Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Производи кои не би ги купиле повторно

Дискусија во 'Тело' започната од MejkApGirl, 26 јуни 2012.

  1. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Регенератор: Balea Professional Spülung Plex Care, 200 ml
    [​IMG]
    Не забележувам никаква промена кај косата. Ниту е помека, ниту е полесна за чешлање.
    И миризбата воопшто не ми се допаѓа па почнав да го мешам со друг за да можам да го поднесам (на почеток го користев само него за да следам дали има промени).

    Имаше многу препораки, добри оцени, некои одеа до таму што го споредуваа со olaplex (веројатно заради името) но ништо од тоа, а не ми беше опција за земање, го зедов на брзање зошто сакав да вметнам нешто ново за одржување на косата.
     
    На eli25, koritsaki и joy1 им се допаѓа ова.
  2. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    902
    Пол:
    Женски
    Балеа козметика за било кој дел од телото и алверде воопшто не ми прија.
     
    На Medea., doll.a, злоба и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    2.833
    Пол:
    Женски
    Ако некој ја чита темава, да знаете да си купувате од странство вакви производи секогаш се квалитетни (кај нас немаат квалитет) проверено многу производи како шварцкоп глисс шампони регенератори, нивеа, детска козметика.
    (Секако излавате од Мк еднаш годишно)
     
    На EmporioIvankov, BubbleBum94 и anggell им се допаѓа ова.
  4. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.573
    Пол:
    Женски
    Точно, се е поразлично а мислиме ете иста марка, остај тоа па многу работи се и поефтини во странство, на пример Лавера кај нас е поскапо за разлика на пример од Германија.
     
    На BubbleBum94 и Malesia им се допаѓа ова.
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.263
    Допаѓања:
    12.238
    Пол:
    Машки
    Лавера е поевтина во Германија бидејќи е германски бренд.
     
    На Bu_bi и anggell им се допаѓа ова.
  6. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.467
    Пол:
    Женски
    1 Leave in conditioner,
    не знам дали досега го имам коментирано, ама сега видов дека е при крај па да си пишам. Немам никакво дејство од чудово. Пишува дека е за виткана коса додуша, јас имам брановидна. Ама нема ни мекост ни стилизирање. Апсолутно ништо. Можеби додека е мокра ја осеќам подобро за чешлање ама тоа е тоа.
    IMG_20240630_123503.jpg
    2. Млеково од неутрогена.
    Не дека имав штета ама е за ептен сува кожа, а искрено за таа намена има и многу поубави од дав и Нивеа. Не е лошо башка не е скапо. Ама дефф дав или Нивеа повеќе ми одговараат.
    IMG_20240630_110535.jpg
    3 кремава од ревокс е многу лесна.
    Пример за топло време не ја осеќаш како маска на лице. Ама има нула хидратација. Можеби за мрсна кожа или нормална би била идеална. Особено на топло. Ама за сува кожа не. Вака во лето ќе се потроши ама за посуви ладни денови не би ја земала. Патем има една многу иритантна миризба. Нешто ефтино, кинеско. Цветен мирис ама ефтин. Како некоја од оние старине кинески продавници за 99ден кога ќе влезевме.
    Хијалуронската од ревокс исто така и дадов повеќе шанси и очекував повеќе. Немав штета. Не ме исфрли или нешто. Ама на споредба со обичен тонер од I'm from, тонерот 3 пати повеќе дава хидратација.
    Ова гелов за веѓи од кетрис вајда е стар пошо предходно имав солидно мислење и после се исуши. И сега нема шанса да го користам. Треба малку со вода на четката па така да се користи. Ама јок и така не сака.
    IMG_20240630_110516.jpg
     
    На koritsaki и marchi-cool им се допаѓа ова.
  7. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    59.480
    Пол:
    Женски
    Премногу течен, речиси ко вода. Не можам убаво да го "фатам" да го нанесам, ми се растекува меѓу прсти. Мислам дека добро штити, ама заради водлестата структура не би го купила повторно.

    Screenshot_20240630_173420_Chrome.jpg
     
  8. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    59.480
    Пол:
    Женски
    Не знам што очекував кога го купив, ама зејтин во спреј сигурно не :D
    Многу е мрсен и ептен непријатно чувство ми создава, многу долго му треба да се впие (пола саат и подолго). Можеби не е конкретно до биодермата, можеби сите спрејови од овој тип се вакви, ама дефинитно ова не е за мене. Инаку, фино мириса.
    Screenshot_20240719_153430_Chrome.jpg
     
    Последна измена: 19 јули 2024
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.573
    Пол:
    Женски
    Која цена го зеде? Еуцерин и Биодерма дефинитивно се луди веќе со цените. Денес во Зегин за сончање едно ми дадоа цена над 2000 ден, Еуцерин 1800 ден а ги земав многу поефтино :@
     
  10. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    59.480
    Пол:
    Женски
    1150 денари
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.005
    Допаѓања:
    40.316
    Пол:
    Женски
    Добро што сподели, баш вчера го гледав и се мислев дали да го земам. Значи овој ми отпаѓа
     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    59.480
    Пол:
    Женски
    Абе немам користено друг ваков "invisible" спреј за да споредам, можеби сите се мрсни. Друго што имам пробано спф од биодерма е одлично. За мене не е практично, се осеќам мрсна, плус морам многу да внимавам да не си ги испрскам шишките. Повеќе е дека мене не ми одговара, отколку дека производот е лош.
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.104
    Пол:
    Женски

    Ова за лице е?
    Исто е и баш La ro he posay ,по некое време лицето масно е ептен. Прв пат пред 5-6 год кога го купував ок беше. Дали после сменија нешто во составот, не знам..пак не би дала пари за спф спрејови
     
  14. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    59.480
    Пол:
    Женски
    И за лице и за тело. Ваков тип на спреј и јас не би купила пак. Не ми се свиѓа да го осеќам цело време и да пазам да не измрсам нешто. Сакам да се намачкам, да упие одма и да заборавам дека го имам на мене :)

    https://zegin.com.mk/mk/bioderma-ph...arenten-sprej-za-lice-i-telo-so-spf-50-150-ml
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.845
    The Ritual of... Karma-Shower Gel

    [​IMG]


    Значи 99% од нештата кои случајно ќе ги видам на интернет и ќе се настрвам да ги имам и јас (особено ако тешко се наоѓаат во МК) ми биле ТОТАЛНА утка.
    Ова нешто кое чинеше некои 13 евра од фри-шоп на аеродром во Белград, НИКОГАШ повеќе нема да го купам.

    Што слушнав на нет и што добив:

    -Преубаво мириса:Убаво мириса, да, ама ништо посебно
    -Од многу малку прави неверојатна количина на пена:Нема врска, од обичен сапун добивам 100 пати повеќе
    -Кожата ја прави совршено мека:Нема врска+мене ме чеша како да сум алергичен и ми се исфрла цело тело со ситни брумчиња
    -Си ги вреди парите:Не, не си ги вреди. Подобро да купев Биодерма некој фин гел што нема мириси и глупости како ова.

    Издувана работа!

    Следно:

    BALEA Professional Aqua Hyaluron Shampoo

    [​IMG]

    Господе Боже, кога веќе еднаш ќе ПРЕСТАНАМ да купувам од овие мизерни брендови на ДМ? Кога веќе еднаш ќе престанам да судам книга по корица?

    Општопознато е, а и личното искуство ми докажа колку овие производи се мизерни и прават само лошо. Евтини биле, а квалитетни. Како не бе! Кој знае што им бодат внатре за да имаат такво цениче. Океј е, се измива косата, ама после неколку часа добиваш ефект на истурен зејтин врз глава. Залепена коса ти е гратис.

    Па уште и Professional! :D :D :D



    Сигурно има уште неколку производи, ама моментално ова го постирам пошо сега се туширав :D и одвај чекам да ги дотрошам (шампонот сигурно, пошо летно време секој ден се туширам и мијам коса, а гелов не би рекол дека ќе го трошам, може ќе го дадам на некој од дома да го проба, па да видам баш какви ефекти ќе има кај другите).
     
    На MayDiamonds и joy1 им се допаѓа ова.
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.005
    Допаѓања:
    40.316
    Пол:
    Женски
    Значи ми ја решивте дилемата да не купам ниту еден :rofl:. Вчера за помеѓу овие два се мислев и си реков ај да размислам. Ми заштедивте пари, фала на двете :rofl:
     
    На koritsaki и Anika55 им се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.392
    Јас па без ова неможам, преубава ми ја прави косата :)
     
    На Skorpija25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. glittergirl

    glittergirl Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    2.772
    Пол:
    Женски
    cda461da-d68a-4f04-8f53-34ecb2d75fa4.jpg


    Bourjois eyeliner Убава црна боја , пигметиран , ама освен тоа ништо друго кога ке се исуши на капакот се троши , не може да се корегира или повеќе пати да се помине иста линија.

    Revolution eyeliner брзо се исуши 2 месеца го имав иако не го користев често , после 2 месеци не употребливо.
    Коректор Голден Росе не ми поокртиваше ништо , исто така eyeliner ок е за патување ништо посебно.
    Есенс маскара ништо посебно.
     
  19. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.467
    Пол:
    Женски
    За коректорот и ја потврдувам. Имаше период пред 3 години кога немав пари за козметика и го купив. Мислам кожата ми остаре и ми се упропасти. Страшно нешто. Не сакам ни да го погледнам у продавница.
     
  20. Macence2341

    Macence2341 Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2024
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Не би ги купила повторно овие производи
    Deborah мини кит не се пигментирани сенките само руменилото е топ
    IMG_20240808_234829.jpg
    Импала пудра,еднаш купив и повеќе никогаш,ми се лупеше лицето од неа
    IMG_20240808_234715.jpg
    Од Авон моливчето за очи,кремасто е ама многу брзо се брише,промаршени пари
    IMG_20240808_234616.jpg
    Парфемот на Антонио Бандерас.Многу го обожавав порано и посакав пак да го имам го купив,многу се разочарав ме гуши,тежок мие премногу го измениле
    IMG_20240808_234445.jpg
    Пудрата на Лукс Авон исто така никогаш повторно не би ја купила,ни покрива плус тоа со светки е
    sce3mxxtxawv.jpg