Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Ако сакате да имате чисто лице, ви го препорачувам пилингот - Nivea clean deerer. Околку 265 денари е во аптеките, но вреди за сите пари. Пробајте!
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Колку што бев задоволна од Нивеа колекцијата за млади-толку не сум Долго време ми требаше да сфатам дека ништо не ми помага туку само одмога и само лупав пари на неа Лицето ми се исчисти со едно обично Здраве од 50 ден така да не се што е скапо е и квалитетно,за жал,времињата се сменија. Купив Неутрогена пилинг,во план сум и кремчето да го земам,баш ми е пријатно сега за сега
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Задоволна сум од кремите на Dove, навистина убаво ми го прават лицето, не се тешки и не ми го мрсат. Многу мислат дека бебешките работи се добри за лицето, но јас користев Бекутан едно време и ми ја мрсеше кожата, незнам некако тешка ми беше, ми ги затвараше порите... За тело производите на Бекутан да, но за лице дефинитивно Dove
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте ^ Јас ја користев Бекутан кремата, ама кожниот лекар ми кажа да не ја користам многу често, бидејќи е мрсна и повеќе црнки ќе ми се напраеле.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Од подлогата сум презадоволна, од толку ББ кремови се одлучив токму за нашата од многу причини, ај што сите ја исфаливте, но најмногу заради цената и затоа што е за одреден тип на кожа каква јас имам. Сите ББ кремови што ги прочешлав кај се скапи уште се наменети за секој тип на кожа, што мене ужасно ме иритира, јас сакав крем за комбинирана кожа и овој е полн погодок, ја земав 6-та за летен период бидејќи сум црна како циганка и не погрешив, многу убаво го изедначува тенот, кожата е навистина мазна и има здрав изглед и што е најважно не ми сјаеше Т-зоната и не ми се појавија проширени пори, кога ќе ја потрошам пудрата што ја користам ќе преминам на ББ крем од Јанг дерм, што се однесува до покривноста мислам дека е солидна всушност јас и не патам од акни туку од поткожни а кремот убаво ги покрива, дури и оние менструални бубулички што за мене е сосема доволно. Супер задоволна! :up: А заборавив уште еден важен производ кој го пробав сефте ова лето а тоа е: овој крем, Нивеа за комбинирана до нормална кожа, благодарејќи на некои позитивни коментари на форумов се одлучив да го заменам долго употребуваниот крем на Грин лајн од јаболко, и гледам воопшто не сум згрешила, лицето ми е џам, ги исчисти оние грозни дупчиња и намали проширените пори. Навистина одлична крема, има уште една верзија на кремот, за комбинирана до мрсна кожа, во некоја друга прилика ќе го пробам и тој, можеби тој требаше за летен период да го земам, а овој за зимо, но бидна! Друг пат!
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Женски дали некоја користела креон или туш од Севентин? Ќе ми каже некоја дали е задоволна? Планирам после да си купам, па да видам мислења
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Четката од Боржуа. Среќа не ја платив, него ја добив со пудрата иначе ќе утепав некој. Првите месеци супер си беше четкава, ни влакно и паѓа ни ништо. Ама од пред некое време, луѓе цели купчиња влакна и испаѓаат. Кога ставам со неа камена пудра пола влакна на лице ми се. Се изнервирав и си седи така. Па вујна ми има една плава четка од пред 20 години ни влакно и паднало ни ништо, а оваа ни 6 месеци не трае. Ај да ја користев секој Божји ден, ама јас знам и без пудра да поминам. те го злото... Новите сапуни на Палмолив, оние големите брат ми што вика во рака не можеш да ги фатиш апсолутно ги обожавам. Прво пакувањето им е толку убави, такво старинско и преубаво мирисаат. Во последно време само такви користиме, и за миење и во плакари. Прекрасни.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Овие многу ги фалат бе Ги има ли некој пробано, или некое мислење така да ми кажете?
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте ги имам користено само првите 2 производа од 1-та слика и сум многу задоволна од нив. првото што е за мозолчиња ги суши мн бргу и е мн ефикасно. се надевам дека помогнав
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Aхам, епа добро, фала многу за помошта, ќе пробам и јас. Иначе имам претерано мрсно лице, постојано ми се мрси
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Јас имам и туш и креон користено од Севентин супер се, особено креончето
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Од маската од авон со лупење сум презадоволна, сите мозолчиња ми ги исуши, а и ми го оемкна лицето. Препорачувам :up: Од ова лабелото од Орифлем сум презадоволна, ептен ми ги омекна усните. Препорачувамм
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Презадоволна сум од кремот Rosal - Hydro fresh. Сум пробала секакви кремови од Nivea, Garnier, Avon, Oriflame... но, ниеден не е добар како овој. Моментално се упива во кожата и ја прави многу мека и мазна. Многу е лесен и не е воопшто мрсен. Го користам и како подлога за пудра. Засега го имам пробано само денскиот, а можеби и ноќниот ќе го купам
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Зошто многу добро ми го чисти лицето. Заради преубавото чувство на бебешка кожа ко ќе се разбудам Незаменливо, го користам со години , помеки усни амин Исто многу ми се погоди. Ставам речиси секој ден, и ми трае по една година. И многу е добар за нанесување, има прецизна четка
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте задоволна од средствово 2 во 1 за миење и маска за лице а незадоволна од
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте :up: Задоволна сум, воедно и пријатно изненадена од сапуните на Dove. Искрено, очекував дека ќе се исфрлам ужасно, немам појма зошто, ама имав такво претчувство. Сепак, се покажаа одлични и мислам дека ќе почнам редовно да ги купувам. Ги зедов овие два, ко бајаги плавиот, класичниот за низ дома, а зелениот за во другата дома. Ама стварно не можам да издвојам кој поубаво ми мириса - резултатот е ист и со двата сапуни - мазно, меко лице, не го чувствувам воопшто затегнато, ко да сум ставила крем. Ајде нека биде тој со краставичка намбр уан, некако повеќе ми е при срце.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Денес ќе фалам. Задоволна сум од еден туш на малена ама не можам да најдам слика на интернет. Ги има во Космо, на мојов вика liquid eye architect и го земав за да си ги искористам поените. Беше 150 денари ама се покажа одлично. Како фломастерче е, ама со одлично прецизно врвче. Кога се шминкам, без туш не сум а овој ми се погоди и за подебели и за потенки линии. Одличен.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте И се разбира тонираната крема на ЈангДерм. Немаше ни да ја забележам оваа подлога за шминка ако не прочитав на форумот. Мириса одлично, кожата ја прави мека, ми се погоди за помрсната Тзона, па најчесто таму и ја нанесувам. За 98 денари и то како вреди. :up:
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Видов низ темиве дека ептен се постирани сапуните на Dove и кога бев во Веро ми текна на Мишела и си го купив сапунов Се сложувам со се што рекла. Кога ќе се измиев со лосион/гел навечер , сабајле светев цела во лицето. Сега само сапунов го користам( да видам како функционира) и предобар е. Не ми е ни мрсна ни сува кожата. Наговорив и другарка вчера да си го земе