Бадемово масло за на коса шлапање, пред миење. Пар саата го оставив, измив со шампон, меко, свилено, сјајно... Је. И сјајчето, прејако е! Сеа во Космо се намалени овие баш, многу е убаво.
Најзадоволна од: Black Up - целата колекција, и за пред сончање и за по сончање. Мислам дека ги користам цел живот, секое лето... Мирисот го обожавам, ме потсетува на песок, вода, плажа, сонце.... Милина...
Јас сеа за сеа од Loreal производите сум ептен задоволна некако ми се погодија, пудрата Infallible 16h ептен ми одговара веке три години ја користам,а исто така и elseve шампоните ми одговараат
Значи се заљубив! Да знаев дека толку јако мирисаат bubble bath производите на Авон, одамна ќе почнев да ги користам. Не ми се верува дека сеуште мирисам на јоргован, а се избањав пред повеќе од 5 саати
Од верен користувач на Рексона, преминав на Лејди Спид Стик... онака, да пробам нешто ново. Дефинитивно најлошиот избор. -.- Воопшто не сум задоволна. Ни од течната пудра на голден не сум задоволна, ништо не покрива.
-многу задоволна, бидејќи имам долги трепки, совршена е за денски изглед, природно и ненападно, плу издолжува дополнително, само не би ја препорачала за ретки трепавици. -незнам како собрав пари за оваа, битно е страшно добра, ама само за навечер. Густина и должина, се у пакет. -Во ред маскара, само брзо се суши. -За мене незаменлива пудра, не прекрива многу, само го изедначува тенот, погодена за преку ден. -Ништо посебно, траат многу кратко, башка, спрејов има мирис кога ќе прснеш вака во воздук, на спреј против комарци, мава до живец. Одвратно.
Омилена маскара ми е - едноставно не се споредува со ништо. Се почастив со неа за дипломска и единствена лоша работа е што е многу скапа за маскара (зашто побрзо се фрлаат), па не можам пак да си ја купам. Сите производи од диор се незаменливи, особено маскарите и пудрите Презадоволна сум од овaj лосион
Задоволна сум од - ја користам веќе неколку години, супер ми е - пре пре презадоволна - сите млека за тела на викториас сикрет Не сум задоволна од повеќето производи на авон од неколку маскари од Авон, сјајот за "испакнати" усни, од перлите ...
Еднаш се излажав и купив вакво Спојлер срање и никогаш повеќе. 2000 calories, мај ес. Затоа си купив Brooklyn маскара, 7-8 пати поефтина, и милион пати подобра. (нема слика на нет)
:up: :up: :up: :up: Од catherine arley ги користам и течната и камената пудра,презадоволна сум имам ваков но кафеав :up: исто така и од Golden Rose маскарата сум задоволна Не сум задоволна од овој шампон,убава и бујна ми ја правеше косата и не ми се мрсеше брзо,но ми направи премногу првут и неможам никако да го отсртанам,ептен ми ја сушеше кожата на косава own:
По препорака на другарка ми почнав да користам МАШКА шаума ама сум презадоволна... Од Елдена млекото за тело исто така сум задоволна, единствено миризбата е малку грдичка, ама исчезнува за брзо време
за да не биде дека фалиме само странски производи еве и нешто македонско НАШЕ од кое сум задоволна.. во замена за улје за сончање, за последните денови од одморот за топ црна боја.. единствениот сапун кој не ми ги суши рацете а и можам да го користам во кризни ситуции кога немам гел за туширање дома супер за сува кожа Спојлер е ова не се става на тело ама кога сум на одмор (надвор од македонија) секогаш го ставам во куферот како производ без кој неможам .... ако сте на страна и ако на плажа некој јадел стоби флипс -знаете јас сум
Не сум задоволна од сите шампони на Шаума. Од ваквиот детски закачив првут многу одамна и никако не можев да го елиминирам. Цела среќа што го открив Dove. Го имам користено и шампонот за сјај на кафена коса од Шаума, ама и тој не го бива. Значи Шаума како и Нивеа имаат катастрофална колекција на шампони за коса
Пофалби за Авон за моливчето за очи, го имам веќе 1 година - многу малку ставам - и е супер. Пофалба 2 за Голден Роуз тушот, многу мераклиски и лесен за ставање.