Јас на инста гледав препораки и бев решена да ја купам ама кога видов дека има алкохол се откажав. Не знам зошто ја фалат дотолку, стварно е лош составот
Текстурата му е одлична, го чисти лицето како и секој друг гел, но за жал премногу ми го нафрла лицето со ситни бубулички, со денови не можев да го опоравам.
Паста во таблети без флуорид Они треба да мирисаат на свеж минт-ментол. Они не мирисаат на ништо. Они се толку гадни што нема шанси да дадам втора шанса. Ако некој ги сака-нека пише, ќе му ги испратам. Инаку отидоа у корпа.
Две пакувања потрошив од втората маска, ми ја расплеткуваше косата и полесно одеше чешлањето. Мирисот кој го дава се задржува и по сушењето, ја правеше мека,сјајна и мазна + бавно се мрсеше вообичаено. Ја користев во комбинација со шампон од глис кератин и немав проблем. Можеби “не се сака” со шампонот инаку е убава.
Серумите на Гарниер ми го упопастија лицето, куп пари дадов по друга козметика за да го вратам на рестарт пак, скин тинтот не знам може само мене не ми одговара, но некако жолтеникаво изгледа на лицето.
Rilastil sun system. Многу е масен и има интензивен мирис на алкохол. Не ми се допадна. Ebelin отстранувач на лак без ацетон. Многу тешко го вади лакот, по 10 пати поминувам за да извадам се. Balea washgel со алое вера. Го чисти лицето, но има многу лош мирис. Не би го купила повторно.
само тој rail sun го немам пробано ама другите 2 производи ми се сосем ок. Неколку пати ги прикупувам никогаш не ми се покажале да не одговараат
1. ББ крема Гарниер Иако имам темен тен мене ми е преетемна. Како паштета да имам ставено. 2. Гарниер шампоните Прв е со банана. Не знам зошто е хајпот толку голем, Мирисот е само убав, ми ја сплескуваше косата, ако немав маска беше хаос. Еднаш го земав и толку. Следно го земав од Папаја. Ниво подобар од бананата, но не би земала ниеден веќе од оваа марка. 3. НАЈЛОШ! Биотен део. Кога ќе прснеш се прави магла од прав, едвај дишеш. Никаква заштита, после одреден период дури се умирисуваш. Најлош до сега! 4. Let the good times roll го земав малото пакување во кое има гел за туширање, лосион за тело и спрејот. Единствено вреди само гелот за туширање. Лосионот мириса на прегорен шеќер, дури маж ми крена паника од кога се намачкав дека нешто гори. Кутриот бараше 10 мин што гори, додека не ми текна дека уствари за мене збори. Спрејот ми е најголемо разочарување до сега. Минатата година го пробав на тестер на ракавот на јакната. Мирисаше цел ходник цела недела. Од тука ми се јави љубопитноста дека морам да го купам, дека е преубав и траен. Спрејот се ветрее после час/час и половина, ептен ми е криво и како да не мириса како што мирисаше лани. Можеби се разликува малото од големите спрејови.
Го купив при препорака, не прави ништо посебно, не го освежува лицето. Многу ме печат очите од неа, 2 пати и дадов шанса, после тоа прочитав некаде дека имаат канцерогени материи и ја баталив. Добив црвенила на лицето. Повеќе немам што да кажам. Гарниер ме разочараа ептен.
Мицералната и мене ич не ми беше погодена,жива катастрофа... Се чудам што толку испадна ја користат на нет демек како најдобра ваква таква а за никаде е
Ја мислам платени реклами се. До сега куп незадоволства имаат од Гарниер, не знам каку уште вадат производи и продаваат.
порано поквалитетна им беше козметиката сега зошто вака крш не знам. дезодорансите на биотен општа катастрофа. Јас земав еден друг bioten clay беше и скрос исто како што опиша ти за овој. Никад више таков.