Тешко се растопува, едвај можеш да извадиш од производот внатре, не сум задоволна. И не ја вади толку лесно шминката како што некои други средства ми ја ваделе.
Производиве не ги постирам како анти реклама, повеќе како искуство бидејќи лично не ми помогнале. 1. Toboco collagen brightening gel eye cream Вака составот делува убаво, има некој многу суптилен мирис на лаванда ама ич не се осеќа тешко и не праи проблем. Многу е "лесна", за сува кожа како вода да ставам. Нема конзистеција и буквално како ништо да не сум ставила. Дури се осеќам позатегнато. А делот за осветлување благе везе нема. Мислам околу 800ден 30мл, што е исплатливо ако му се погоди на некого. 2. Hada Labor обичната хидратантна крема. Имаше многу позитивни искуства особено за сува кожа. Бидејќи штом температурара надвор отиде под 20° јас станувам Сахара во лицето. И оваа крема ја има таа видеата структура и конзистеција. Што за мојата кожа не помага. И кофа крема да ставам како ништо да не сум ставила. Инаку е 1300 за 50мл. Можеби за други е погодена ама ја не би давала пари пак
После испразнување на производиве можам да го заклучам следново: 1. Шампон Yves Rocher Anti Chute - Воопшто не сум задоволна. Го земав од препорака на продавачката во продавница дека неа и помогнал со постојано користење. Скоро месец дена го користам, нема некој посебен мирис откако ќе се нанесе на коса, не се задржува мирисот, ниту дава некаков волумен на косата, а можам да забележам дека два дена откако ќе ја измијам ми станува мрсна (што не се случувало претходно). Не забележав некаква измена во отпаѓањето на косата (може треба да се користи и повеќе) но не одговара за мојот тип на влакно. Дефинитивно не би го купила повторно. 2. Balea Лосион за тело од кокос Лосионот брзо упива но остава бела трага... Можам да забележам дека после краток период кожата ми станува ко воопшто да и немам ништо ставено.. Мирисот е онака ништо посебно.. Има далеку подобри лосиони овој 3. Алверде Лосион за тело од маслинки и алое вера Со еден збор полош лосион немам ставено на телото. Пред се кога ќе го ставам на мене ми мириса како стерилизирана болница Споро упива, дури и некако лепи после употреба... Тотален промашај 4. Балеа гел за нозе од шишарки Ми се појави проблем со испукани петици поради долго стоење во една иста положба. Го земав бидејќи е како сува кожа која и е потребно потхранување. Воопшто не ми помогна, има краток период чувство на ладење откако ќе се нанесе, но откако ќе упие исто како да ги немам намачкано со ништо Јас не би го купила гелот повторно
Мене повеќе ми помага розевата него оваа.Розевата е чудо и тешко се наоѓа,цело време ја земаат,со уреа е.
1.Овие производи од Нивеа ми се тотална утка. Кремот-хидратација 0, а шампоните многу ја сушат косата, никаков сјај не даваат.
Кремава на La Roche Posay. Иако е премногу фалена крема, кај мене немаше никаков ефект. Имав чувство како ништо да не мачкам, буквално немав никаква реакција.
Исто и оваа и онаа SENSITIVE џабе фрлени 1700ден ама ај бар се тешам дека мене не ми одговара на некој друг може ќе им се погодат кремиве..
Јас ја користев за сува и иритирана кожа и апсолутно никакво подобрување. Барем немав негативен ефект, кај некои и негативно делувала па се утешив дека можеше да биде и полошо.
Маскава за коса, ужас невиден. Има една многу густа структура едвај излегува од амбалажата. Кога ќе ставиш на коса само ја заплеткува дополнително и ја мрси ненормално. Од Тинекс ја земав 300 денари беше, еднаш и никогаш повеќе. Единствено позитивно е само што преубаво мириса. Ова што е на есенс не знам што функција има. Некоја гел маскара за трепки и веѓи (ајде за веѓи го зедов) ама буквално ништо не им прави на веѓите. Ги мокри малку веѓите и цел саат имаш чувство дека водичка имаш низ нив. Никаква функција. Не давајте за џабе 180 денари. И прајмеров на Есенс, со него имам love-hate relationship. Кога ставам на лицево и кога ќе почнам да го размачкувам почнува да "бега" некако од прсти и дополнителен проблем е и што ми прави како грутчиња по лицето, не се впива лесно и мака мачам рамномерно да го нанесам. Откако ќе го нанесам се осеќа лепливост, ужасна лепливост. Ама па откако ќе ставам после него течна пудра лицето стварно е стакло и дава таков заматувачки ефект. Чуден е многу.
Vichy Slow age дневната крема. Пече на очи, едвај чекав да ја дотрошам и на раце ставав за побрзо. Штета, ноќната е преубава.
Толку одвратен мирис на ацетон (?!) во козметика одамна не сум почувствувала. Кога ќе отвориш нијансата е далеку потемна од она што го гледаш на шишенцето и според етикетата. Не знам што има внатре што толку лошо мириса, ама дефинитивно не може да биде безбедно за лицето. Втор пат нанесов и ќе оди во канта.
Веројатно, ама сепак не треба да пече толку. Не е дека си ставав во очи, само од испарување ваљда или со потење, немам поим. Од истата линија има и ноќна крема: https://viafarm.mk/p/3888/vichy-slow-age-nokjna-nega-50ml
1. Шампон Garnier - Grow Strong Океј состојки, мириса прекрасно на прва ноо после ден ипол косата ја прави мрсна. Не дава никаков волумен, мирисот се губи после половина час. Едвај чекав да го потрошам, не би го купила повторно. 2. Маска за коса - Garnier Biotin hair grow Ова е една од полошите маски што ги имам користено до сега. Откако ќе се стави на коса нема никаков мирис, не ја омекнува косата и делува исто како да немам маска ставено. Едвај ја чешлам после тоа. Големо НЕ од моја страна. 3. Organic shop - mousse Претходно користев на Зиаја пилинг од јагода кој мирисот ми траеше и прв пат се заљубив во производ кој мириса на јагода. Па одлучив да го земам овој производ со надеж дека ќе биде исти или барем сличен на пилингот. Откако ќе се нанесе на кожа дава толку чуден (неубав) мирис, кожата лепи, не се упива добро. Дадов шанса повеќе од 7-8 мачкања секогаш исто. Дефинитивно не е производ за мојата кожа.
Benton крема за лице со алое и прополис- гел крема , ми ја понудија во coslovemetics да ја земам, ми рекоа дека е супер за масно лице и сл. Нема мирис, геласта е кремата ама густа , се впива веднаш и по некое време лицето ужас масно. Исто и не чувствувам дека негува. Катастрофа. Крема со спф 50 на La vie en Rose- кремата е пола силиконска, остава мат финиш што дури ми е шубе да ја користам. Чувството е чудно. Чувствувам дека не се впива останува како "маска" на лицето. Ќе ја искористам летото за тело. Organic shop спреј за тело- мирисот е супер иако не очекував така да мириса, мириса на мастики , повеќе на цреша ми мириса, нема ни ш од шеќерна волна. Воопшто не е траен, само 10 мин и толку. Ми кажа една членка тука на форумот, ама ајде сакав да го пробам Алверде коректор во вид на стик- Не е пигментиран воопшто, тврд за употреба.
Шампонов го купив по препорака. Помагал за опаѓање на косата. На мене не ми помогна, а и ме чешаше главата после секое миење.