задоволна сум од дезодорансот и парфемот во цврста состојба на Lasoy Спојлер за жал ги нема на фотографијава
Задоволна од се што се вика Мах Фактор и Лореал....Дав..фантазија е се, рексона за под пазуви...Најновата лореал маскара 4д мноооогу добра и таа на мах розевата А ниве шампон на глава да ставам, или крема..нема шанса. Катастрофа
Ако си решила на жешково да ги пробуваш, си згрешила, премногу е топло за нив. Кога ги ставаш на лицето, само еднаш помини со прстот по лентата, да се залепат влакната и веднаш влечи, не чекај многу, инаку цел восок на лице ќе ти остане. Јас од лентиве со брусница сум презадоволна. Инаку...овој лосион ми е ТОП! за мојата кожа е сон!
Антибактериски гел за суво миење на раце од Рефан (карипски лимончич). На препорака од една драгољубива феминка. Одличен.
Зашо ја колекцијава не ја знаев, не можам да си опростам. Преубави се сите три, имам пилингот за тело, и крем за тело за после бањање, уште гелот ми фали. Препрепреубави! Ооодлична! Убајни. Свежо, пролетно(...), лесно, нежно. И оние силиконските капки за коса Cristali Liquidi, лила. Не можам да најдам слика.
Маскарите на Авон се за никаде,многу се суви а најзадоволна сум од пудрата на Лореал ,супер покрива ♥ ама ми се потроши
Задоволна сум од оригиналната павловичева маст,навечер пред да спијам го мачкам лицето со неа,утредента лицето е мазно,меко дури и помага при лекувањето на некои брунчиња. исто сум задоволна од ролонот на гарние против потење Mineral deodorant ultra dry anti-white marks задоволна сум и од влажните марамици за бебиња на Doctor's со екстракт од Алое Вера,Овес,Бадем,Камилица и провитамин Б,јас ги користам за отстранување на шминката и влажните марамици на Бекутан посебно тие со камилица се одлични
Hе сум задоволна од маскава од планет спа маслиново масло како рамрсуљавена ми е,едвај ја дочистив и не осетив никаков ефект а задоволна сум од балсамчево од Pефан,многу нежни ми ги прави усните
Задоволна сум од оваа маскара на Golden Rose. Ефтина, а ме изненади и четкичката е супер: ... Не сум задоволна од Syoss шампонот за сува коса..Првите две три миења добра ми беше косава, после ко тесто ја правеше..
Мене пак лабелото на Nivea Angel star воопшто не ми се допаѓа. Како мртовец сум, и воопшто не ги навлажнува усните. Стои неколку месеци, никако не можам да го потрошам, ни за дома не ми се става Задоволна сум од колекцијата Young Derm од Алкалоид. Ги користам лосионот и синиот крем, и двата се по околу 70 денари мислам. Секојдневно ги употребувам, одлични се за справување со мозолчињата :up: