Господ здравје само да му даде на тој што го смислил ова. Мириса феноменално, трае долго и не беше воопшто скапо. И од ова сум препрепрезадоволна. Со мерак се туширам, како наркоман го душкам шишенцето.
Одлично влијае на мојата чувствителна кожа на рацете. Особено во овој период кога поради ладното многу ми се суши кожата. Го носам секаде со мене. :up:
Од Oriflame го имав купено овој туш и ме разочара. Неможам прецизно да повлечам линија, многу се растекува. Имав купено маскара од Golden Rose и ми ги уништи трепките, едвај ги оправив! Ја користам оваа пудра од Оriflame и сум презадоволна! Навистина добро ми е прилагодена на лицето, не ми дава вештачки изглед и нема хемикалии
Презадоволна сум од сапунов, не мириса јако, не ја суши многу кожата, а чисти. Го користам во комбинација со Павлодермов и сум презадоволна. Им кажав чао, а се надевам и збогум на бубулиците .
Никогаш повеќе ова чудо нема да го ставам на моја кожа, крема за комбинирана кожа на база на чичково масло, кое ни косата не ми го трпи а камоли лицето, ми се исфрли со акни едвај го оправив, ја земав на брзина ем за проба ем немав време да ја барам мојата крема, а сега има на крај на свет да одам ако треба за Грин лајн од јаболко, незаменлива е во секој поглед, одма ми се исчисти лицето од ова срање. П.С. едвај ја најдов на интернет, кој знае кој шкарт е и кој ја произведува.
Се каам што го купив! Вториот ден ми е косата мрсна и ме чеша цело време додека не се измијам, а богами и за расчешлување ако не ставиш балсам е тешко. Не го препорачувам !!! own:
Многу сум задоволна од лабелото на Далтон, подолго време ги користам нивните креми па решив и лабелото да го пробам. Многу побрзо делува од другите лабела кои ги имам користено и подолго време ја одржува влажноста на устата, а има и преубав мирис на ванила ми доаѓа да го изедам https://www.facebook.com/photo.php?...11685357.36955.150318478354017&type=3&theater
Линија на лакови од Аура се вика Ши Бани, бројчето е 23 и е прекрасна црвена боја. Многу се квалитетни и веке 5 дена ми се налакирани ноктите и не ми се никаде излупени. Еве како изгледаат ги има по аптеки 40 денари се, јас го имам првиот на сликата.
Ахх морав да се цитирам,на почетокот ми бесе супер гелов за миење лице но после 5-6 миења ми се појави алергија и целото лице ми е со ситни црвени точки,НЕ сум задоволна веќе Задоволна сум од Се е преубаво од Балеа,за многу пристапни цени,одлични производи.
јас истава крема од авон ја порачав вчера една пријателка ми кажа дека е задоволна , па ајде ке видиме
^ Кремава и јас ја имам,али од млеко и мед Убава е да,има некој златен сјај и омекнува премногу,а богами и колку убаво нежно мириса Но,некако како да не ми ја прави хидрантна кожава.. едино тоа малце замерка ми е. Другото се си е 5ка Ама затоа па шејков од калинка и манго ми е нешто прекрасно!! Е за овој немам ни една замерка,се си прави од А до Ш
Лесно го вади лакот, незадоволна сум од тоа што ги пожолтува ноктите. Немам коментарче, го добивам ефектот .
Задоволна сум од кремов за раце , си го зедов за зимава не е на одмет Дали само јас таков сој сум пто ми се сушат рацете ако не ставам крем и ме болат ептен прстите незнам . И морам да користам ептен хидратантен ...Користев порано еден со силикон ама имаше внатре некој состојки што се за постара кожа па ај си реков да не си играм играчки и затоа овој си го зедов
За манијак по лакови како мене, се троши и повеќе од потребно ацетон. Го благословувам погоре постираниот ацетон од Кам: Ќе пукнам зошто го изгубив ролетов на НГ, или негде сум го заџиткала после тоа, па Бог знае кај е. Ах што лепо мирише... LBD
Не си единствена и мене ми се случува истото, како крастава да сум ... не знаев дали е добра кремава па не ја нарачав, ама ке си ја нарачам сега... инаку сум многу задоволна од кремава од Кам, помага многу за провлематични како нас и плус ефтина е http://3.bp.blogspot.com/-u971YGMmpjA/T ... 300188.JPG кремчево најдесно