Пудрава ми е катастрофа, тешко се размачкува ми остануваат флеки и ништо не ми покрива. А прилично е скапа околу 800 и нешто е.А да и смрди А од маскарава, таа во средина што е, сум презадоволна со еден слој трепкиве ко вештачки ми ги прави.А и ефтина е , за тие пари е топ
^И сестра ми не е задоволна, сува и ја правела кожата. Jaс пак сум многу задоволна од пудрава, многу покрива, лицето ми изгледа мазно и воопшто не (ми) мириса лошо.
Uploaded with ImageShack.us Garnier mineral дезодоранс, јас го имам Extracare, ама сум слушнала дека и другите се добри, и нема шанси да се испотите додека сте на факс или на работа.
И мене ми е одлична, дури фотошоп ефект добивам - мазно лицето, мазно, мислиш кујзнае што сум ставила. И се заљубив во мирисот, баш ми мириса на нешто свежо, откритие на годината ми е, ма на векот! Јас сум многу задоволна од маслениот отстранувач за лак. Мрсен е, мириса супер - овошно (го имам портокаловиот), не ги жолтее ноктите, не ги суши и лесно се отстрануваат дури и мат лаковите, потемните бои. :up:
И јас ептен, баш од портокаловиот, а башка на капачето има и кремче, јас за заноктици и кутукули си го користам
леле да! најдобри се со тоа помадичето горе во капачето. јас плавиот го користам. розевиот е за вештачки нокти колку што знам, а ова портокаловиот за какви е?
Незаменлив Од пудрава бев многу задоволна и ја користев едно 3 години , али како да не е истиот квалитет веке, ми го суши многу лицето го прави круто, не не е веке тоа што беше
Ич не сум задоволна од ова! Пишува за 48, а мене после 3 часа ме препоти, ме угуши. (Иначе немам проблеми со потење, се потам нормално). Бај д веј, не оставаше никакви бели траги на црни алишта. Овој ми е 10ка. Преубаво, нежно ми мириса, не се потам, секогаш ме заштитува, ама остава бели траги.
За природни, НЕвештачки нокти , инаку јас и розевиот/лила го имам користено, одличен е, иако е демек наменет за вештачки нокти. Остана уште плавиот да го пробам, одамна му се намерачив.
Шампонот за фарбана коса со брусница!!! (црвено пакување) Ми ја прави косата преубава. И знам дека некој поназад ја пофали, ама еве и јас. Прездволна сум од маскарава, единствена до сега што толку долги ми ги прави трепките.
нема да згрешиш. како го брише лакот лом го прави и реално не се ни нешто скапи и единствени со кремичка. многу ми се интересни. одкога ги открив нема мењање.
Одлична е минералната пудра од Авон,перфектна покривност,лесна скоро иста како Арт деко само што е упола цена.( на попуст е 400 ден.) Прекрасна е лицето свежо,стакло,а како да нема пудра Презадоволна
Задоволна сум од лаковите на Golden Rose,седум дена од кога сум ги лакирала ноктите со овој лак и сосема минимално почнува дури сега да се лупи. Исто така од ова козметика сум задоволна и од маскарата во црвено 3D која трепките повеќе ги издолжува и од мојата омилена Max Factor,но недава некој којзнае каков волумен така да добра е за преку ден,а кошта само 120 денари. Баш сум позитивно изненадена од ова евтина козметика,која до пред извесен период воопшто не ни знаев и не бев заинтересирана какви производи нуди.