Не очекував пастата да ми ги избели забите буквално, но не се приметува па никаква разлика. Единствено добро нешто е што го освежува здивот и ја неутрализира миризбата. Го зедов руменилото затоа што многу ми се допадна нијансата, но од друга страна многу се рони и кога ќе нанесам со четката на лицето излегува голема количина од производот која е тешко да се распореди рамномерно . Обичното лабело на Мелем е многу поубаво, ова не е воопшто хидратантно, а и грда боја остава која тешко се брише. Моливот за очи на Импала е многу лесен и прецизен за нанесување, но многу се размачкува отпосле, како зомби изгледам .
Чуството е како лицето да сум го миела со шампон за коса. Има и некој чуден грдичок мирис. Не ми се случило со други маслени чистачи, а имам користено различни (јер корејци нудат избор ). И течни и балм имам замано, ама ова не било случај. Пече на очи, иако на очи не го ставам (ретко користам шминка). Would not recommend, 2/5 реално.
Како може корејска козметика да има волку лош состав. Го купив демек 180 мл за помалку од 300 ама џабе парите. Има мирис на сапун кожата сува чкрипи. Ќе се искористи некако едвај ама никогаш веќе не го купувам