сите парфемирани креми зошто ја сушат кожата, маскарата 15пати поголем волумен од орифлем црвена по боја нема врска ги залепува трепките ,пудрите од авон затоашто секогаш ако порачаш која ти одговара стигнува сосем потемна или посветла нијанса .
Baulishi Eyeshadow. Неможам да најдам слика. Инаку овие се како мрсни сенки, не онакви прашести. Мене многу ми се допаѓа тоа што траат долго, понекогаш може и 2 дена (ретко спијам со шминка, но ми се случувало кога ќе станам малку размачкано само да е/или ич и шминката стои супер добро) Со нив може да се нашминкаш и слабо (едвај видливо/скромна природна шминка) и јако за поголеми свечености, а не како некои сенки ставај ставај, и пак ништо не се гледа како без сенка да си...
Не сум задоволна од кремава, веројатно не ми одговара на кожата. Јас имам нормална кон сува кожа, ама премногу е хидрантна изгледа, ми се појавуваат некои црвени точки од неа. А штета, преубаво мириса
Јас ја користам оваа крема секој ден, веќе втора кутија ми е оваа и сум презадоволна, имам нормална кожа и нормално масна т зона... И ептен убаво ми ја упива кожата не ми дава додатен сјај а и многу ми е мека...
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Јас па ич не сум задоволна, не покрива. Катастрофа. Задоволна сум од NIVEA-Moisturizing Day Care :up: Одма се упива, цел ден го осеќам лицето чисто и свежо, нема да светнеш ни најмалце цел ден, убав мирис типичен за Нивеа. Резултатот е хидратирано, свежо, меко и мазно лице во текот на цел ден.
И не се лоши, и двете, ма да жолтата е малку подобра. Исто од мејблин сјајчињава мали се екстра :up: Нежни се кога ќе ги ставиш на остата, не се лепат како некои. И задоволна сум од Римел, цена, квалитет, Покривна е, иаку е лесна, мене ми е денска пудра
Oд сјајчинава сум презадоволна . Силиконски се што значи дека долго остануваат на уста , воопшто не се скапи . Јас со години менувам различни сјаеви ама сега гледам дека овие се најдобри..Ги имам проњирниот и за на училиште си го користам ..И од овој десно крем боја за излегување.. Маскарава ја добив минатата недела по повод зачленувањето во орифлем Убава е ама јас повеќе си се придржувам на старото искуство со maybelline маскарите
од секогаш ја користев кремата бекутан но со новата амбалажа сигурно и го смениле и составот, лицето ми се исфрла, никогаш не сум имала мозолки но од кремава ми се направија, катастрофа не ја препорачувам.. own:
Мене ми се допаѓаат овие сјаеви од Орифлејм (чоколадниот посебно) Немам моментално, но последниот што го имав, го изедов буквално... Инаку и овој од Ориглејм не е лош Само овој што го имам е потемна нијанса.
Од ко ја прочитав темава,си го извадив плавото млеко од Кам,си купив кремче Бекутан,си земав шампон од Субрина шо пиши рецепр ан него,па бадемо масло и еден куп други работи.....и сум ептем задоволна а во меѓувреме сватив дека скапите ствари не се симоним за квалитет!!! Фала девојке едно браво за вас
Сум заборавила да кажам од што не сум задоволна! Катастрофа е! Незнам зашто толку ја фалат, бојата е бела, како креч а не е најсветла. Не ни покрива асално, а тешка е.Јас не ја препорачува, за тие пари многу подобра може да се земе. И пак од орифлејм Четката ми се залепи, ја сменив со таа од класик, а и внатре маскарата,толку просечна, ништо посебно.
Презадоволна сум од карминов, бојата е баш таква каква што ми требаше и доста е траен. :up: Супер инвестиција месецов. Не сум задоволна од лакот. own: Значи, бојата е одлична, иста нијанса е како карминот, ама трајноста му е нула. Голема, дебела нула. Измив една тура чинии и отиде ...
Мојата козметичарка баш ми кажуваше за кремава дека била многу задоволна и дека ја намалило видливоста на пегите. Ти што викаш помага??
Дефинитивно сум разочарана од пудрава на Хемел! Катастрофа не вреди ниту денар а ја платив 1100 денари. За мојата комбинирана кожа воопшто не одговора, многу е сува пудрава, дури и со крема изгледа сува на моето лице, а за покривање да не зборам ич- една голема 0 за пудрава.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Задоволна од Со бадемовото масло многу лесно се отстранува шминката од очите и воопшто од цело лице.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Задоволна сум од млекото за чистење на лице од GENERA,го користам веќе некое време а кожата ја прави мека после чистењето. http://www.fairness.it/images/cata2011/282403.png Течната пудра TRENDY,исто така одлична,ми одговара за мојата кожа,покривна е и лесна (не е како некои тешки пудри што ги чувствуваш како маска на лицето). Задоволна сум и од цената и од квалитетот http://forum.anticonceptionale.ro/uploads/12186_fdt.jpg