Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Производи од кои сте задоволни, а од кои не сте

Дискусија во 'Тело' започната од lily-prune, 10 јануари 2011.

  1. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Задоволна сум мноооооогу од ова [​IMG]
    Најнеквалитетно нешто што имам купено во животов е една црна пудра од авон од тинејџерската колекција, ептен е никаква.[​IMG]
    Друго од што сум задоволна е:
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    А најубавото нешто што сум користела е[​IMG]
    Извинете за долгиов пост :)
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Kaко прво секоја кожа, коса се различни може да се иде од крајност во крајност. Едни се најзадоволни, други најнезадоволни.
    Еве пример.
    Е јас не ги давам за ништо Елсеве :lol:
    Добро е што ги открив овие шампони пред 3-4 години а мож и повеќе, спас за мојата коса. Претходно head and shoulders перут ме направија, Нивеа погрозни шампони амин, Пантен катастрофа, ме преполнија со перут. А Елсеве ниеднаш во овие години ни мало парченце перут не сум имала, мазна убава коса. И регенераторот е добар и маските. Иако маска менувам некад и Гарниер користам и тие се предобри ама маските. Шампоните и тие ме полнат со перут иако убаво мирисаат :$
    Шварцков за прскање спрејовите за коса, си менувам некад за мазна, некад за сјајна, сега за оштетена користам.
    [​IMG]

    За мојата сува кожа на лицето одвај најдов крема а тоа е Cera di cupra и господ здравје да и дава на аптекарката која на мајка ми и ја предложила кремава. Претходно бев полна со лишаи, или со мозолчиња од некои премрсни креми како павличева/детска витаминска крема.
    [​IMG]

    Иако имам грди трепки кои НИКОГАШ не се виткаат и сите се со различна големи раштракани, па со тоа не давам многу пари за маскара ЏАБЕ е, имам пробано не ги скротува ништо трепкиве, дури не се виткаат ни со она виткалотo! Сепак предност и давам на Mejбилајн маскарата.
    [​IMG]

    Со пудри често експериментирам. Ми се свиѓаат севентин, кои ми се добри за лицето кое ми е доста чисто и нема потреба од потешки пудри. А и ја сакам на Мејбилајн пудрата.
    Сјаеви на Менхетен и Гош, ем прихладна цена ем супер се.
    Коректор Макс фактор пен стик и јас сум презадоволна.
    Моливче на голден росе.
    Лакови на голден росе!
    Пилинзи и маски на гарниер.
    И сапун Дове, пренајубави се единствени што не сушат.
    А купки на Палмолајв со мед и млеко омилена ми е.
    [​IMG]


    А сега од што не сум задоволна
    Да не ги набројувам шампоните од погоре кои ми прават перут.
    Потоа мразам се што е од онаа нискобуџетна фирма со топ каталог ОРИФЛЕЈМ. Ги мразам!
    А и не сакам едно 90% од работите од Авон на чело со течните пудри (камената е солидна и онака не ја употребувам често). Така да реално се што сум пробала од каталози ми е потпросечно затоа и не ни нарачувам освен за поклон што добивам често од Авон, јас лично си одам во парфимерија си пробувам и купувам.

    Најлош можен ацетон е на Галафарм, абе мислиш ноктот ќе го извадиш ама лакот нема |(

    Ги мразам лентите за депилирање надусници од Веет. Ти ја вадат кожата :drunk:
    [​IMG]
     
    На eleni23 и girl1985 им се допаѓа ова.
  3. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Леле Veet ленти за депилација, ни под разно!!
    Другарка ми не само што влакната си ги извади, туку и кожата!! 2 недели одеше со корупки над устата, многу ја болеше, не можеше уста да отвори! Се мачкаше со креми од типот на Јакадерм за да и помине и едвај после цели 2 недели се опорави! Таква и во школо одеше :?:
    За депилација на лицето би го препорачала Силк восокот. Го употребувам одамна и сум задоволна.
    [​IMG]
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sweetheart10

    sweetheart10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    160
    Еве и јас да си кажам :lol:
    Најнезадоволна сум од производите за коса на Нивеа :envy: ..Имав прекрасна коса, не ми се мрсеше воопшто, имав малку првут и затоа ги пробав..Но сега е бетер..Косичката ми се мрси на 2 дена :( ]:) ;(
    Значи, воопшто не ги препорачувам
    Задоволана сум од колекцијата Angel Star на Нивеа..Ги имам сите производи и добри се.. :)
    Задоволна сум од шампонот Recept за мрсна коса на Subrina
    Не сум задоволна од лосионите за лице на Нивеа воопшто :|
     
  5. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Многу сум задоволна од Dove шампонот против првут, бидејќи само со тој производ успеав да го санирам мојот долгогодишен проблем
    [​IMG]
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас пак од вит лентите за депилирање ептен сум задоволна (за надусници). Еве веќе со години ги користам и ниакаков проблем, дури ни црвенило немам, на козметичар порано кога одев после тоа еден саат имав цвенило, а сега ништо и ептен ми се изретчени влакненцата....и ми одзема 2мин време. Не би ги менувала.
    Друго од што сум задоволна е течната пудра на лореал и темно плавата маскара за трепки од мејбилајн.
    Исто од сите производи на нивеа, освен оние за коса - жива катастрофа, незнам ни зошто експериментирав. Од dove сапуните и шампон, регенератор, маска за коса ми се незаменливи. Млека за тело од викторија сикрет, од коа ги "открив" овие веќе ништо друго нема да користам. Ги сакам и влажните марамици на clean & clear. И друго од што сум задоволна а сум била скептична поради цената е маската за лице од докторс. Задоволна сум и од лаковите на севентиин

    Е сега од што не сум. Од сите маски за лице во орифлем, и сите парфеми во авон и орифлејм....има прекрасни мириси ама траат додека да излезам од дома. Пудрите на севантин не ги сакам и не ги препорачувам. Не сум задоволна и од кремата за целулит од докторс, врска нема.
    Еднаш ги земав од нивеа оние шампоните демек за исправување на косата, абе заникаде, никаков ефект. Серумот за испукани врвови од авон (тој зелениот) порно го користев, и добар беше, ама од пред година дена ептен е изменет, редок ептен, и само ми ја мрси косата. Росал лабелата не ги сакам, неможам да кажам дека се лоши ама мене не ми одговараат ич
     
  7. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    8.481
    Пол:
    Женски
    Јас исто така сум презадоволна од тоникот за лице на авон.Јас го зедов за 99 денари,штета што сега ќе му се покачи цената :)

    [​IMG]

    Потоа сум задоволна од ревлон колорстеј пудрата и пудрата импала.Не знам зошто сите ја омаловажувате втората пудра,мене лично ми одговара многу.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Задоволна сум од маскарите на голден роуз бидејќи се ефтини,а супер се.Исто така сум задоволна од супер шок и од оваа маскара од која лично не очекував нешто посебно,а супер се погоди.

    [​IMG]

    Задоволна сум од парфемите на авон,млеката за тела на DOVE и Нивеа,а исто и од авон-натуралс,преубави се...
    Задоволна сум од зелениот коректор на орифлејм.
    Исто така сум задоволна од перлите на голден роуз и гош.
    [​IMG]
    [​IMG] (ОД ТИЕ ВО СРЕДИНАТА!)
    Презадоволна сум од мојата нова иновација-кармините на гош! Сон се :)
    Задоволна од маската за лице со кал од мртво море-авон.

    Е сега...
    Не сум задоволна од пудрата на кетрин арли.Чудна пудра...
    Не сум задоволна од пудрата на колор тренд од авон,веќе сте ја постирале вие.
    Не сум задоволна од тоа млекото за чистење на шминка на авон,специјално е за очите,а мене многу ме печат очите од него.
    Не сум задоволна од силк лентите,една долга зелена лента,така изгледаат моите...Најчесто си одам на козметичар бидејќи ми е ефтино,а сама не можам убаво да се издепилирам.

    Не сум задоволна од шампоните на нивеа.

    ЕДИТ:
    Морав да дополнам дека сум презадоволна од ова преубаво и ефтино кремче-здраве!
    [​IMG]
    И бекутан кремата и павловиќевата.Кај сакаш мекичко таму стави павловиќева :inlove:
     
  8. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.612
    Допаѓања:
    2.472
    Задоволна сум од производите на алкалоид.. (јанг дерм и бекутан производите )

    Задоволна сум од креон за очи од орифлејм, а не сум воопшто задоволна од тие двостраните моливчиња на авон..

    Од шампони задоволна сум од шампонот Глис и детските шампончиња на швартскоф..а не сум задоволна од шампоните на авон, орифлејм, нивеа и лореал

    Геловите за туширање, задолна сум од ФА, ефтини се, а и ми одговараат на кожата.. не сум задоволна од оние на орифлејм..

    Млека за тело, омилено ми е од Авон оноа од цреши и оревчиња и задоволна сум од тие млека за тело од авон.

    Сенки за очи задоволна сум од Дебора.

    Перлите од Орифлејм се преубави.. а од Авон катастрофа.

    За парфеми и дезодоранчиња.. ми се допаѓаат од Авон спрејовите за тело, исто и парфемите на би ју ми се преубави а се ефтинки, единствен парфем кој ми се допаѓа од орфлејм е глечер синиот (машки).
     
  9. butterfly992

    butterfly992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    22
    Лосионот за тело Eldena од КАМ. :lol: Презадоволна сум од него стварно...
    Сенките на Аура.
    Малечките лакчиња на Аура.
    [​IMG]
    Кармините на Аура.
    [​IMG]
    Моливите за очи на Аура.
    [​IMG]
    Шампонот рецепт на Илирија.
    Брезовиот шампон на Илирија.
    Шампонот Алпецин.
    Дезодорансите и стиковите на Нивеа.
    Стиковите за усни на Нивеа, Росал и последното стикче што си го купив од Eucerin.
    [​IMG]

    Од сите горенаведени сум задоволна.
     
    На littlepony му/ѝ се допаѓа ова.
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Eве имам уште да надополнам :lol: задоволна сум од :) да кажам и јас за veet лентите,и мене устата крв ми ја правеја :doh: не ги користам повеке
     
  11. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.102
    Допаѓања:
    258.515
    Пол:
    Женски
    Да закачам и јас некоја слика од како што вика брат ми "алтернативни производи" кои се покажале како добри без разлика на нивната ниска цена:
    [​IMG]само портокалов[​IMG]маска за коса[​IMG]млеко за тело[​IMG]млеко за лице[​IMG][​IMG][​IMG]





    [​IMG]најкатасрофалната пудра на сите времиња
    и да не претерувам со сликичките не сум задоволна од колекциите на палмолајв за коса, гарниер шампони и креми за лице, скромниот квалитет на орифлејм во полседно време воопшто го нема....
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Нем ада постирам слики само ќе набројам.
    Задоволна сум од производи на Nivea, L'oreal, Revlon, Neutrogena, Vichy и други...Ова значи и за декоративна и за препаративна козметика...средства за лична хигиена итн.
    Незадоволна не можам конкретно да кажам во моментов посебно не ми текнува...ама веројатно од производи на некои многу помалку познати или непознати фирми.
     
  13. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Не сум задоволна од спрејот за нозе од Авон
    [​IMG]
    Не знам ни која му е функцијата. Пишува дека е разладувачки спреј :^) Ама ако сакам да си ги оладам стапалата ќе си ги ставам во леген вода со мраз... |(
     
  14. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    каде го купуваш гелот на Неутрогена и колку пари? кај нас го немам видено.

    а друго за Вет лентите на мајка ми и откорна малку кожа над устата, но овие на база на брусница се неверојатно добри
    [​IMG]
     
  15. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.102
    Допаѓања:
    258.515
    Пол:
    Женски
    И јас порано најчесто ги користев лентите на веет но еве едни од кои сум презадоволна единствена маана им е што тешко се наоѓаат
    [​IMG]
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Многу сум задоволна од Танита лентите за депилација. И марамчињата внатре навистина смируваат за разлика од Veet.
    Ги има во Бјути шоп, порано ги имаше и во обичните маркети, а сега не ги среќавам.
     
  17. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    1.887
    [​IMG]
    Значи шампониве се катастрофа еднаш мајками купи ваков и откако се избањав косата ми беше катастрофа целата како слама и без волумен
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.497
    Допаѓања:
    201.447
    Пол:
    Женски
    Не бев задоволна од декоративната козметика на Авон и Орифлејм, па таква веќе и не купувам, останав само на овошните лосиони од Авон.

    Кремите за околу очи на Авон исто така не ги сакам, ми предизвикуваат некакво пецкање и на крајот на денот очите ми се толку уморни, ми солзат и сами ми се затвораат дури и да не ми се спие.

    Шампоните на Head'n'Shoulders и слични од Procter & Gamble не ги сакам, едноставно не ми ја прават убава косата, а имам и првут од нив - презадоволна сум од Gliss на Schwarzkopf.

    L'Oreal Pure Zone ми беше закон во проблематичните години - а тогаш само што почнаа да ја произведуваат таа колекција - одговорно тврдам дека подобра не сум користела! А сега не можам да си најдам соодветна, постојано ги менувам. Иако немам лоши искуства со колекциите, нема таква за која ќе речам дека лицето ми го прави WOW (а може и до годините да е :?: ). А кожата на лицето ми е мешана, но не проблематична, па немам проблем со голем дел од колекциите.

    Не можам да се жалам од кожата, поубава никогаш не ми била, отколку сега - токму поради бременоста. А инаку имам многу сува кожа на телото - Елдена ме спасува преку цела година, сега со бадемово масло плус, а во лето јогуртите на Авон.

    Од шминките, пудра ми одговара било каква, ама морам да ги издвојам Infallible и True Match на L'Oreal. Моливчиња за очи исклучиво на Gosh и Seventeen, иако овие вториве не ми цртаат баш убаво. Од било кои други ми се прават јачменчиња. Маскара - Maybeline и Gosh - други не ни пробувам веќе. Руменило во топчиња користам, немам поим која фирма е, некоја не толку позната, ама ми е супер. Кармини ретко, повеќе сум на сјаеви и лабела.
     
  19. Caramelle

    Caramelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    28
    хмм..значи од Авон конкретно,најмногу сум задоволна од перлите,оние бронзените :D ,потоа маскарата Суперфул и лосионите...посебно оној што беше Фитофирминг,нешто како затегнувачка функција имаше :)
    Многу сум задоволна од пудрата на Артдеко,не можев да најдам баш слика од неа,ама стварно е посебна...потоа маска за коса од Гарниер Фруктис ,онаа што не се плакне ;) и од Нивеа единствено,кремот Нивеа софт...

    А не сум задоволна од маскарата Шок :D онаа од Авон,значи премногу ми ги лепи трепките,потоа од Нивеа онаа колекција контрол шајн демек,јас ни контрол видов ни ништо :D,потоа овие Клеарсил,убави се додека си го чистиш лицето со нив,ама само тогаш :lol: подоцна не осетив никаков ефект... ..и сега не ми текнува за други :lol: а ги има :!:
     

    Прикачени фајлови:

    • unnamed.jpg
      unnamed.jpg
      Големина на фајлот:
      9,5 KB
      Прегледи:
      610
  20. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Задоволна сум од производите на нивеа лосионите за тело и интимата. Од авон сум задоволна од кремите за лице solution за хидратација, ептен ми се погодија.
    Не сум задоволна од лосионот за тело со светки од авон 400мл, ептен грозно ми мириса.