ПРезадоволна сум од и преубаво е, посебно за шминка вадење (тоа на форумов прочитав). А се разочарав од катастрофа, кога сум препотена не мирисам толку лошо како него, и П нема од анти препирант И пудрава, не ми одговара воопшто не знам како кога ја купував убава ми е виде.
Воопшто не сум задоволна од лаковите на „Мода“.Се лупат многу брзо, многу густи се... Презадоволна сум од ,,Pacific Gabini".50 ден. две лакчиња во сите бои си изнакупив.
Не сум задоволна ни од шампонот на Нивеа (дава мекост и сјај но не волумен) Ни од дезодорансот... сепак Рексона ми е подобра.
јас ваков купив за лице ама баш не сум воодушевена ми го затегнува лицето а и не го чисти нешто посебно, повторно имав бубулици во оние црвени денови.
Јас ја иман на Виши и преубаваааааа ееееееее........ја освежува навистина кожата.Сега ја имам на Авен и добра е задоволна сум,али претходната беше подобра според мене.
Во последно време најзадоволна сум од лаковите за нокти на Габрини. Се изнакупив. Најразочарана сум од парфемот Ј'apadore, го имате многу наведено во парфеми кои најлошо мирисаат. Ај мене на почетокот ми се допаѓаше, сега кога ќе го помирисам посебно од сабајле така ненајадена со празен желудник, имам нагони на повраќање.
Дефинитивно нешто најубаво кое и се случило на мојата коса! Маската е за фарбана коса, содржи екстракти од брусница и мириса преубаво! Сум пробала навистина голем број на производи од ваков тип, со оглед на тоа дека влакното на мојата коса е тенко и лесно пука, но од ова сум презадоволна и не го менувам за ништо. Поинаква е од другите маски бидејќи е многу погуста и доволна е мала количина за да се нанесе на целата коса. Мирисот и е навистина долготраен и преубав, а косата ја прави многу нежна и мека. Освен тоа и не е многу скапа, 1000ml чинат 500 ден.
Најдобриот дезодоранс што сум го користела. Си ја врши работата. Помалку се потам, нема бели траги, долго се задржува мирисот, а и за мирисот само пофалби имам.
Течен сапун Palmolive Fruit Essentials - десниот препрепреубаво ми мириса, и дури кога ке излезам од купатило и пак ке се вратам го осекам мирисот, ама онака многу.. мириса свежо, така поинтензивно, овошно. Го обожавам. Само што го завршив него. Вчера го почнав другиот од истиот тип - од грејфрут - левиот Слично мириса, одвај се забележува разлика но е исто така прекрасен. Иако следен пат би го земала повторно, но црвениот.. мислам дека тој малку појакичко мириса..
Презадоволна сум, посебно од неговата трајност, а за веќе докажаниот мирис не коментирам. По се' изгледа не ми одговараше ама баш воопшто - не е толку мрсен на прв поглед, ама и те како ми ја мрсеше кожата (посебно во критичните зони). own:
Задоволна сум од: Кремата за тело и гелот за туширање од мед и млеко, мирисаат преубаво Стик гелот против потење Крема за раце, ја прави кожата мазна и мирисот трае подолго Маскара, совршена за моите долги, но ретки трепки
презадоволна од кремот за лице на лореал, го користам веќе 3 месеци.. брзо се впива, и ми ја прави кожата мека и нежна.. (штета само што е премногу мал за таа цена, за 2 недели го трошам ) незадоволна од кремот за раце на DOVE.. ужас.. една недела кај што го имам купено и вода се направи внатре, плус кога ставам осеќам мало пецкање..
ги купив во комплет за 158 денари и задоволна сум, пилингот е убав, нежен и со пријатен мирис, ја измазнува кожата навистина а во комбинација со суфлето има долготраен мирис, цела соба ми мириса на море.
Многу сум задоволна од кремава за раце. Ефтина е, 40 и нешто денари беше, веднаш се впива во кожата и преубаво мириса.
Avon Super Shock Mascara Jа даваа со списанието бесплатно и си ја зедов,за без пари убава е-мислам како за секој ден Maybeline One by one mascara Jа купив во Oхрид набрзина зашто ми требаше маскара,и ефтинка беше 300 денари,не знам зашто на почетокот не ја бендисував многу,ама сега ме изненади.... ...одлична е,штета што не ја имам видено овде Спојлер
Не би да удирам клетви, ама да му се скрати на оној кој го изумил ова чудо од шампон. Сериозно ми ја унакази косата. Од лепршаво виткана ми стана ко да ми убацил некој штекер во позадинава ми Бијонсеста и пуштил струја. Ама за сите пари. Косава нит виткана, нит прекршена, мека, разлетана. Не знам дали е до периодов или до шампонов, ама никогаш не ми била волку грозна. Да морам да ја пеглам и фенирам, ете колку е за никаде Никогаш повеќе, значи - јок! Ау да и презадоволна сум од овој гел за туширање на Рефан со мирис на дива цреша. Добив тестерчиња кои долго време си ги чував, ама бев одпатувана и викам ајде - можеби во хотелот нема да има гел за туширање и ги пробав конечно. Јас мислам дека цел хотел мирисаше на цреши откако излегов од купатило. Преубаво! Наредна прилика го купувам гелов за туширање! Се самозаљубив по не знам веќе кој пат