што има не прочитав. И дадов шанси неколку месеци.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.094
    Допаѓања:
    6.914
    Има смиљ оваа
    И јас сум презадоволна, ваљда стварно билки не ти одговараат
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  17. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.922
    Пол:
    Женски
    За чистење чисти, како и секоја мицеларна вода.
    Искрено пробав повеќе, ама најзадоволна сум од Гарниер, пак и се враќам, ем што чисти најдобро и најлесно, нежна е не прави иритации.

    @koritsaki го прочитав твоето мислење погоре за мицеларната pulpe de vie, исто мене околу очи најмногу ме печеше од Оливал, околу вегите исто...
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.030
    Пол:
    Женски
    Све друго од Балеа ми се допаѓа, ама овој дезодоранс не баш.
    Има слаб мирис и не трае многу.
    IMG_20230712_142728.jpg
     
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.535
    Допаѓања:
    106.120
    Пол:
    Женски

    Некоја состојка ни смета, затоа така:)
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.535
    Допаѓања:
    106.120
    Пол:
    Женски
    20230715_181414.jpg

    MAC Studio radiance

    Пудрата е катастрофа, никаква покривност, ја имав од тестерче и многу ми се допадна па ја купив пред неколку месеци, дури минатата недела ја отворив прв пат. Не покрива ништо баш ништо, имам користено пудри што се со мала покривност, ама ова е нешто неверојатно.. еднаш ја имам користено и не знам што да и правам сега :D


    Loreal telescopic mascara

    Ја користам неколку месеци, не ми се допадна воопшто. Ги слепува трепките, не дава ни волумен и ги издолжува. Не е како таа телескопик што е во златната опаковка , таа е каде каде подобра.

    Loreal rich lipstick 111 oui

    Барав замена за candy yum yum ама очигледно е дека нема :D бојата е супер, не ми се допаѓа тоа што по некој пола саат се растекува од страна како да си јадел којзнае што со него, а секако ставам и молив за усни и пак истото. Не би купила ништо пак од линијата.
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.