:up: многу сум задоволна од овој лосион а и млекото од истата фирма е супер, за некои 140 денари а 500мл е повеќе од супер, убава и мека ја прави кожата а има освежувачки мирис.
Презадоволна сум од Гарниер Пјур ... Тоа шо е како со пумпа.. Значи преубаво е за акни за една недела ми ги снема 80 % .. Не е можно колку е добра кремава .. Ццццц
Девојки да ве прашам колку сте задоволни од овие креми за депилирање, дали се ретчат влакната на нозе?
Савана задоволна сум да, за ретчење - не сум забележала да ти кажам, ама мислам дека не влијае на тоа. Но кремиве во последно време откако многу им ги покачија цените ги користам само за раце. За нозе не ја препорачувам бидејќи за неколку дена пак се појавуваат влакненца. Не е како на рекламата, многу побрзо растат
Со крема неможе да се изретчат влакнаата .. Единствено шо може да се изретчад е ВАЃАЊе ОД КОРЕН влАКНАТА ... Значи депилирање...
Задоволна сум од овие производи. Спојлер И производ од кој не сум задоволна е Wash&Go од коприва. Не можам слика да најдам.
Тоа е нешто како пилинг, лосион за чистење или нешто стриктно за акни? Колку чини?? Мене понекогаш ми се мрси лицето па сакам да употребувам пилинг барем еднаш неделно Инаку јас сум задоволна од решив да го сменам малце total repair, ама искрено исто ми се добри и двата. Исто така сум задоволна од ми го прави мазно лицето и немам толку иритации од кога ја ставам иии за крај ептен сум задоволна од ама темно розевото не можев да најдам слика, ептен убаво мириса и многу убаво сјајче остава, а и омекнува
Пак ќе ги испофалам Гарние Пјур Актив Не сум дистрибутер на производиве ))) (иако радо би сакала да ги имам сите, пошто се прекрасни!). Гелот за лице, ролонот за бубуљици, кремот! Се`! Прекрасни се! Се заљубив! А и не се многу скапи, цените на скоро сите производи се движат од околу 200-250-300. Ама навистина нема да зажалите од нив. Барем досега, на кој и да сум ги препорачала (дури и брат ми ги користи, а тој има екстремно проблематична кожа), на еден куп луѓе со различен тип на кожа, им се погодени и сеуште ги користат.
А за производ од кој ВООПШТО не сум задоволна, тоа е оваа глупава маскара, која на никој не би му ја препорачала и која е погрда и од некоја што сум ја користела кога бев 8мо одделение и немав пари друга да си купам, па користев Cathrine Arley. Чиста катастрофа. Исто така, не можам, а да не ја искоментирам со најлоши можни зборови маската за коса на глис, значи шампонот и регенераторот се прекрасни ( ) ама маскава е чист промашај на колекцијата (според мене, нормално). Незнам дали сите маски се вакви, гледав во темава некои од другите бои се фалени, ама конкретно од жолтава, јас сум преНЕзадоволна!
Производите од кои сум незадоволна ги има еден тон. За жал секојдневно се среќаваме со производи на кои сме фрлиле пари , не играчка, а само јако сме се зафркнале. Ќе издвојам само некои од кои не сум воопшто задоволна: 1. Голден Роуз кармините, премногу суви и неквалитетни 2. Цела линија за нега на нокти од Орифјлем. Впрочем ретко кој производ ми се допаднал од оваа марка. 3. Четките за лице од авон и орифлејм. залудно потрошени пари 4. Руменилата на Гош 5. Производите за лице од нивеа За разлика од овие, производи пред кои клекнувам се )) : 1. Лореал - Елсив жолт шампон, за сува и оштетена коса 2. Маската со матичен млеч од Орзен, исто за сува коса 3. Би Кул - путер за тело - прекрасен путер, не остава масни траги и ја прави кожата неверојатно мека и навлажнета. 4. СИТЕ, ама буквално СИТЕ производи за нега на коса од KEUNE. 5. Млеко за тело со какао путер, од Вазелин, што за жал го нема кај нас. 5. Max Factor маскара со 2000 калории ( со закривено четче ) http://images.gittigidiyor.com/2271/Max ... 5226_0.jpg и за крај, да не гњавам многу, кремите за лице од Колин. http://www.hairporium.co.uk/siteimages/collin.jpg
Од пудруте на менхетен сум многу задоволна, течната е многу добра за комбинирана кожа А моливчињава на флор мар многу брзо се размачкуваат
На форумов прочитав дека косата еден час пред фарбање е препорачливо да се намачка со чичково масло и да отстои. Така и направив и се заљубив во маслово. Мириса преубаво, косата е мека и сјајна, но не е мрсна, преубаво, некои 70 ден. евтинија, а квалитетот е беспрекорен. Си ги мачкам и ноктите, т.е. за омекнување на кутикулите и немам зборови колку е само убаво.
И јас како и некоја форумџика погоре, НЕзадоволна сум од производите за лице од Нивеа , конкретно кремата Нивеа Софт- . Лицево за нигде ми го направи , буквално за нигде . Морав да сменам па ја земав на Лореал - ми го доведе во ред лицето за еден ден . Значи од оваа крема сум презадоволна . Исто сум задоволна од- кожата ми ја прави како на бебе . Повеќе треба за да се впие ама супер е стварно
Ова на мокра коса? Колку? И колку да стои? Најубавата крема за раце евр! Прекрасно мириса, точно колку што сакам густо/мрсно, одма впива и омекнува у минута. Лудница од сјај, не мрда со саати. Дискретно сјајче, па и течен кармин нека е, не лампионско, женствено упм, не се излева, не лепи, и трае, и трае... Подобра неам пробано. Волумен, должина, густина... Оваа глупост е поклон од Фри Шоп и ја игнорирав до пред некоја недела, дури не шизев низ дома една вечер на битна забава требаше да идам а не знаев како да се средам, отворив чудово и баш, чудо се деси. Неам зборови да опишам колку се добри и сенките и ружот и карминчето. Четките се перфектни, и шо е најубавото, кога се вратив немаше мрднато ништо од шминката. Ова е од мајка крадено, сакам да се шлапам со црвен кармин, мнооогу е убав. Незадоволна, Нивеа. Освен за заштита од сонце кремите, нив традиционално секоја година си ги користам и ролонот. Голден Роус, преубава маскара и лакови, кармин и руменило катастрофа. Гарние, розовото млеко за тело вадење, кондурите си ги чистам со тоа шо ми остана, прелошо е. Од Орифлеим феноменално си најдов поевтино, гланц ми е фацата.
Не сум задоволна од новата Nivea invisible for black and white Црното си останува црно? ааааахам да нека дојдат да ми ја видат само мојата црна маичка дали нема бело на неа од спрејот ! Да знам кај можам да го рекламирам ќе го рекламирам без око да ми трепне! Не ми е за 140 ден, ме иритира што лажат!
Незадоволна сум од гарние антиперспирантите,демек со кристали со 48 часовна заштита.Не би очекувала 48 часа сигурно,ама барем 4-5 часа?!И тоа мирисот е грозен.Самиот мириса на пот...ни просторија со него не можам да освежам од што е грозен.
Женски за ова зборувате? Јас влегов во темава да го пофалам, многу сум задоволна. Ми држи подолго од другите, баш пријатно сум изненадена и многу свежо ми мириса, а мирисот трае
Овој...бљак!А не спаѓам во категорија смрдливци со силна миризба на потта,напротив...ама антиперспирантов...поужасен нема!Рексона ми е незаменлива,точка.По стоти пат го донесувам заклучоков.И лејди спид стик тука го видов,се полакомив,ич не ми прави мерак и фа и нивеа...цк,рексона ми е неприкосновена.
Јас сум презадоволна од новите ролончиња на Нивеа, поточно оние Invisible, мене лично долго ми држи суво, сега не се 48 часа ама доволно долго околу 4-5 часа.
Како го ставате и каде, само на врвовите? Јас си ставив на рака и после на долниот дел од коса и ми го измрсува делот како да ставам зејтин А не претерав количински. Си знам ставам слично она од авон за врвови, тоа ич не мрси, а ова ич мене не ми се свиѓа. Дали не знам да ставам, дали е до косата... Затоа и прашувам како ставате А јас мора да кажам дека ги обожавам сапунчињата на Дове, сите од прво до последно, преубави се, единствените сапунчиња кои не ја сушат кожата.