Мене nacomi вит ц ми ги исчисти флеките на лице. Трето шишенце трошам. Го оставам да упеи добро па мачкам крема со фактор. Ама ја имам комбинирана кожа може и до тоа да е разликата
Камо ли рецензијава да ја видев порано. Го земав пред некој ден зошто сум во потрага по добар лосион од кокос, подобро да го оставев на равтов. Толку е одвратен, повише на хемикали отколку на кокос мириса. Тоа бело остава, не ми се ни упива во кожата. Подобро се покажа како крема за бричење.
Гелов за лице на Балеа. Сум користела други нивни гелови, океј биле ама овој тотален промашај. Пишува за комбинирана кожа, мене бетер ми е мрсна после миење. Ниту го осеќам измиено лицето, да не зборам колку е тежок мирисот, ко доместос ми смрди.
исто имам масна кожа користам 2ра туба по ред. Како не го открив порано. Како можи да ти е помрсно,многу убаво чисти посебно масно и испотено лице наутро. Е сега точно дека има и подобри ама ова е сосем одлично за цената
Кремов го купив оти беше доста фален по нетов, а ми требаше нешто за суви раце. Добро хидрира, но на задната страна на рацете ми прави привремено црвенило/иритација со чешање.
Цел интернет пишуваше за лосионов дека мирисал исто како Baccarat Rouge 540. Нема допирна точка со мирисот, мириса ептен кисело, како туршија, плус и многу тешко се впива и те остава леплива после тоа. А баш му се надевав дека ќе мириса барем слично на Бакарат, омилен парфем ми е.
Малена гел лак!!! Жив промашај, никако не се сушат, плус како ставав под лампа почнуваше да се гужва лакот. Така едно големо НЕ од мене.
Не знам еве мене не ми се погоди, може и лакот не беше во ред, зошто ламбата сигурно пече не се правам прв пат.
Никогаш повеќе не би фрлила 700+ денари на карминов. Не е воопшто траен, се прават ко грутки на устата и во средината е брзо избришан. Остава траги на чаши, сламки, а за таа цена очекував повеќе. Не ми е ни пријатен за носење. Плус и нијансата ја утнав, тоа си е моја грешка, едноставно многу ми е криво што фрлив толкава сума на кармин што ич не ми се допадна. Освен што убаво мириса. Имав прочитано од една членка тука дека не и се допаднале овие кармини, тогаш се премислив и не купив, не знам што ми текна да го купам на крај. Заштедете си пари и одминете ги карминиве. Мат кармините од Maybelline се поевтини, а сто пати потрајни и со поубав избор на нијанси.
Luxurious lashes extra volume my ass Ја нарачав од Fashion Group, очекував дека ќе биде во најмала рака добра ако не и одлична. Маскарава е толку сува, не дава никаков волумен, не се ни познава дека сум ставила ама воопшто... Тотална утка, не знам дали само мене вака ми се погоди. Ај баш ако некој друг ја има користено нека каже.
На време си ме прочитала. Јас верна сум обично на карминиве на Maybelline, не знам што ми текна да купам ваков, од секаде ми излегуваа реклами и си реков ајде да сменам. Сега ако прогуглам во 2 минути наоѓам реални ривјус дека и други истово мислење го имале, а на инстаграм секако 90% видеа се позитивни коментари зошто тоа е бизнис... Тешко е да не се падне на инфлуенсот од реклами некогаш колку и да пробуваме. https://www.reddit.com/r/IndianBeau...oreal_paris_infallible_matte_resistance_lazy/ тука пример реални искуства има, само ете требаше на време повеќе да разгледам.
јас имам два вакви кармини во различни нијанси мене ми се топ. Со саати не ми мрдаат и не се пресликуваат никаде. Апликаторот ми е преубав исто така..не ставам никакви подлоги под карминот..едино од бб кремот или пудрата ако фати ненамерно
@DoubleK Ау појма немам точно колку вати е од маникир.мк на инста ја нарачав имаше некоја понуда ламба и електрична мала турпија за 1200 ден нешто така беше. Отвори кај нив имаш доста избор. Мојава проста е со две опции па печеш една или две минути.
Ја купив оваа маска затоа што сум многу задоволна од една друга маска од истата марка. Не е добра.Ми ја суши косата. А баш оваа треба да одговара за мојот тип на коса. Никаков ефект. Како да не сум ставила маска. И таа со алое не е добра. Катастрофа. Два пати употребив. Ме чеша скалпот. И од толку чешање имав и црвенило.