Интересна јас во странство сум,тука ја купувам можеби неутрогена ја има во поголемите маркети Божица 1980 катастрофалната пудра ја имавме со мајка ми,не да е катастрофа,ѓубре невидено е,сите ми се смееја кога ке ја ставев clearasil се убави,ама мора нонстоп да ги користиш,го имав пилингот јас,и секое утро се миев,ама сега сменив на неутрогена
Најзадоволна сум од млекото за тело на Викторија Сикрет (виолетовиот) кој кожата ми ја прави мека и свиленкаста.Среќа што ги донесоа во Космо и топло ви ги препорачувам. Од Авон и Орифлејм не сум задоволна од ништо ,едноставно мојата кожа не ги поднесува.Единствено зелените силиконски капки ми се погодија кои ми помагаат да ја скротам мојата коса. Пријатно сум изненадена од путер восокот Иви.
овие за жива глава не ги менувам многу ми е погодија. производи од кои не сум задоволна се: оваа фарба никад више! од неа ќе добиев срецев удар.
Производи од кои сум навитина задоволна Тоникот и млекото за чистење на лицето Најдобар шампон што го имам пробано Има уште многу работи ама ајде да не претерувам И работи од кои не сум задоволна Пааа нз моментално друго не ми ни текнува хахах ај доста е
Мене во последно време ептен почна да ми се мрси кожата на лицето, и по толку барање морам да ги пофалам овие производи:
Јас од интернет си ги нарачувам од еден многу добар сајт. Не знам дали е дозволено реклама да им правам. Битно сигурна сум дека кога ќе ги постирам тука ќе направам револуција во шопинг, затоа што ги имаат сите парфеми за многу пониски цени и секако сите скапи марки за половина поефтини Од кога сум зачленета таму, со години во парфимерија не сум стапнала и сите Диори и Шанели си ги купувам за многу поефтини цени. Не знам, ако не по ЛП ќе ти го пратам сајтот
Се сетив сега - многу сум задоволна од Хлорамфеникол лосионот, го користам веќе две недели и супер делува на акните. И ова исто: Не е како другите витамински масти, многу ме потсеќа на Пенатен кремчето. Го користам навечер, не ја мрси кожата, и помогна да ми се исчисти лицето малку.
Avon glimmerstick , самоостречко мовивче од авон, не се размачкува како другите моливчиња, пријатно сум изненадена
Имам претходно пишано пост на темава, но сега разгледувајќи ги другите мислења сфаќам колку производи имам пропуштено и морам да се корегирам .... Задоволна сум од: Не сум задоволна од:
Задоволна сум од: Шампоните Orsene, Schwarzkopf Gliss спреј Регенератор еден професионален го купив од кај една фризерка (1l - 150д) Антиперспирант nivea pearl beauty ( и никој друг, сум пробала све и свашта, но благе везе немаат) пудра ја користам веќе добри 6 години и не планирам да ја сменам (додуша пудрава не покрива ништо, но јас немам проблематична кожа, ми треба само да ми го изедначи тенот) Перли од Avon бронзените. Моливче исто така од Avon - Jillian Dempsey Креми за лице исто така од Avon од ANEW колекцијата, знам дека ќе платам малку поскапо, но го добивам бараниот квалитет. Лосиони и гелови за туширање Avon од Planet Spa линијата. Лакчиња и слични дребулии си купувам од пазар за 20д. Becutan влажни марамчиња Но имам еден проблем, имам многу кратки и ретки трепки, па ќе ве замолам драги мои феминки да ми препорачате некоја маскара, не сакам сама да одам да купам, затоа што можеби ќе лупнам мн пари, а маскарата нема да ми го даде саканиот ефект.
Баш пишав во темата за маски за лице, овие никако ужас се. Првите 2 ги имам користено зелената и плавата. Зелената со краставица ај ок е, ама плавата од Алое Вера има тиркизно плаво зелена боја која не се вади од лицето триев, со пилинзи со сапуни да ја извадам. Којзнае какви хемиски произвоиди ставаат во нив, ужас!
Девојки секоја чест за откритиево, кремава за коса е одлична ја вбројувам во производите од кои сум задоволна, а во едно сакав да ве прашам дали имате искуство и со шампоните и маските Хобби ги видов во некои мега пакувања но викам да ве прашам прво
Не сум задоволна од Impala течната пудра....за нигде е а сеа си ја најдов од max faktor за 200 денари и многу ми се допаѓа...ја ставам нејзе и после камена и лицето ми е топ
Баш така. Треба секаде да се внимава. Затоа кога купувам нешто, особено козметика и шминки посветувам особено внимание и детално ги читам декларациите, датумот на производство, датумот на важност на производот и сите пропратни работи. Сепак се работи за производи кои ги ставаме на лице и тело! А, да ви кажам дека и луѓето се безобразни. Пример број 1: Одам да си купам пудра во Шатци, знам дека тие имаа акција на Bourjois HealthyMix + Bourjois mascara. Влегувам, знам дека нијансата која ми одговара е 51 и гледам, има од гратисите, арно ама некој си ја дрпнал, ја одлепил маскарата, и си ја земал. И сега? Епа ништо... Џабе се акав до таму, после пак се акав назад до Бисер во другото Шатце за од таму да купам. Искрено ме изнервира и реакцијата на девојките што продаваа. Сега ем не ми кажува дали може посебно да ми даде маскара, а од друга страна пудрата која треба да оди со гратис маскара ја враќа назад во истото купче. Мислам Бог да чува... Пример број 2: Некоја си многу паметна девојка, си ја земала од дома својата веќе потрошена маскара, ја враќа во парфимерија и за возврат си зема иста таква НОВА маскара и си заминува. И ми вели девојкава што продава, сакала да и ја предложи истата таа маскара на муштерика. Кога ќе види, маскарата исушена, потрошена. Резил пред муштериката! Затоа внимавајте да не купите и ваков веќе искористен производ! Пример број 3: Внимавајте кога нешто купувате во кутија. Еве на пример, налетав на HealthyMix пудри кои одеа со гратис коректор, и сега фино лепо, на кутијата си пишува внатре пудрата која нијанса треба да е, а коректорот која нијанса треба да е. Отварам, гледам, веза нема! Некој паметен ги заменил. Пример број 4: Околу нова година го купив D&G Light Blue. Одам фино лепо во Шатци во Бисер каде си најдов најдобра понуда. И гледам одоздоле на кутијата, made in Germany. И бев као WTF? Dolce&Gabanna made in Germany? Абе ај! И си викам ова е гарант фалсификат. Подоцна доаѓам дома, гуглам детално кога гледам, Light Blue повеќе не се произведува во Италија, туку во Германија! А втора работа, бидејќи е еден од најкопираните парфеми, на шишенцето од 100ml треба да пишува количина 100ml или 3.3oz а не 3.4oz како што пишува на фалсификатите. И имаше уште една финеса за да видам дали е оригинал. Кога видов дека сето тоа е како што треба на кутијата, си го земав парфемот и не се секирав, затоа што проверив како е што е. Подоцна го побарав пакувањето во Космо, и уште неколку други парфимерии. Секаде беше истото, made in Germany. Е сега, во земја каква што живееме, за многу работи треба да се замислиме кога купуваме, што навистина купуваме. Ама тоа е што е, за жал. Па затоа некогаш некои работи си ги купувам кога сум во странство или си ги нарачувам преку роднини/пријатели кога патуваат. И ондак то.
Мислам дека сајтов нема да пречи ако го ставиме во споилер. Спојлер http://www.cheapsmells.com Да ви кажам дека и јас имам нарачувано, ама последен пат беше пред некое време. Стигнуваат во Македонија за 15тина дена. Се плаќа симболична поштарина кај нас од стотина денари, а на сајтот си пресметува поштарина според количината и тежината. Некои работи се исплати да се порачаат, ама некои не се исплатува да се порачаат. Се зависи од актуелните понуди.