Јас лаванда боја гелот со смоква го земав, ок ми беше за пенење. До душа јас многу ставам па може има врска и тоа. Но ништо посебно не беше.
Го купив затоа што ми беше слатко паковањето дека розевко но не вреди ко да не се мачкам со 50 спф многу е водеста текстурата и не ми го штити лицето доволно затоа што ми стануваше црвено исто како кога немам ставено спф.
Шампонот Балеа Шампонот е во ред за цената што ја има. Ја прави мека косата, но е прилично „тежок“ шампон за мојата коса. После два дена косата ми е мрсна, што не е вообичаено кога ја мијам со други шампони. Следно сакам да пробам друг од оваа линија (plex care).
Ти се нафрлува лицето, почнува да те чеша и воедно имаш ужасно чувство како да те полазува инсект. Нагло ти менува кожата, буквално ти се перути, без разлика колку ја одржуваш. И да, тешко се ослободуваш од тие ситни брунчиња. Преценета крема, ништо повеќе.
Јас потпишувам исто за гелот, и јас го земав розовиот поради изгледот, се залетав, ама воопшто не пени и текстурата е баш така ретка. Убаво мириса меѓутоа само кога ќе излезам од купатило.
Знам дека многумина го фалат шампонов против опаѓање на Nerilex, но мене почна дупло повеќе да ми паѓа косата додека го користев