Производи од кои сте задоволни, а од кои не сте

Дискусија во 'Тело' започната од lily-prune, 10 јануари 2011.

  1. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    153
    Дали некогаш ви се случило да купите некој производ кој е многу скап, а сепак кога сте го испробале ве разочарал од ефектот кој сте го очекувале или пак сте купиле некое карминче за смешна сума а ве воодушевило повеке од оние скапите? Мислам дека нема ваква тема разлистував и дека овде може да споделиме од што сте задоволни, а од што не.Дали е некоја пудра,коректор,сенка или некоја крема,тоник за лице а со тоа може да помогнеме на некоја од нас при изборот на некоја козметика.Ако не е содветна оваа тема може слободно да ја заклучите.Поздрав.
     
    На marijabella и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  2. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    389
    Производи од кои сте задоволни, а од кои не сте.

    Од сенките на авон не сум задоволна, џабе си ги дадов парите. Премногу се суви, навистина не очекував таков квалитет, ама ај за памет.
     
    На marijabella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Производи од кои сте задоволни, а од кои не сте.

    Производите на Miss Sporty - пудрата и маскарата. И двете ми се вода.
    Ниту тоа е пудра, ниту маскарата личи на нешто. Сеедно што се евтини, за мене воопшто не се квалитетни.
    Кремата за лице за мрсна и комбинирана кожа од Гарние на база на билки воопшто не ми се допадна. :^)
    За некои 60-70 ден. ја имате бугарската Здраве, крем за проблематична кожа на кој може да му позавидат голем број други од позвучни брендови.
    Задоволна сум премногу од маскарата 3D на Голден Роуз и кармините од истата фирма.
    Цените се пристојни, а квалитетот е супер за тие пари.
    Задоволна сум од сенките на Карло ди Рома, може да ги пронајдете во Бјути Шоп.
    Од друга страна, не сум задоволна од сенките на Авон. Разочарана сосем.
    Руменилото на Гош е преубаво и вреди за секое денарче.
    Додатоци од типот на вештачки трепки и нокти би ве советувала да си ги купувате од пазар, зашто апсолутно нема некоја разлика со тие кои ги наплаќаат десетократно во парфимериите.
     
    На M.a.r.i.l.y.n, RedRose97, girl1985 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.998
    Од маскарата на Vision Oriflame,јас си закачив инфекција на очите,дерман не ми идеше.Затоа еден долг период јас не ги ни отворам нивните каталози со производи за осакатување,единствено им ги признавам тоалетните води,шминката им е катастрофа.

    Моливчето за очи (креон) од Golden Rose,од 17 год не сум го променила(не моливчето ами фирмата :D ) задоволна сум и тоа за ефтини пари.Секоја чест!
     
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    490
    Задоволна сум од кремата за стапалата од Авон. Има пријатен мирис и ми ги омекнува петите. Исто така сум задоволна од спрејот Gliss на Schwarzkopf, обавезно ставам од него на косата после миење. Ви ја препорачувам и течната пудра на Max Factor и сите производи на Nivea - од нив сум презадоволна!

    Баш пред некој ден џиткосав една крема за лице од Авон од мед и бадеми мислам дека беше. Толку многу тешко мириса, што не можев да ја поднесам кога ќе ја ставев. Другарка ми ми ја препорача и камената пудра на Catherine Arley, таа со две нијанси. Арно ама, таа да ти била со некакви светкавци и има некаков чуден состав. Погрда пудра амин. :worried:
     
  6. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.835
    Од маскарата Гош (со две бои што е) ич не сум задоволна, за една недела се суши, а белата маскара ми ги прави трепките како тесто и неможам никако да ги исчистам после.
    Задовона сум од тушот на Голден Роуз, а и маскарите не се лоши, освен водоотпорната, пошо е како вода и нема врска дека не остава црно.
    Тоник со години не користам, затоа што користам влажни марамчиња на Бекутан и сум презадоволна, а пудра задолжително Менхетен - антибактериска, таа највеќе ми одговара на кожата.
    Крема за лице користам Нивеа најобичната, а сенки и руменило строго од пазар.
    Исто морам да ги пофалам лентите за црнки на Нивеа...се живо вадат.
     
    На sonuvacka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.768
    Допаѓања:
    50.053
    Пол:
    Женски
    Ако ја спомнам пак ќе се изнервирам, ама мора да ве предупредам: Ова сра*е ме уништи:
    [​IMG]
    Кoжата ми се направи цела со суви дамки, како лишаи. Веднаш престанав да ја користам, но уште не можам да ја опоравам кожата од штетата. Па и да не ми направеше така на лицево - кремов не дава здрав сјај како што пишува на него, туку има СВЕТКИ внатре. Големи грозни светки што можеби би биле добри само на совршена кожа без никаква мана. Најлошо изгледа делот под носот откако ќе се намачка - како измрсулавена. :puke:
    Пу бре. :@

    Пред извесен период почнав да ја користам оваа крема за околу очи:
    [​IMG], презадоволна сум.
    Кремот за туширање: [​IMG] не мириса убаво (како обичен сапун), но тоа е зашто е поприроден од другите. Кожата после туширање ми беше неверојатно мека и нежна, дури и млеко за тело не нанесував додека го користев. Сега планирам да ја порачам и кремата за лице, има многу задоволни жени што ја користат, па ќе ја пробам.

    Омилена маскара ми е [​IMG] - едноставно не се споредува со ништо. Се почастив со неа за дипломска и единствена лоша работа е што е многу скапа за маскара (зашто побрзо се фрлаат), па не можам пак да си ја купам. ;(

    Од козметиката на Zepter сум најзадоволна, и таа козметика е незаменлива. Шминка има поубава, но препаративна козметика не. Само се многу лошо организирани и еднаш ги чекав повеќе од месец за да ми ја пуштат порачката од Скопје, па и од нив се откажав, но не можам да ги преболам.
    Пак ќе се навратам на темава.

    Едит: Тренди, баш ме интересира како си задоволна од тие сапунчињата со сунѓерче на Рефан. Може едно излагање? (да знам дали да земам)
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Убави се. ;)
    Баш сакав да ги пишам, цената е околу 60-70 ден. претпоставувам зборуваме за истите, со сунѓерче на нив.
    Се прави пилинг на кожата, ја омекнува на грубите делови и убаво мирисаат.
    Целата бања ми мириса од нив. :lol:
    Мислев дека брзо ќе се потроши, ама еве скоро три недели како го имам и при крај е, дури сега.
    Ќе пробам некој друг мирис и ќе пишам пак.
    Задоволна сум. :)
     
    На girl1985, Bozica1980 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.772
    Општо не сум задоволна од повеќето од производите на L'Oréal, дали мене не ми се погодиле или што е работава, не знам.
    Почнувајќи од Елзев шампоните кои тотално ми ја упропастија кожата на главата едно време, со красти и други гадотии. Потоа исто маскарите им се ужас, ми ги исполепија трепките, се сушат премногу брзо. Па и нивните креми за лице. А јас имам сува и чуствителна кожа, по се изгледа не се правени за мојата кожа.
    Единствено нешто што е добро од нив се фарбите за коса, со нив сум презадоволна, се друго ми е за во канта. Ако треба да му верувам на нивниот слоган Parce que vous le valez bien отидов со самодоверба ако треба толку „многу“ да вредам :)

    Верна сум и на Нивеа - креми за лице, тоник и млеко за чистење на лицето и најновата серија на Angel star која ми е едноставно прекрасна и мириса како пролет и лето во едно.

    Задоволна сум со Bourjois геловите за туширање. Gosh сенките се незаменливи. И кога сум кај маскарите тука сум многу деликатна, нема маскара која ја немам испробано ама ништо не е така добро како Diorshow, Chanel Inimitable и секако Lancome Hypnose. Скапи се ама издржуваат долго и што е најбитно, убави ми ги прават трепките и не ми ги слепуваат.

    Исто за коса си најдов на интернет интересни производи од Tigi и премногу сум задоволна. За виткана коса ми одговара.
    [​IMG]

    И за крај најдобра марка за мене е Бекутанот! Класика си е класика :)
     
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.679
    Пол:
    Женски
    Па , еве ќе почнам со оние производи кои сум ги користела последниов период, да не биде многу долг постов.
    Јаде прво со гелот за туширање, путерот за тело и кремата за лице од Ziaja од какао. Не можам да ви објаснам колку сум задоволна од сите три, комплет. Преубави ми се, преубаво негуваат и преубаво мирисаат.
    [​IMG]

    Исто како и Трендафилка и јас ги сакам сенките од CarloDiRoma, се покажаа и повеќе од одлични за тие пари. СУпер се единечните, но и оние кои се како 4 во едно. Други призводи од Beauty Shop, кои ми се супер, се козметичките производи на Pure. Малку поскапи ама одлични.
    Во последно време таму си пазарувам козметка, од причина што Avon ми се покажаа како очајно неквалитетни и шкарт.
    Добри се и маските и пилинзите за лице од Zepter.
    За коса ми се одговараат сите производи од Schwarzkopf, а генерално не сум задоволна од производите за коса од Nivea.


    Патем, сакам да го пробам тоа кремчето Здраве. Во последно време кожата ми е помрсна од порано. Можам да го најдам во сите аптеки, така? :wasntme:
     
  11. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    153
    Јас не сум задоволна од сенките и римелите на авон ми солзат очите од нив и затоа ги користам само спрејовите и лосионите за тело, а и страв ми е да порачам од оние креми и пудри бидејки не знам какви се се знае само испробани работи нивеа.Дове и Бекутан.Инаку од пудрите Катрин Арлеу воопшто не ми се допаѓа севентин исто така по неколку саати светнувам од неа значи само за сува кожа е,креоните на Голден Роус ми се разлеват на очите и римелите многу брзо се сушат.Од пудра само на дебора ми е погодена колор копи за комбинирана кожа и камената што е од дебора која е на база на минерали.Ја купив и онаа што е црвената опаковка ла циприа онака да ја пробам ок е ама за помалку време не издржува на лицето.А морам да го пофалам креончето на бруклин стварно е убаво и е евтино а има ефект како поскапите.Сенките на Руби Роусе се прекрасни имат убави нијанси мене ми траат цела вечер маскарите на Маубелине колосалките се убави како и кармините на Голден Роусе ги имам во повеке нијанси во сива опаковка се имат преголем избор и не се многу суви а и лаковите им се супер трајни се.Од лосионите на Фелче Азура розевиот,од авон оној од цреши и ванила како и млекото на бекутан и пудрата за тело.Од дезодорансите на нивеа се убави додека рексоната остава бело на блузите.Сега се мислам да си земам од гарниер млеко и тоник за чистење за комбинирана кожа што се дали некој ги користи за да знам дали се добри, ако не да разгледам некои други, може предлог?
     
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.768
    Допаѓања:
    50.053
    Пол:
    Женски
    Од оваа палета од Бјути Шоп (Карло ди Рома Пјур)
    [​IMG]
    ми се прави нешто чудно на капаците од очите. Како суво, како топче... Сигурна сум дека е од нив, зашто се случува баш откако ќе ги користам. Веќе не планирам да ризикувам. А инаку се одлични, да не ми правеа проблем постојано ќе ги користев.
    А исто и тушот од Пјур го имав, за него сум сигурна дека беше со поминат рок, зашто ме чешаа очите, и не се нанесуваше добро, како да се распаѓаше.
     
  13. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.539
    Јас го имав :) Сум купувала милион скапи кремови за проблематична кожа, а така ми стојат дома.Стварно е супер кремчето.Мислам дека тешко ќе го најдеш низ аптеките, го има во поголемите маркети :)
    Го потрошив Здраве неодамна, па го земав сега ова кремче исто на Арома и супер ми е сега за сега :)
    [​IMG]
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Карина овој крем го користиш за целото лице?Го имам дома ама го употребуваме за херпеси такви ствари..

    Инаку да одговорам на темава. Не сум задоволна од лосионите на Авон, некако мн ми се водести и воопшто не ја омекнуваат кожата, сто пати подобар ми е оној плавиот лосион од Кам маркет.. :D
    Друго, не сум задоволна од Gordani gold пудрата, ич не покрива, а маскарата исто Gordani gold мн ми е убава. Задоволна сум од Кетрин Арли камената пудра,ама не таа со две нијанси што е, единствено нешто од козметика што купувам на пазар, и вреди. Толку сега за сега ..
     
  15. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.882
    Oд Nivea никако не сум задоволна,освен кремот во сино пакување,оригиналиот,сите дома сигурно го имате :D шампониве |( ревлон лакови-брзо се лупат+скапи се :swear: задоволна сум од
     
  16. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.539
    За цело лице го користам, како ноќен крем.Пишува дека е крема за пице на декларацијата, а многу помага за проблематична кожа.За преку ден не ставам, тешко се размачкува и малку бело ми е лицето како дух сум :lol: Ама пред спиење на чисто лице обавезно нанесувам и многу сум задоволна :)

    Задоволна сум и од Genera маската за коса, многу е ефтина а според мене доста ефикасно делува.Задоволна сум и од Џордани маскарата , сапунот Асодерм, Клиндамицин лосионот и гелот..

    Не сум задоволна од сенките на Авон и мене ми се некако многу суви :?: , исто не сум задоволна перлите за лице на Авон, оние бронзени ..ептен кафеави ми се некако |(

    Да ве прашам како сте задоволни од сјаевите за уста на CarloDiRoma ? Сакам да си земам, и ако знаете отприлика што цена се :?:
     
  17. sea-star

    sea-star Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    4
    не сум задоволна од пан стикот на максфактор многу жалам што си ги фрлив парите без веза а делува како ефтин коректор.задоволна сум од многу други производи за кои ќе спомнам во некој од наредните постови :@ чекам да ми помине лутината од пан стикот :@ :@ :@ :@
     
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.568
    Огромно незадоволство за:
    -пудрите на seventeen.. исто како да не си ставил на тебе
    -пудрите на avon во црна паковка..мошне ефтини.. И НЕКВАЛИТЕТНИ

    и задоволствата одат кај..
    -[​IMG] во комбинација со[​IMG]
    -[​IMG] прекрасна
    како и [​IMG],aма таа првата е многу подобра :)
     
  19. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    490
    Многу сум задоволна од овој производ на Авон
    [​IMG]
    Го земав на зафрканција бидејќи беше 99 денари а 200 мл, ама се покажа како многу убав. 3 во 1 е - гел за чистење, тоник и лосион. Се става на влажно лице, се прави пена и се плакне. Многу ми е убава кожата после тоа, ептен ме изненади.
     
    На Tinushka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.417
    Не сум задоволна од производите на Нивеа за коса....за тело да, ама за коса воопшто....Презадоволна сум од маската за коса на Гарниер и општо производите за коса од оваа фирма, од тие за лице не баш...Авон воопшто не сум задоволна, орифлејм исто така, освен едно масло за нокти кое ми овозможи да имам убави нокти и покрај тоа што цел живот ги грицкав, за тело од млеката на в.сикрет премногу сум задовола, само да беа поефтинки.
    Лореал сум задоволна од препаративната козметика, посебно кремите трипл актив, а не сум од декоративната, мислам ок е, ама не за тие пари.........
    Многу многу сум задоволна од сјаевите за уста на гош, исто и маскарата на гош со зелено капаче, преубава за тие парички.........а да, и од производите на зијаја и коластина се што користев се беше добро................