Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Незадоволна од авон кремовите за лице own: и римел пудрите=паштета. задоволна од цела колекција Dove :up: од шампон,маска,гел за туширање,млека за тело и секако САПУНОТ
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Задоволна сум од камената пудра на Буржоа исто и од течната хеалити мих
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте не сум задоволна од кремата на дове ...многу ми ја мрси кожата а задоволна од маските и пилингот за лице од авон
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Стварно незнаев кај да прашам за оваа крема па си викам ајде овдека од оваа крема задоволни сте?татко ми ми ја купи на подарок 1000ден ја земал па викам чим е скапа мора да е добра ама се думам дал да ставам или не.Ај ако некоја ја има користено или има некој близок што ја има користено нека ми пише ЛП Више кога сум тука да пишам од што сум а од што не сум задоволна. Не сум задоволна воопшто од шампонот Wash&Go,самоостречкото моливче од AVON(премногу ми е тврдо за нанесување). Презадоволна сум од ружот на Golden Rose(Golden Rose Powder Blush Soft&Silky 05)-има дискретни нежни светки,има праскесто розевкаста боја,прелесно се нанесува и е ептен ефтино,јас го земав 190ден;задоволна сум и од моливчињата 2in1 од Davis ги добив на поклон.Имам 09 и 10,едното е плаво а другото е зелено.Одлични се,преелесно се нанесуваат и не се вадат за брзо време од очи.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте До порано, користев скапи шминки, навистина беа супер, но кога купив маскара за само 70,00 денари, верувајте ниту една не ми ги направила трепките поубави, се уште ја користам се вика „volumizer 2vo1“, меѓутоа карминот Голден Роуз 111 никогаш нема да го променам.Незнам може звучи смешно, но се чувствувам некако моќно.Поздрав до сите феминки.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Јас сум презадоволна од квалитетот на производите од Dr Haushka. Тие се едни од ретките кои годат на моето лице.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Јас сум многу задоволна од шминките на есенце и мах фактор а никако не ми одговараат шминките од голден росе
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Не сум задоволна од кремовите на Авон. Тоа што го нарачав не ни личеше на крем. Кремот ни за раце не го биваше, а не на лице да го ставам. Многу ме разочара, а не го платив ефтино.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Задоволна сум од Garnier производите, сите до еден се преубави! Моментално ги користам тоникот и млекото (зелените) и сум презадоволна. Задоволна сум во главно од сите Nivea производи, освен од тој гелот oxygen power, ќе си зборам за него подоле. Исто така многу сум задоволна од Golden Rouse пудрата - mineral foundation. Ефтина е, одлично покрива, и што е најважно многу е лесна, не се чувствува на лицето. Ми се допаѓаат маскарите на Maybelline, сите до една се преубави. А најзадоволна сум од The Falsies Volume. Супер ми се и бекутан производите, инзвонредни за целото тело, не само за лицето. Само кремата за лице неможам да ја ставам многу ми е мрсна за моево веќе мрсно лице. Инаку, па нема подобра марка од Бекутанчето наше нели? Исто го сакам и Докторс пилингот, супер ја прави кожата. И тоа би било тоа, за производите од кои сум задоволна. Сега најбитното - ќе мрчам за ужасните производи, кои за жал ги имам ставено на моето лице Nivea oxygen power - гелот за чистење лице со гранули кислород. Поужасно нешто не сум ставила на моево лице. Се миев со него извесен период и почнаа да ми се појавуваат лишаи на лицето, во права смисла на зборот! Колку само ми требаше да се опоравам . Такво нешто више никогаш на моето лице. Еве го уште стои во купатило и ми се грози секојпат кога ќе го видам . Исто сум незадоволна од сите тие пенкала и тракатанци за брзо снемување на бубуљички. Тоа ти е све продавање гола вода бре брате! Со кој мозок сум купила неколку, не едно туку неколку такви . Други не ми текнуваат, ама ако ми текнат обавезно ќе дојдам да ги запишав и да го овековечам моментот
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Од водење јо-јо борба против акни со разни препарати, се одлучив малку да се префрлам на природна база. Производиве ми се мелемче за лице, во комбинација со веќе добро познатиот Асо Дерм на Алкалоид.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Најзадоволна од базава! Нема на кој не ја испофалив и препорачав. Сенката ми стои цел ден,баш ја тестирав :geek: Oд маскарава на Авон не сум баш задоволна.. Преубаво ги издолжува трепките,ама мене многу ми ги лепи,тоа ми е голема замерка. И тоа 1,2,3 е добра реклама.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте own: :up: Иста цена а огромна разлика во квалитетот, од Аура моливот за веѓи не сум задоволна бидејќи е премногу сув морам да го наоштрам за да црта и така за секое цртање на веѓите дури и тогаш слабо црта, незнам дали е до квалитетот на моливот или јас можеби го имам купено стар, но затоа си најдов одлична замена за истиот и плус подобра боја, Римел молив за веѓи, одлична текстура и неморам да го оштрам за да црта, ене неколку дена така си стои ненаоштрен и црта како нов, сепак Римел има доста добар квалитет.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Некоја феминка го пофали сапунов, па да го пофалам и јас. Не стварно, многу добар сапун е. Во аптека го купив, 90 ден. И го користам од Февруари некаде, и многу малку се потроши. Од ова многу ми се исчисти лицето, и многу ми е меко лицето потоа.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте презадоволна, многу брзо се впива во лицето, лесна крема а и убаво мириса
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Задоволна сум од тоников, ми го чисти и освежува лицето, не ми ја суши кожата и убаво мириса Не сум задоволна од пудрава, иако гледам дека сите ја фалите. Воопшто не ми одговараше, како гнасно ми го правеше лицето.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Ептен ми се погоди карминов на Римел. Многу убава нежно-розева боја каква долго време барав (150 Piccadilly Pink)
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Задоволна од: -Маска кога се лупи од Орифлејм, светло зелена опаковка. Многу е убава, го навражнува лицето и дава свеж изглед. -Катран сапун од Докторс. Леле луге, леле леле леле. Ке си умрам што не го открив порано. Суши брунчиња, ја измазнува кожата, на задникот ми беше кожата за никаде- ја исчисти, мирисот не му е баш нај нај, ама се издржува. Од Зегин е 60 денари, и нема штета ако се употребува секојдневно било каде. Инаку на сликата е претпоследниот сапун. Бидејки сум многу задоволна од него, сега ке го земам и сапунот од Докторс со антицелулитно дејство, па ке ви дадам овде репорт.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Mногу,многу сум разочарана од овај facial wash aloe vera на боди шоп,овај е за осетливо лице,ми се допага што е во пена и убаво мириса,но не прави ништо на лицето,дури како повеке да ми ги иритира акните,со сила го трошам,дури кога ја вадам шминката со ова,после тоа лицето ми е никакво,ме чеша и ми се појавуваат нови акни,и жалам што го купив A презадоволна сум од овај чистач за лице,пилинг што ли е од Lush(знам опседната сум на сите теми досадувам ) Jас по грешка го земав овај,тој бил за мрсна кожа,а јас немам си го мириснав,убаво ми мирисаше на лаванда и си го земав,го чисти лицето и после тоа преубава ми е кожата,и некако како убав сјај да му дава Angels on bare skin