Некоја феминка ги има пробано производите на La Soy? http://www.lasoy.com.mk/index.php?p...id=15&option=com_virtuemart&Itemid=71&lang=en Јас ги мерка шеа путерот и путерот за тело со чоколадо, ама не сум сигурна
Презадоволна сум од следниве производи: -Сите мат кармини на Golden rose, трајност и апсолутна боја. -Garnier тонерот и млекото за чистење лице (grape water) -Од целата Anew Vitale +25 од Avon, посебно од дневната крема -Од црната Planet Spa колекција (маска за коса, маска за лице и кремот за околу очи се предобри, додека ноќната крема е океј но не толку добра како другите производи)
Луѓе ова е разочарување на годината!! Често се случува да експериментирам со некои парфеми иако Crystal Noir и D&G light blue ми се омилени решив да го купам Armani code. Женски, да не сте се излажале! Се сомневам дека на оваа планета на некоја би и се допаднал овој парфем. Немаа тестер моментално на фришоп беше потрошен, а оние толку многу пофални зборови ми кажаа што мислев дека ќе паднам во несвест кога ќе го мириснам. Б Љ А К !! Никако!!
Производите на брендот на макадемија професионална линија а нега на коса. т.е оваа Пред се заради цената, зашто се ѓавол ипол, а не вредат ни за пола од парите. Ги немам пробано сите, само маската, спрејот за отплеткување на коса и шампонот. Не дека ужасни ама се просечни, дури и испод просечни. Шампонот и маската посебно. За пола од тие пари имам земено шампон и регенератарот на OGX што мене ми се фантасично поогодени, па кога ќе ги споредам со овие ми е како да сум купила петпарачки шампон од бреза. Мирисот ми е ужасно лош и јак, плус нема никакво подобрување на сјајот на косата како што ми ги исфалија, баш напротив косата никогаш не ми била полоша и порасцветана, а се пеглам еднаш во неделата не секој ден. Мое мислење зачувајте си ги парите, не секогаш многу пари значат квалитет, ама овие трговски марки ни го поматија умот по малку.
^^Јас пак сум презадоволна од овие. Ги имам користено само маската и маслото,ама квалитетот им е супер.Поскапи се во споредба со други,ама вредат и тоа како.Мене многу ми се погодени,ми е страв да ги трошам дури дури не си купам залихи. Е сега,нормално дека немаат ист ефект на секаков тип на коса.Мојата бара екстра нега и баш сум задоволна.
Не сум задоволна од шампонот од лук на Афродита. Ми кажаа дека бил добар за згуснување на косата. Во него имав ставено и ампули В6 и В12 заедно со D3 капки. Не го видов очекуваниот резултат,после 2 недели започна да ми ја мрси косата и ме чешаше скалпот,а и не е како другите шампони,не ја остава косата помека туку некако како да шкрипи при измивање а и потешко се чешла после. Не ми се допадна и престанав да го користам.
Не сум задоволна од лаковите на Авон. Се лупат ептен брзо, а што е потрагично ми требаше половина шишенце ацетон за да ги отстранам убаво од ноктите.
Не сум задоволна од Алверде моливот за очи во крем боја, слаба пигментација, многу пати треба да пројдам за да остави убаво и слаба трајност. Презадоволна сум од Римел 24h пудрата. Многу е подобра од другата ластинг финиш бидејќи ми е попокривна, не го суши лицето, а останува мат и трае буквално цел ден.
Можеби на некоја од вас ќе и биде смешно и чудно што тоа толку има за фалење кај овој нискобуџетен шампон, ама јас за ниеден шампон не би го заменила Wash & Go. До неодамна повремено правев обиди да го заменам со некој друг како Garnier, Loreal, Nivea (морам да кажам најлоши шампони за мојата коса!), Keune, Pantene, Head & Shoulders итн. Еве ги сите ми стојат во ормарчето и го чекаат денот кога ќе се најдат во канта. После првото миење си печалев еден тон првут (од кој ме чешаше главата небаре вошки сум фатила, скраја да е), а косата морав да ја мијам секој втор ден затоа што покрај вошките ризикував луѓето да си помислат дека косата ја чувам како маслодајна репка Само со Wash & Go косата не ми се масти добри 3 дена (четвртиот веќе ја мијам, за да ми се фатат две миења во текот на недела) и никогаш не ми предизвикал првут.
Задоволна сум од овај шампон и регенератор затоа што ми го вратија сјајот на коста и косата ми седи сјајна 3 дена. А не сум задоволна од :
Исто и јас сум презадоволна од шампоните на Wash & Go. Одлично и влијаат на мојата коса, даваат волумен, пријатен мирис и споро ми ја мрсат. Единствена замерка ми е што ми ги сушат врвовите, ама со маска и регенератор се средува и тоа. Понекогаш експериментирам и со други шампони, чисто за да не ја презаситам косава, ама на крај секогаш се враќам на Wash & Go.
@Sw3et.Ang3l ја купив на попуст од парфимерија Шатци 330 ден, можеш уште да начекаш https://scontent-fra.xx.fbcdn.net/h...=de562d7dfb31d5f34bd764f53839848b&oe=559E32AC
Задоволна од кармин на Golden Rose 2000 - линија (сребрено/сиво пакување). Конкретно, од бројот 144. Имам и друг од оваа линија кој е мат. 144 е кремаст, со суптилна нијанса која е добра кога треба да си подготвен за кратко време и не треба да мислиш на шминка и ги задржува усните заштитени од надворешни влијанија и што е најважно ги хидратира и не ги суши. А го зедов онака колку да не излегувам без ништо од парфимерија зошто го немаше тоа по кое појдов Понекогаш работите кои најмногу ги користиме, ретко се споменети низ ваквите теми зошто сме навикнати на нив. Туш за очи со мека четка (и златно капаче) - Golden Rose. И порано го имав пофалено. И јас не знам колку пари имам фрлено за туш со мека четка кој за ништо не го бидува. Овој е одличен. Moжеби некому нема да му се допадне токму заради флексибилноста на четката и на оној кој не е прецизен, но мене ми е одличен, можеби заради тоа што почнав со таков и од тогаш не сум ни сакала да променам. Estée Lauder - тушot за очи e oдличен но значително поскап, а и количински помал. Всушност, со тој се навинкав на мека четка и можеби затоа си ги поставив стандардите за добар туш уште повисоко, но со тоа што пронајдов поефтина алтернатива, нормално дека ќе продолжам со неа. Дури и не знам дали воопшто уште го има илибил Limited edition зошто не е купен од тука и е од одамна. Непишано правило е дека кога ќе ја сменат амбалажата на било што, го менуваат и составот и најчесто кон полошо. Така е и во овој случај. Таман си пронајдов шампон за мојата коса (од малиот милион кој само ми зафаќаат место), ја променија амбалажата и многу веројатно и составот. Имаше останато уште за неколку миења од стариот и ги споредив, дури и бојата им е различна. Ако го користам стариот - косата не ми се масна. Ако го користам новиот, пак си е по старо.
Не сум воопшто задоволна од aura beauty blender. Не е погоден за нанесување на коректор под очи, кога ќе го намокрам не се зголемува и како да не ја прима водата. Го користев тој на ebelin, па може затоа овој ми е чуден. Како и да е, не би го купила пак.
Не сум задоволна од шампонот на Џонсон со лаванда. Никако не можам да ја измијам убаво косата со него и многу ми ја заплеткува. На мајка ми и е одличен. Ќе си се вратам на Гарние, од нивните производи за коса нема кој не ми одговарал и од сите сум задоволна.
Незадоволна од овој тоник на Балеа Лоша навика ми е тоа што секогаш купувам различен тоник, па ми се случува да го утнам и така да ми стои. Откако го потрошив Кливенот, решив да земам ваков зашто го користам гелот од истата линија и ми е преубав! Арно ама, тоников не ми се погоди. Мирисот е убав, ама составот како да ми е премногу јак. Чувствувам печење по целото лице од него. За нормална/комбинирана кожа е, гелот многу ми е убав и секојдневно го користам, ама од тоников се откажувам.
Не сум задоволна воопшто од гелот за миење од Севентин. Малку да го притиснеш излегува многу производ , тешко се одстранува од лицето треба милион пати да се измиеш за да излезе и мириса многу многу јако на ментол. Џабе тие 6 евра што ги дадов. Прездоволна сум од пената за миење на лице од Лореал. Мириса преубаво нежно , а лицето исто убаво го чисти , идеално е за тие со мрсна кожа ко мојава.