Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте јас пак напротив. презадоволна сум неможам без неа
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Оној пилингот од колекцијата Swedish SPA на Oriflame,е баш добар,мене ми помага во отстранување на црнките од носот.А,незадоволна...незнам,не користам многу креми за лице...
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Лосиончево Ги има три варијанти, ова, silk и cashmere. Мис индепендет мислам го имаше пофалено cashmere, и отидов да си го земам, ама многу повеќе ми се допадна мирисот на ова горе што го постирав. Цената во ДМ со попуст му беше некаде 260-270. Одкако ке го нанесеш, мирисот е ок некаде до 2 часа, ама потоа се менува и го има најодвратниот мирис што некогаш го имам сретнато некаде. Прв пат ми се случува ова. Незнам за другите две, не ми беа толку привлечни миристе за да ги испробам ама ова никогаш повеќе.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Ај стави слика од кој пилинг користиш, јас како што видов сите се за тело од Swedish SPA...
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Кашмирот е рај, и после 3 часа и после 3 дена исто мириса, сега нормално малку избледено, ама мириса, преубаво. Наредно не се мисли земи си го тоа, само што според мене повеќе е летен мирис бидејќи мене лично на кокос ми удира некоја нота, а кокос ме потсетува на лето.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Здраве кремата е добра НО само ако ми се појавува некоја поголема поткожна акна, па тогаш ставам здраве врз неа и го смирува местото и се повлекува акната. Меѓутоа на веќе излезени акни, уште па и ако ги стиснеш и ставиш здраве тоа и повеќе и повеќе ќе собира и бетер ситуација излегува. Затоа за акна која почнува да се појавува Здраве е совршено, за веќе искочена акна па уште ако ја стиснеш нема подобро од Хлорафеникол, едноставно ја дезинфицира и суши. Затоа е добро и двете да се имаат дома. Иако мојот глас оди секогаш за тоникот Хлорафеникол, мене лично многу повеќе ми помага. Најзадоволна од оној на фитофарм, иако и на галафарм е ок, ама фитофарм е мааалку подобар. Мене ми е тоник на векот!
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Евелин имаат прилично солидна козметика, ама ова течноста за вадење на шминка ме излажа убаво. Прво со цената а второ краткотрајно ми делуваше позитивно. Ефтина е, само 175 денари за 200 милилитири, за разлика од други средства кои се над 250 па може и повеќе ова е ефтино. Али не е за мрсна кожа според мене, затоа што многу брзо после употреба ми избива мрсотијата на носот и ми свети и носот и челото. Прво мислев дека од кремата дека сум претерала со ставање пред спиење, али денес не ставив крема после чистење и истото се деси. Ми се допаѓа што е благ, не мириса лошо или јако има неутрален мирис, не ме пеачеа очите или лицето, убаво ја вади преостанатата шминка али ова со мрсотијава ме изненади негативно. Си се враќам на стариот добар(но скапичок)Трипл екшн на Лорал, само он ме разбира како што треба..
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Препрекрасна пудра, и уште стопати би ја пофалила ,моментално ја користам ,со една мала капка ми ги покри дупчињата и темните кругови под очите, веќе немам потреба од коректор и камена пудра со пудрава. Презадоволна од маскарава! И издолжува и згуснува и лесно се вади. Катастрофа! Почетокот ми беше ок,ама сватив дека од неа останав без трепки
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте моето најкорисно откритие коректор на годината, ма и најдобриот што сум го користела во животов чиста 10ка чини околу 1200 ден но вреди секое денарче
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте цената е мислам 149ден ама ги има само во Скопје,во ДМ маркетите
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Го нема во Битола, го има само во ДМ дрогериите во Скопје.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте Задоволна сум од: http://www.seventeencosmetics.com/uploads/images/Time_Plus_20090326092407.jpg Оваа пудра ја користам од прва година средно, а сега сум четврта на факултет. Тоа ти се околу 7 години и презадоволна сум, за ништо на светот не ја мрнувам. Пудрата е околу 400 ден. Најевтино што сум ја нашла е 390 а најскапо 450. Во еурофарм аптеката е 410ден. http://www.beautycosmos.com/files/en_fantastic_lash.jpg Макарата е неверојатно добра. ја открив пред неколку месеци кога и ги видов трепките на другарка ми кои изгледаа совршено. http://mcdn01.gittigidiyor.net/3283/Mucize-Krem-Zdrave__32837217_0.jpg Кремот ја прави неверојатно мека кожта. Јас го мачкам и на лице и на тело, поточно секаде каде што ќе забележам, мозолка или флекичка. http://www.rossnet.pl/GalleryImages/Photos2/11-10-12/thumb31_9151552.jpg Ова е неверојатно чудо кое ја прави совршена мојата коса. Не е кератин за исправување на коса туку за зацврстување, регенерирање, сјај и здрав изглед на косата. А и воопшто не се плетка косата. не само што лесно се расчешлува додека е влажна туку лесно се расчешлува и до следното миење. http://parfumcenter.hu/elements/products/17629/md_dove-go-fresh-restore-soap.JPG Сапунот го користам речиси година затоа што спречува кожата да ми е сува, и дава еластичност и го спречува перутењто.
Производи за лице од кои сте задоволни, а од кои не сте http://ecx.images-amazon.com/images/I/410OtswlGbL._SY300_.jpg Многу е добар оштетена коса. http://sklepkratka.pl/pol_pl_ELDENA-balsam-do-ciala-Body-Lotion-500-ml-620_1.jpg Кожата на телото ми ја прави многу мека и нежна. За телото најпрво користам пилинг од маслиново масло и шеќер за време на туширањето, а после тоа нанесувам од овој крем и кожата е неверојатна! http://www.doma.com.mk/img/artikli/13316g.jpg неколку часа пред да ја мијам косата нанесувам ореово масло. Маслото и дава сјај на косата. За депилација користам шечерна паста која сама ја правам. И многу жалам за времињата кога ја немав откриено оваа паста и купував ролон восок, ленти за депилација а најмногу за вит кремот. И тоа е се ...
Имам читано доста пофални зборови за Мејбелајн маскарите и тука и од другарки и решив да ги пробам. Ги купив овие две: Спојлер И морам да кажам дека сум ужасно разочарана, посебно од првата. Природно имам многу долги и густи трепки а маскариве ми ги исполепија трепкиве, еден слој не можев асално да ставам и не знам зошто ама многу трепки ми испаѓаа и страшно се изнервирав. Ретко користам маскара и кога користам сакам да е добра. Веќе не купувам Мејбелајн маскари, дефинитивно.
Не можам да го ставам во производи на месецот, зашто денес ми го подарија, ама дефинитивно чувствувам ќе ми биде производ за месец јануари. Иако за време на зимата сакам потемни нијанси на кармини, често носам бургундец боја, вишна, црвена, темно розева, сепак сакав да си најдам некој убав nude кармин. За моја среќа мајка ми денес ме изненади со најубавата неутрална нијанса на кармин што сум ја имала досега, Bourjois Rouge edition, нијансa 03 Peche Cosy . Ми ми го купила за празнициве, мало поклонче, жената првпат да ми одбере нешто по вкус, знаеше дека барам таков кармин после неколкуте купени темни нијанси сезонава. Траен е ептен, денес го пробав и не мрдна цело време додека бев излезена, кафе пиев, јадев палачинка и уште си стоеше на уста. Не е воопшто сув, баш напротив одлично ги хидратира усните. А бојата што да кажам, прекрасна. Јас ги сакам nude кармините што се повеќе накај розе боја, овој и некако на праска малце мава, поубави ми се од тие накај кафеаво. Презадоволна сум. Спојлер
Многу сум задоволна од кармините на Лореал. Станува збор за овие L`oreal caresse lipstick: Имам 4 вакви кармини и тоа овие бројчиња: 101, 102 и 301 и ова: Боите се исти како на сликата, така ми испаѓаат и на уста, ако сакам поинтензивна боја нанесувам повеќе слоја, мене и со еден слој ми се многу фини. Хидратантни се, ја омекнуваат устата, не прават онакво тешко чувство ко да имате мрсен кармин на уста туку се онака ко лабело. Имаат пријатен мирис многу нежен дури не се ни приметува. Немаат голема трајност ама едно 3-4 саат стојат на мојава уста без да јадам пијам... Преубав избор на бои има, јас сакам да ги имам сите! Цената им е 500-600 денари се начекуваат и на попуст до кај 400 денари. Производ од кој не сум задоволна е гелот за миење на лице од Диор за сува и чувствителна кожа: Нежен е со кожата тоа да, не пени што ми се допаѓа, можеби за површинско миење е ок и на него си пишува gentle можеби не е тоа што јас барав, јас не сум задоволна од тоа како го чисти лицето. Кога после миење со гелов ќе си го поминам лицето со тоник сеуште имам многу остатоци од пудра иако пред да мијам со гел сум го поминала лицето и со млеко за вадење шминка. Не сум задоволна од тоа како ја чисти кожата, па не ја чисти туку само колку да се рече дека со средство сум се измила, премногу е слаб за да може да извади шминка, сигурно за секојдневно миење на лице за девојки што не користат шминка и имаат многу нежна и чувствителна кожа би бил ок, воопшто не е агресивен со кожата, премногу е благ и поради тоа слабо чисти. Цената му е околу 1400 денари во Космо.
Премногу задоволна од топ коатот на Римел со било кој лак да с налакирам , дури и ГР , лакот ми стои до 6 дена дури потоа почнува да се лупи , потрошен ми е до пола па здравје пак ке си го купам
Golden Rose RICH COLOR One Step Maxi Brush - бордо нијанса. Се излакирав и после еден час лакот од врвовите на ноктите ми беше избришен, излупен. Се што направив во тој час е што се пресоблеков (нормално, откако лакот беше целосно исушен). Ниту раце не измив во меѓувреме за да не го расипам. Ми се допаѓаше нијансата од само еден слој, но за секој случај ставив два слоја за да испробам дали така ќе стои. Се случи истото - врвовите беа избледени (избришани) и мораше да ги поправам од ново. Ги поправив и повторно истата приказна. Во глобала, кога и да ги поправев, врвовите после еден час повторно беа избледени. Ова немаше да биде проблем ако се работеше за некоја побледа нијанса на која немаше да се познава толку многу. Инаку, се до овој лак немав проблем со нивна долготрајост. Имам други лакови од другите линии на Golden Rose со кои немав никаков проблем. Можеби е до тој лак, можеби е до целата линија, само знам дека не ми се допадна.