Поужасни од производите на Авон нема Ем што се прескапи, не се ни квалитетни. Последно добив на поклон едно моливче за очи, и очите не престануваа да ми солзат кога ќе ставев значи Спојлер еве го .. Многу сум разочарана и никогаш повеќе нема да порачам или користам некој нивни производ.
Го пробав од тестерче и изненадена сум од квалитетот, многу кремаст и густ, а косата убаво ја омекнува и дава сјај без да ја омлитавува, мирисот е прекрасен. :up: Браво за Субрина уште еднаш се уверив во нивниот квалитет.
Јас ги гледав овие во Љубљана во dm маркет, цените им беа многу пристапни дури се замислив да не се фушарија.... сега кога ќе се вратам ќе го дигнам цел рафт Од лево лосионот за отстранување шминка, за сува кожа, посебно зимно време, 5ка! Со мирис на дива роза, ја хидратира и негува кожата. Исто на Гарние, крем за лице за екстра сува кожа (јас ја купив за 2 евра од Мулер), многу ми се допадна, а ретко која и го дава ефектот што го пишува на амбалажата. Од пудри Loreal, Gosh, Revlon, не ги препорачувам за сува кожа никако. Добра е, т.е веќе цела година ја користам и сум задоволна (дава природен изглед, измислена е за сува кожа) и сега последна што ја земав е (исто многу добра, многу покривна) Moливите за очи на Макс Фактор се многу добри и трајни. Коректори ретко користам ама ќе го издвојам на Артдеко и Лореал (за чудо се погоди) Два пати ставив и се исуши Само пофалби за руменилово (скоро цела година го користам, нејќе да чуе) Производите на Гурманд се добри посебно гелот за туширање со мирис на карамела (неможам да најдам слики) ги има во Јуник и во поголемите маркети, а колку што можев да забележам не ги сретнав во Словенија, не знам кој ги произведува.
Avon Supershock маскарата. Ја користам веќе неколку години и сум презадоволна. Од друга страна, од Avon Supershock Max воопшто не сум задоволна. Ја има истата четка како и обичната Supershock само во оскатена верзија.
Задоволна сум од Планет Спа кремот за тело со шеа путер од мртвото море.Ја омекнува и најгрубата кожа има свеж ментол мирис.
Многу сум задоволна од кремава, го измазнува лицето и ги покрива недостатоците одлично. За сите видови кожа Спојлер Исто така задоволна сум од лаковите за коса на Тафт, имаат убави мириси
Засега од шампониве на Гарниер што ги користам, неколку пати го користев тој од авокадо и не сум задоволна од тој, ич не ми е убав, преубаво ми мириса, ама кога ќе ја измијам косава како со лепак да ја мијам џабе што темелно ја исплакнувам косата од шампонот, исто е, па и ми се витка од тој шампон косата нити сјај и дава, ништо, некако сува ја прави
Се изненадив вчера од Rosal intense volume сјајчето за уста. Секакви сум користела, ама после Gosh сега ова ми е омилено, густо е и трае. А, и 130 ден го земав од Веро
ич не сум задоволна од цела колекција од морски алги за лице од орифлејм,уште повеке тогаш ми се иритира кожата на лицето,сега си користам само лимон,пошо имам малце мрсничка кожа,и ем ми го одмрснува лицето и црвенилото мн брзо го намалува кога ке ми се направи некоја бубулица
Ич не сум задоловолна од овој туш на орифлеим...ако повлечеш две линии самиот ти се брише,ич не е убав за нанесување own:
Ептен ми се погоди, косата ми изгледа многу филмски и со оглед на тоа дека ми е брановидна накај виткана, не ми разлетана на сите страни како ураган да ме прошол. Не планирам на го менувам што е несвојдтвено за мене, сите шампони ги поминав. Преубаво црно моливче, пушта боја,трае и не се размачкува а е релативно ефтино. Упорно ми ги носат на поклон, а јас ги мразам од првиот момент. Иако сакам благи мирис ова ич не ми се допаѓа. Плус дезодорансот воопшто не трае, па со миризлива тоалетна да се истријам мислам подолго ќе трае.
Сите до еден ми се испробани и од сите сум многу задоволна. Прв пат зедов онака случајно колку да сменам ама сега нема шанси да земам друг дезодоранс. Во меѓѕ време пробав пак со некоја Нивеа ама не оди. Овие се супер
Јас па сум ептен задоволна од него и многу ми е практичен за нанесување,не треба сто пати да ја ставам четкичката во шишенцето за да намачкам,вака одма.Сега ми е при крај,сакам ново