Незадоволна. А задоволна од овој сјај. Ко течен кармин му доаѓа, седи и седи и не се брише. И од маскарава, откако ми испаѓаа трепки на памук од голден роус, па со маслиново вади опет истото, со оваа нема ништо такво.
Задоволна од шампончево, ептен ми ја прави косава мека и убава, ми ја врати во живот! Маскарава не ми е ништо посебно. Не би ја купила повторно.
Презадоволна од Gliss Total Repair и од лосионот за тело на Victoria's Secret дефинитивно преубаво нешто неам зборови
Од овие сум презадоволна, ниту некој интензивен мирис, ниту полни со хемикалии, ја омекнуваат и мојата сува коса, а немам ниту првут ниту чешање во главата, одлична цена. Со еден збор, фантастични. Убави мириса, и добро хидрира, а и мирисот доста долго се задржува. Лошо, многу лошо. Јас имам долги и густи трепки природно, но ова маскара така лошо ми ги слепува, што ми изгледаат како да имам три влакненца.
Најубава и јас купував пред некој ден маскара и сакав таа од Голден Роуз да ја земам и другарка ми вика немој , поубава без маскара ќе бидеш Ми ја препорачаа таа розевата на Clasics а и овде прочитав позитивни критики , ја земав и супер е . Имам нешто помеѓу плави и зелени очи и многу убаво ми ги изразува
задоволна од косата ми сјае неколку дена со еден слој ке завршиш работа - прекрасен лак а незадоволна косата ми ја мрси како немиена сум потоа црташ црташ и ништо не се познава
Почнав да ја носам косата во пунџа(кончено ми потпорасна) и овој лак е незаменлив. Ако датира од времето на баба ми, јасно ми е зошто сите постари женулиња до ден денес го користат. А овој зелениот од Тафт. За држење, може ја држи косата, ама следниот ден......
^ мислам дека нема некој попродорен мирис од тој на Интеса лакот за коса , ама стварно е многу моќен, убаво ја фиксира косата, а утредента не е слепена, ниту оштетена, мајка ми го користи веќе години наназад. Кога сме веќе кај маскарите на Голден Роуз, јас сум премногу задоволна од оваа црвената Многу убаво ми ги прави трепките, а прилично ми се гревни природно. А за останатите две - таа со златно капаче ми создава некоја алергија и ми солзат очите, различен е составот внатре на течноста, брзо се стврднува, а и четката е грда. А новата што ја постираше Душица исто не ми одговара сосем како црвенава, ама пак е подобра од таа златната.
^ Розевата што ја постираше Душица не сум ја користела и незнам таа каква, моментално ја имам црвената што Трендафилка ја постираше, и морам да кажам дека е добра, нема некој ваууу ефект, но морам да кажам дека е доста солидна. Јас бев задоволна и од оваа можам да кажам дека е подобра и од црвенава. Исто задоволна сум многу од камените пудри на Кетрин Арли, доста се евтини, џабе што се вика, окулу 100-110 денари а трае по неколку месеци, и одлично одговара на мојата кожа. Ја користам бр.4 веќе неколку години, одлична е за финиш, само мал слој со четка врз течната и добиваш мазно и убаво лице .
Не сум задоволна од спрејот за заштита на косата од топлина, од Тафт. Како прво се става само на сува коса (значи кога ја сушиш со фен не смее), ја ставам пред пеглање и некако ја прави косата мрсничка. И не мириса убаво, и џабе парите.
Не го бива - own: Спојлер schwarzkopf gliss hair repair spray Производите на докторс и Нивеа -презадоволна :up:
Се сложувам. И не само овој, туку и сите шампони и балсами од оваа линија на Авон. Со „новата и подобрена формула“, шампоните се поголеми и разводнети, не се пенат ич, треба цело пакување од 250 мл да го ставиш на едно миење за да можеш да ја измиеш косата. Порано беа закон. Сега се блага водичка.