Ги издолжува трепките ама многу ги слепува едни со други и со малку од производот остава многу на трепките, на ништо не личи. Плус испаѓа маскарата се рони. Многу скапо го земав ама само мирисот му вреди, на кожата ни 10 мин не трае.
Не знам што толку му го испофалија серумов, буквално ништо не прави, барем јас не гледам некоја разлика ни полошо ни подобро. Џабе фрлени околу 900 денари.
Џабе фрлени пари. Ме предупреди членката дека не вреди ама ај викам да пробам долго време ги меркам. Буквално никаква боја не дава, кога го ставам 20 мин. ме пецка устата, среќа што не е леплив многу, инаку ваква боја на устата дава проѕирна И покрај изгледани видеа инфлуенсерките лажат, никаква боја освен замена за некое сјајче кое се наога за 200 ден Истиот ефект го имав на Есенс само што имаше боја. Катастрофа. За трајност само не знам каков ќе биде, се изнервирав дека нема боја и одма го избришав , се надевам барем 1 час ќе постои
На самиот тестер се гледа нема никаква боја .. се надевам ќе го искористиш Мене моментално на есенс ми е омилено сјајче конкретно ова
На Есенс го имам баш тоа. Инаку пред 2,3 недели пробував на рака од тестерите, некои имаа минимална боја, некои ич, а денес во ДМ немаше ниту еден тестер не знам што ги прават. Ништо, пари се давало ќе се ,, шлакам" барем до маркет
1. Ланком маскарава не е ништо посебно. Дадов шанси макар да се засуши па после, ама нема ефект. Како вода да мачкам. 2. Моливчето на есенс може да го земе некој ако сака на болен начин да си го ископа окото или да добие рани. Потврдо нешто не сум осетила никогаш во живот. 3. Карминот мислам да ставам 5 слоја нема да се гледа ништо, ама затоа имам чувство дека имам бетон на уста. Толку е тежок како кармин.
Составот да ти бил лош, квалитетот уште полош сум користела на леа производи посебно тој за лице мало паковање што е и биле супер ама ова не го бива. Пишува дека е со mineral photostable filter protection, намерно ставам повеќе да има бели неразмачкани траги но брзо ги снемува (ваљда упиваат) ама ако дојде во допир со вода е катастрофа. Размазано, се брише, како да немаме никаква заштита. Тоа дека е со 30ка фактор не значи баш зашто сум користела многу пати 30ка и сум била позаштитена од сега. Редовно реаплицирам ама ова не го бива.
Јас оваа апликација ич не ја сфаќам сериозно , шампон за хидратација на коса земав, од после ми текна да проверам, се негативно на апликацијава а искрено истиот ми ја спаси косата ужас ми беше, така да...
шампон кој во составот содржи силикони (кои се сметаат за нездрава и неприродна состојка) го прават влакното измазнето,нас тоа ни се чини супер одлично ама не и на косата.
Мене овој фактор многу ми се свиѓаше, со физички филтри е, го немам составот пред мене ама единствено лошо во него памтам беа парабените и може да имаше уште една состојка. Не ме печеа очи од него, брзо се размачкуваше, оние природните од ДМ или Белина воопшто не ми се размачкуваа, и ме правеа цела бела, жолта или портокалова. Единствено, да, ми сметаше што во допир со вода одма се разлеваше и се бришеше и требаше одма да се нанесе пак. А кој е тој за лице мало пакување што го спомна, фактор е?
Оваа страна/апликација, оценките на производите ги базира на колку состојќите се “природни”. Така да, сѐ што е произведено во лабораторија, а не е директно од природно, односно растително потекло добива лоша оценка/рејтинг. Тоа воопшто нема смисла, ниту е поткрепено со научни докази… А според тоа, апликацијата има доста ограничена смисла…
Ама има разлика од силикон до силикон, во комбинација со арганово масло не се секогаш штетни и има разлика од шампон со силикон од 60ден и шампони од брендот марокианоил на пример.
овој е тој што го користев за лице Пред овој 30ка од леа за кој што зборев имав од дм санденс кидс 50ка фактор и многу подобар ми се покажа.
1. Nacomi vit C 15% Не сум задоволна од овој производ. Имам сува кожа, но откако ќе го нанесам серумот, лицето ми станува премногу лепливо и цело време сјае како да е мрсно. По неколку часа, кога ќе се вратам од работа, лицето ми има непријатен мирис – како на гума, што ми е навистина одбивно. Дополнително, ми ги отвора порите и изгледам уморно и неуредно. Дефинитивно не е за употреба во лето, а уште помалку би го купила повторно. Очекував многу повеќе. Иако не дека немам резултати, дефинитивно е добар серумот но многу повеќе негативности има. Едноставно не е за мојата кожа. 2. Балеа lpf50 На почетокот го користев после серумот на вит. Ц. Ми излегуваа парчиња како да ми се лупи лицето. Си викам ајде ќе останам подолг временски период да упие доволно и ќе ставам. Мислам да бев во Србија луѓето од Охрид ќе видеа колку свети лицето. Ем што свети, дава нијанса како да се имам испотено. Се обидов после без вит Ц, само факторот ќе го користам. Не ми упиваше доволно, ме потеше, не ми дишеше кожата. Не ми се допаѓа тој “сјај“ што го дава на лицето, ако се испотиш одма се растекува... Дефинитивно не би го земала повторно во лето. Можеби би бил подобар за во зима.
Garnier vitamin c 2in1 serum cream 20% Серум кремата на Гарниер. Ми се допаѓа многу што го остава лицето сјајно, не е премногу густа како крема но по 10 минути по нанесувањето сјаам, дефинитивно не го препорачувам за мрсна кожа. За сува е супер. Не е лош производ воопшто туку мене не ми одговара за жал.
јас вакво чуство имав од неколку креми на балеа. Веќе не користам. Од балеа само головите за чистење лице. Друго не.