Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Мојата кожа нема осетено поубаво нешто од пудрава на Еуцерин. Не е баш пудра пудра, многу е течна и има нежна боја, нешто како подлога му доаѓа, за заштита од сонце е. Бидејќи имам чисто лице и немам што да покривам мене ми прилега одлично, лесна е и лесно се нанесува. Вреди за сите пари. Околу 700 ден е по аптекиве. Angell ќе ти одговорам тука затоа што си ставила забрана за праќање на лични пораки. Мислам дека има само една нијанса кремава, но се приспособува на тенот и прикрива недостатоци, но е многу лесна како млеко за лице да си ставила. Се упива во кожата и дава изедначен тен и мат ефект, не свети, не е мрсна. Најубаво оди во аптека ќе ти дадат тестер и испоробај ја, јас од една аптека во Буњаковец ја земав, но ја имам гледано и во другиве аптеки.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Јас лично сум задоволна од целата линија на Vichy производите, ја користам норма дерм линијата за проблематична кожа, зошто имам акни...и пудрите им се топ...ги препорачувам на сите...Еуцерин не ми се допаѓа уште толку ми се исфрли лицето...бљак... А да и обоена крема со пудра на ова време НИКАКО НЕ...кој пробал знае....ужас е целата линија...во Германија ако си била ќе видиш дека во маркети се продава...бљак, бљак,бљак
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Не можам да опишам колку сум задоволна од маскиве на Aldo Vandini. Првпат ги користам, а беа со некоја промотивна цена во ДМ од 76 ден. Лицето ми беше суво и некако грубо после одмор, а сега ми е како ново. Особено задоволна од маската за прочистување со лековита кал и магнезиум. Прави чуда со порите и црнките. Купив и регенеративна за позрела кожа. Единствен недостаток е тоа што амбалажата не е поделена во два дела како што се обично спакувани маските за лице. Јас направив помал отвор и после убаво го затварам со спајалица. 15 мл има за најмалку 4 употреби.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Коректорот од есенсе за тие пари супер си ја врши работа,имам претежно чисто лице но мрсна кожа и ми одговара коректорот Целата колекција на garnier pure за мрсна кожа,неа не ја менувам,они кои имаат мрсна кожа на лице топло им ја предлагам И маскарата one by one na maybeline,пак си се вратив на нејзе,неодолива ми е
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Производ на сите времиња ми е Seventeen руменилото. Дава ептен природен изглед, ми трае веќе година дена. Не се впива, останува цел ден на лицето. Одбрав некоја нежна розевникава боја. Прилично сум бледа, па кога ќе го нанесам ми дава свежина на лицето. Пофални зборови имам и за светките за очи на Seventeen. Во мали количини ептен софистицирано изгледаат. Ги купив заедно со лепак/подлога за нив. Ама видов дека далеку поприродно изгледаат само така нанесени.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Ивана а ти vichy ги рекламираш или што? Од 3 мислења што си ги постирала-3те ги испофали vichy. Антиреклама на eucerin,реклама на vichy,молим те И јас сум презадоволна од еуцерин, од се буквално,крема,тоник,млеко,лабелото немам зборови..........ама не отварам профил само за да ги фалам Оваа новава крема не сум ја користела со боја што е,ама за на лето супер работа ке заврши-ем убав тен, ем заштита. Исто така многу сум задоволна од производите на балеа-си купив фактори за тело преубаво мирисаат,и не изгорев што е добар знак.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Задоволна од: -бекутан кремата со цинк оксид -клиндамицинот на галафарм -вазелинот на галафарм (идеално нешто за нега на усните) -мерц дражеите кои придонесуваат за подобрување на текстурата на лицето -seventeen natural velvet пудрата -речиси сите лабела на нивеа Не сум задоволна од: -еуцерин кремата Ph5 -дебора пилингот за лице -хлорамфениколот на галафарм -артдеко коректорот (многу прекрива но воопшто не дава природен изглед а и претежок е за мојата кожа) -nivea oxygen power за миење на лице (пред неколку години го пробав и до денес не можам да го заборавам катастрофалниот квалитет)
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Ај и тука да прашам пошто е повеќе посетувана темава. Знаете ли за што се овие производи, ги имам дома ама не им го разбирам упатството на германски.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Задоволна од млекото за чистење лице Задоволна од оваа крема за раце, фантастична хидратација И почнав со добри зборови за Нивеа витаминшејк лабелата зашто се залетав на одличниот вкус и мирис. Ама сваќам дека влажноста која ја даваат е речиси никаква. А за тоа зимам лабело хидратантно да е, а не по 5 минути да ми е устата барут сува. Се враќам на Росал, уааа за Нивеа мислев се подобриле, ама сваќам дека НИШТО од оваа фирма не ме бендисало и продолжува тоа и во иднина со нови производи own:
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Сум заборавила еден производ да го ставам тука, а дефинитивно заслужува почесно место овде во оние од кои НЕ сум задоволна. Освен сладок мирис лабелово уствари нема врска, нит ја омекнува устата нит ја штити. Најлошо од се е што не ни се задржува на усните па после 20тина минути се ко да не си ставил ништо на нив. Гумена бомбона и строго непрепорачливо, првото разочарување од Росал. own:
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Морам да ги спомнам, зашто комбинацијата од лосионов и кремот за длабински третман на акни на Јанг Дерм ми го вратија лицето во живот. А морам да го додадам и лабелцево - порано бев многу скептична кога се работеше за мирисот на мед и млеко, ама летово дефинитивно ми е хит. Прекрасно ми е - хидратира, опива со мирисот и трае.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Презадоволна сум од производите на Мax Factor и Gosh... калајот за очи на Max Factor и 2000 calories маскарата се прекрасни и долготрајни! Од нивните пудри ја користев Lasting performance, малку сува за мојата кожа ама многу убаво се изедначува со лицето и не ни се познава дека си ставила пудра! Што се однесува до Gosh, кармините и сјаевите им се топ. Го имам ова како и сјај во иста боја која е супер за на лето! Многу долго траат. Единствено не сум задоволна од пилинг лосионот од Clean&Clear ... Имам многу чисто лице, со многу малку мрсна Т-зона. Го користев онака, да исчистам некоја непостоечка црнка Проблемот е што чувствував горење на лицето и престанав да го употребувам. Исто така забележав и екстремна сувост. И го дадов на сестра ми која има мрсна кожа и таа нема никаков проблем. Исто така, не сум задоволна од пудрите на Miss Sporty... воопшто не покриваат и воопшто не трајат од кога ќе ги нанесеш.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Да не беа позитивните коментари на форумов, овој производ немаше ни да го погледнам, најмногу затоа што течната пудра на Јанг Дерм, мене лично ми е грозна. Е подлогова или тонираната крема е сосема друга приказна. Нешто најпријатно и најнежно што осетило моево лице во последниве години. Го дава она што е најпотребно - изедначен и свеж тен. Според мене, оние што имаат чисто лице може комотно да ја користат без пудра, особено на овие 40 степени.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Јас ја купив во Веро, околу 90 и нешто денари.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Нивеата е гел-крема за мрсна кожа, има матифицирачки ефект. А втората е крема за нормална или комбинирана кожа, има фактор 6. Само толку можам да видам од сликата. Се надевам помогнав.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте http://www.nivea.mk/products/Face-Care/ ... %20-%20OFF дали некој го има користено? Дали сте задоволни?
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Rimmel London 140 - суперзадоволна! Сенката е бебешко розево и изгледа многу нежно. :up:
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Јас сум задоволна од овие прoизводи: А не сум задоволна од: многу ми е мрсна а пак кога ќе се намачкам на лице целата светам