Задоволна сум од ова лабело, не ми е убава устата само кога ми е намачкана со ова туку и после тоа Овој гел за лице од Орифлејм ми го прави лицето многу убаво, мазно па дури и свежо
Јас имам многу нежна и чувствителна кожа, и не можам да употребувам обични сапуни затоа што ми ја иритираат и ми предизвикуваат алергиски реакции. Веќе неколку години користам Неутро Робертс, и сум презадоволна. Но, пред некој ден кога требаше да си купам сапун, немаше таков и земав Ассо Дерм, ама не Азур, туку овој И му давам десетка! Скептик сум за бањање и туширање со сапун, користам исклучиво гелови за туширање. Арно ама, викендов не си го понесов гелот со мене и морав да се избањам со Ассо Дерм. И многу ми беше нежна кожата после тоа! Мераци Е сега, малку е поскап од другите сапуни, ама вреди. Убаво си пишува на опаковката - Подобро од сапун
Каде може да се најде? Не сум го забележала Туку: Кремава за лице од калинки на Авон е прекрасна. За преку ден или приквечер кога ќе ја извадам шминката. Кај мекано, па и убаво мириса Се изненадив од сенкиве, толку долго ги имам, не ги користев до пред некое време... Убаво бојат и многу долго издржуваат, а пре евтини се, 50 денари колку што се сеќавам (во секој случај не многу повеќе) На поклон добив неколку сјајчиња за уста од Мy LR Beauty. Сон се, неверојатно е колку долго траат и плус имаат многу убав мирис, чоколаден, па и вкус Неможам да најдам слика за жал, многу вредат... Се разочарав од тушот на Авон како пенкалце. Слабо црни, ќе се измалтретираш додека заличи на туш...
НЕ СУМ ЗАДОВОЛНА од маскарата на Авон, супершок. Ја порачав, бидејќи многу ми ја фалеа, а јас сум фан на маскари. Ок е маскарата, немам проитв. Многу е да речам дека ја користев 1 недела (ставам секој ден, значи сум ставила 7 пати!), и денеска гледам дека е сува Човече исушена...не можев да си ставам. А не е толку евтина за да можам да ја користам само една недела. Сега дефинитивно сум против Авон. Морам да ја спомнам и маската за лице од Planet Spa, на база на ориз и јапонско саќе. дрн дрн....демек! Секој пат кога ставам ме исфрла по лицето...Ајде си викам да не ја кудам, може таква чувствителна кожа имам, ама еве и една колешка исто кажува, и нејзе не и се допаѓа.
Во право си за оваа маска од Авон. Ја купив прв пат кога излезе во каталогот, и ја фрлив после 3 употреби. Ужас! Лицето ми се нафрла и едвај ја смирив кожата.
^ ^ Маската за лице не одговара на секој тип кожа, обично е тоа правило за маските, како и за сите делови од процедурата на чистење и нега на лицето. За нареден пат да избегнете несакани последици, консултирајте се со претставникот од каде што нарачувате или сами подробно разгледајте за каква кожа се применува и која му е целта. Задоволна сум од овој гел за туширање на Орифлејм. Кениа. Одличен мирис. Доволно да ви ја долови слонската атмосфера на сликичката и да се почуствувате како дел од патешествието.
Не знам за Супер шок, али јас ја користам онаа Супер Eкстенд и на почетокот не бев задоволна, мислев дека само ми ги слепува трепките, и немаат никаков облик, али еве сега баш ми е супер. Значи :up: за оваа маскара:
Во каталогот пишуваше дека оваа маска е исклучиво за сува кожа, и дава влажност, хидратација и ја похранува. Токму затоа ја земав. Мене кожата на лицето ми е делумно сува и она што и беше потребно е хидратација. Наравоучение: правете си домашни маски за лице :up:
Kако ми го освежува лицево,многу ми ја прави мазна кожава A за маската од Aвон и мене не ми е убава,никакво дејство нема,а мозолчина веднаш ми излегуваат