Јас го имам големото пакување од спрејот,исто е првиот пат мирис на благо на убаво вториот пат на прегорено ене го седи не знам што да му правам
И јас од Гарниер шампоните не сум задоволна. Примамливо изгледаат ама мене многу ми ја мрси косата. Се мислам на уште еден да дадам шанса..
@TammiB5 се согласувам за LTGTR Јас веќе ги потрошив (ми остана само лосионот) , спрејот нема врска со тој од септември 2023та година што го имав земено. Овој ми мириса на алкохол и не ми е траен како претходниот. Доколку не променат нешто , не би го купила пак. Останува Стики дејтс да го пробам спрејот.
Лореал шампон - не ми ја миеше косата, изгледаше исто како да не сум ја измила. Гарние гел за миење лице - не видов никаков бенефит нит некаква разлика. Мејбилин пудра - не одговара на мојот тип на кожа, лицето доста ми се исфрли од неа, а и од други имам слушано исто искуство. Есенс џуси бомб сјајчиња - преслатки се, многу убаво мирисаат, убаво изгледаат на усните, ама многу ми ги сушат усните. Како и да е, за 100 денари и не е некоја штета. Лабелото на нивеа - нема некоја посебна причина, освен што мислам дека не е ништо посебно за таа цена, прескапо е како за лабело и според мене не е подобро од тие на балеа или алверде за 60 денари. Викторија Сикрет Бомбшел спреј - стварно многу ги сакам спрејовите и лосионите на вс, повеќето преубаво мирисаат, ама, за жал, јас после пет минути не ги осеќам ни на алишта, а камоли на кожа. Повеќе ми траат оние на маноард од 400 ден. Сепак, ова се само мои искуства, не значи дека на друг нема да му одговараат производиве.
Искрено можно е, пошто мојава коса е малце проблематична, во смисла пребрзо се масти и ретко кој шампон ѝ одговара. Ама други барем ден, два ми ја држеле чиста, со овој исто како да не е миена. А го фалеа и други дека бил добар, не само шампонот, цела виолетова линија. Што знам што да кажам, сѐ зависи од коса до коса..
Balea гел за туширање со мирис на лубеница. Не знам ни зошто го купив. Секогаш паѓам на вакви лимитирани продукти, а не ни користам гелови, ама се полакомив по мирисот на лубеница - навистина прекрасно мириса, фантазија. Но, воопшто не пени. И самата формула му е ко слајм некако, воопшто не ми се допаѓа. Немам чувство дека ја чисти кожата добро, се чувствувам ко воопшто да не сум ставила средство на кожата и дефинитивно не би го купила никогаш повеќе.
Се излакомив, сите шампони им ги кушив со вакви мириси. Околу 60 ден беа. Искрено дур се бањав, уживав, ама во споредба со Фелче Азура, немаат врска овие. Мислам дека повеќе се како маркетиншки трик.
Oвој ист шампон и јас го имам користено во Германија,мене не ми одговора јако мириса дури глава ме боли од него.
Ова е гел за тело, не е наменето за туширање, туку тип на лосион, само геласта и немасна текстура, демек за во лето. Ист е како тој со алое, скроз исто пишува. Пробај по туширање нанеси го, види како ќе се покаже. Баш ме заинтересира сега и мене да го пробам.
Мајко мила. Стварно не ми текна да го изгуглам, ниту пак етикета прочитав, ама се мачевме и јас и гелот додека не го потрошив и многу ме фрустрираше. Ама многу е тешка формулата, не знам ни дали воопшто ќе успее да се впие некако кај мене. Плус слајмест е, тежок малку, не вајбам со ваква формула јас очигледно.
Со оглед на тоа што се мачев и го користев како гел за туширање, мирисот класика - не се задржува нешто многу на кожа. Вчера по муабетов собрав некои остатоци што можев да ископам од тубата, намачкав по раце и не се изгуби веднаш мирисот, може саат време се осеќаше. Ама сепак не ми се допаѓа. Остава како слој на кожата кога ќе се впие, а и сепак немам чувство дека се впива до крај. Чувството на допир беше исто ко да сум допрела селотејп што бил неколку пати одлепуван и залепуван. И во допир со вода, кожата стануваше како намачкана со слајм, леплива и лизгава. Ако сакаш мирис на лубеница е супер, баш е убав мирисот, ама ништо друго не ми се допаѓа.
100 пати поубави ми се од Балеа.Овие се огромни,ми сметаат додека ми се на лице.И мн паѓаат, постојано се лизгаат надоле.