Само еден збор е доволен: ужас. Надолго и нашироко рецензија не вреди да се пишува. Сум видела и полоши креми, но не како оваа.
Sol de janeiro 68 спреј за тело. Не би го купила повторно. Не ми допаѓа мирисот и воопшто не трае. Многу нежен мирис, како ништо да немам ставено. Среќа ќе се потроши летово за секојдневно прскање. Алверде шампон за коса. Шампонот воопшто не пени, имам чувство како да не ја имам измиено косата. Пишува дека е за мрсна коса. Косата ми беше мрсна уште првиот ден по капењето.
Не разбирам зашто има толкава цена, не вреди воопшто. Освен што ми ја слепи и измрзи косата, друго ништо не прави. На Лореал спрејот ми е неспоредливо подобар, а која разлика во цена. Не сум сигурна што точно е ова, дали серум или млеко за коса. Би рекла серум, по текстурата. Случајно го купив дека пакувањето му беше мало и практично за патување. Не е лош производ воопшто, напротив, косата ми ја прави многу мека и лесна за чешлање, само што не ми се допаѓа мирисот и текстурата па не би го купила пак. Сакам парфимирани производи за коса, што мирисаат интензивно. Парфемов го купив со толкав ентузијазам, бев убедена дека ќе ми биде во омилени продукти, ама испадна разочарување и промашај. Мириса преубаво и преслатко, ама трајноста и проекцијата, очајни. За таа цена има многу подобри парфеми. Немам слики, ама секојдневните влошки на Libresse и Јеѕѕа Dm се катастрофа, воопшто не се издржливи и одма се одлепуваат. Ќе си се вратам на Sleepy од Зегин, не знам ни зашто ги сменив.
Знам дека за цената не треба да очекувам чуда, ама прелоша крема, ме потеше и ми го мрсеше лицето како ниту една друга крема, не би ја купила пак, еве ја си седи во шкафче не знам што да и правам.
Мачкај на петици и лакти, мислам дека за стапала ќе ја биде. И мене не ми се допадна. Ноќната е навистина добра, оваа другава за никаде е.
Се согласувам за супер милк. Буквално ми ја лепи косата и како да ми ја оштетува уште толку, не сфаќам.
Јас прво мислев дека не е до спрејот, пошто и природно ми е таква косата, склона кон побрзо мрсење ама откако сменив шампон малку ја доведов во ред, издржуваше чиста три дена. А со спрејов... ќе ја измиев, ќе прснев од него за да ја расчешлам нели и кога ќе ја исушев веќе мрсна и слепена, ко да не сум се измила. И тестирав следното миење, не ставив од спрејот и океј си беше, не се измрси. Така да дефинитивно е до него. Ужас, не ми се верува на што дадов 1100 денари. Преценети ми се Лаш општо, ама за спреј за расчешлување што ја мрси и лепи косата, таква цена е лудост. Нит па мирисот е нешто посебно колку што го хајпаат, ама ај тоа е ствар на вкус веќе.
Sol de janeiro 71 Ако можев минус 100 оцена ќе ставев. Катастрофа од мирис,не трае ни 5 минути , гледам да го потрошам и веќе ништо не купувам ќод оваа марка. Apivita bee sun safe Масло за коса, премногу ја мрси косата. Значи една капка ставам и косата ужас мрсна. Гледам да го користам пред да влезам во море , мислам колку толку ја штити косата. Не би го купила пак. А штета убави состојки има.
Прв пат користам шампон од Гарниер и искрено се разочарав, не одговара на мојата коса, ми изгледа како немиена, крута е, без волумен и без сјај. На исто рамниште го ставам со Палмолив. За поефтина цена има многу подобри шампони.
Овие два производа на Organic Mimi. Убавите амбалажи и хајпот околу нив ме натераа да ги купам. Супер е тоа што се природни и што не се скапи, поштувам природна козметика со убав состав ама луѓе.. гелов за туширање воопшто не пени и има многу ретка текстура. Не знам дали сите гелови им се вакви, ама овој е чист промашај за мене. Се осеќам како да сум се измила со вода, буквално течен сапун прави повеќе пена од ова. Нема ни некој убав мирис. Сакав да го земам Coco Splash ама го немаше и го земав овој од манго, очекував да мириса убаво. Јас сакам интензивни мириси. Пилингот за тело е скроз океј, супер си ја врши работата ама пак мирисот е многу лош. Пилинг би купила пак, ама со друг мирис. Овој никако.
За гелот потпишувам. Среќа не се залетав да земам повеќе одеднаш затоа што сите мирисаат преслатко. Ама да, - редок и не пени. Мирисот не се задржува. Јас го земав плавиот со кокос. Земав од истата линија и млеко за тело- не остава мирис. Нити па осеќаш хидрираност.