Презадоволна од тоникот и кремата за проблематична кожа од Гарниер. Исто така кремата за очи од Зиаја
Ми се потроши мицеларната на Bioderma, а затоа што си ги испотрошив парите по други нешта, решив да сменам и да ја земам онаа Corine de Farme. Прекрасна амбалажа со пумпица, дизајнот е одличен, обожавам вакви ненападни етикети и добивате 500 мл производ за 270 мкд. што е сосема во ред, испаѓа поевтина варијанта дури и од мицеларната вода на Garnier. Ја купив од Зегин, пред неколку месеци. Споро се троши, неколку мали истиснувања ми се доволни за да исчистам лице солидно, т.е. да ја подготвам кожата за миење со гел или пена за лице. Има некој недефиниран мирис кој ниту ми смета, ниту пак ми е нешто посебно омилен. Не знам дали со текот на годините додека користев Bioderma ми се смениле приоритетите, но малку се разочарав. Не дека производот е лош, навистина не е и одлично си ја врши работата, но не ми е тоа тоа. Шминка од очи, од типот - туш, сенки, светки, глитери итн. чисти беспрекорно добро, лицето го остава без трошка пудра, но смрт е за вадење маскара. Моментално ја користам Lash Sensational на Maybelline и само ми ја замачкува во кожата под очите, ми прави некои твродокорни флеки кои потоа одвај ги вадам со масло. Ја отпишав за вадење маскара, па трепките ги чистам со двофазен отстранувач или со моето DIY средство. Лицето и остатокот од шминката ги чисти беспрекорно, па за тоа немам што да замерам навистина. Би ја купила пак, но овој пат на време ќе се „опремам“ со посебно средство за вадење на маскарата. Тестирав и на други маскари, ама ефектот беше ист, па баталив и ја користам за се` друго, освен за трепки. Средството е супер, но за да ги исполни моите очекувања и да кажам дека сум баш задоволна од истото, треба да го исполнува и условот „успешно извадена маскара од трепките“. Ако сте навикнати да вадите шминка од очи со двофазен отстранувач или некој сличен препарат, тогаш големи се шансите да ви се допадне оваа мицеларна вода.
Проидзвод кој не сум задоволна воопшто: Биотен ЦЦ кремата читав многу добри рецензии, ама мене никако не ми одговара ОК е све лесна до средна покривна моќ,нијансата е погодена.Големиот проблем ми е што ако пројдам преку моите подочнаци како и секогаш што правам со пудра пред да нанесам коректор тоа е УЖАС ме печат очите страшно ми солзат и покрај тоа што не ми влегол производ во моите очи.Производот го имам веќе месец ипол, ама морам строго да пазам да не пројдам покрај очите и доста е сува немам никава хидратација.
Лелееее офф топик ама се придружувам, кога прочитав ,сеа мене солзи ми потекоа пошто истото ми се деси, ужас.... Мене па ми ја мрси кожата мн , ми се исфрла. Никад веќе ,па и бесплатна да била! Башка 2 нијанси има ,со едната ко дух,другата само главата темна.
Јас имам светол тен ептен сум сеа како дух(лето добијам некој тен минимален)среќа нијанста ми се погоди по обичај овие светливе ниајнси знаат да ми бидат и претемни
Јас имам проблем со печење и солзење на очите од куп производи Пример од креми со заштитен фактор, од ноќни креми, од креми за подочњаци до креми против брчки - од сите се вцрвенувам и ми солзат очите се додека не ги измијам од себе. Првиот пат мислев дека е до кремата, ама од различни производи и брендови ми се јавува истава реакција. Конкретно CC кремата што се пожали @glittergirl ја немам пробано, но иста реакција имам од BB кремата на Carroten али не престанав да ја користам. На лицето ми беше ОК преку лето, пред се ради 50ка факторот, ама го избегнував пределот околу очите.
Презадоволна од Млеко за чистење на лице за сува и осетлива кожа - Биотен , Путери од кокос и чоколадо на cien , Обичен вазелин од аптека купен го користам буквално за се на сите го препорачувам и да ги сменат обичните лабела со вазелин .... Балеа - шампон за оштетена коса , мн сум задоволна бидејќи можам да си ја расчешлам косата и да си ја обликувам и не ми паѓа многу после миење како од други шампони, Заштитен спреј за коса од Авон Третман за обнова и зајакнување на коса од Авон ,
1. Aura Highlighter Воопшто не сум задоволна од овај хајлајтер, пигментиранос 0, со еден збор катастрофа. Читав позитивни рецензии на форумот и на интернет, но пакувањето е променето, а најверојатно и со тоа самиот состав. Жалам што сум потрошила пари за овој производ. 1. Essence extreme lasting eye pencil Го имам последното, го купив околу 120 денари и да бидам искрена мислев дека нема да е пигментирано и дека за џабе фрлам пари. Се изненадив од тоа колку е пигментирано, трајно, бојата е преубава. 2. Essence eye makeup remover Го купив од дм од Германија, не знам дали го има во Македонија. Треба добро да се протресе пред да се употреби и добро си ја врши функцијата. Нанесувам на памук, го ставам врз окото и држам неколку секунди, потоа нежно поминувам со памукот, ако нешто останало нанесувам повторно малку на памукот и поминувам на очите. 3. Deborah Contouring Palette Многу сум задоволна од оваа палета, цена околу 430 - колку што ме држи сеќавањето мислам дека беше толку со попуст. Нијансите лесно се блендат, одговараат на мојот светол тен (ги користам тие од лево и десно). Хајлајтерот е исто така многу добар и пигментиран.
Доколку има некоја девојка/жена што држи парфимерија ако сака да ми помогне, сакам да отворам па да ми даде некој совет кои производи се трошат најмногу, од каде набавува производи и сл. би и била многу благодарна
Презадоволна од антиперспирантот на Dove од калинка.Преубав мирис и трае многу долго,и секако заштитува.Исто многу ми е убав и лосионот на Dove од калинка,убаво мириса,негува и има некој разладувачки ефект. Воопшто не ми се допаѓа путерот за тело на фрутини.Го има во рамстор,мислам дека беше нешто над 300денари,како да не хидрира доволно.Само мирисот ми беше убав,јас го имам користено тој од манго.Геловите за туширање ми се убави на фрутини,200милилитри,околу 170денари мислам дека се.Кожата ја прават многу мазна што дури нема потреба од лосион.Единствено мирисот не се чувствува,ама мене тоа не ми беше проблем Clean and clear крем за лице против флеки-дали е ефективно не можам баш да кажам,ама остава убаво чувство на кожата и мене не ми ја мрси
Еве ме мене, да испокудам некоја крема... ZIAJA - NATURAL OLIVE CREAM Спојлер Кремава би требало да е за нормална/сува кожа. Можеби ако кожата ви е екстремно сува би ви одговарала. Мене ужасно ми стоеше, како да не ми се впиваше во лицето туку да ми правеше цела маска околу него. После погледнав состојките и видов дека навистина е "natural olive oil". Целата крема е парафин, а мене тој баш така ми влијае, како маска врз моето лице, никако да се впие во кожата... BIOTEN CC CREAM ALL IN 1 SKIN PERFECTION Спојлер Ја земав де ја користам како освежување во денови кога не ми се шета без ништо, а шминка не ми е потреба, или да ја користам под пудра (нели, moisturizer). Си го убив лицето од фалење тука колку немам никакви проблеми, колку ми е чисто, колку не ми се мрси и не ми се суши... Од кога почнав да ја користам премава почна да ми црвенее кожата, да ми се суши до тој степен што ми се лупеше и ми се создаваа рани. Пудрата ми се лупеше од лице, буквално како во парчиња ми паѓање, и имав цели парчиња на образите без пудра... Ужасно... Сакав да ја фрлам пудрата, помислив дека и ја смениле формулата, не очекував дека крема која сите ја кажуваат за сува до нормална кожа би имала таков ефект на лицето. Денес ја тргнав, и еве, веднаш е подобро... уште да си го исчистам лицево од раните кои ми ги направи... Златни Алверде креми, морам и јас се да пробам
Мојот омилен регенератор.Ова ми е 3то пакување потрошено.Косата ја прави премногу мека,сјајна,лесна за чешлање и се друго што еден регенератор треба да прави за косата.Преубавиот мирис е плус.Би го купила повторно а веќе имам 2 резерва Го купив на акција во Метрото во Бугарија и не зажалив.Првутот ми е скоро 100% исчистен,после миење скалпот се чувствува ладен,свеж,баш како што пишува на пакувањето.Би го купила повторно но би сакала да пробам и други шампони од нивната линија. OБОЖАВАМ путери за тело.Овој беше многу намален во каталогот на Авон,па решив да го пробам и многу ми се допадна.Мирисот останува на телото многу долго време,кожата е мека,дури добив и комплименти дека кожата ми е мека во последно време,а јас на телото го користев само овој путер.За цената е одличен а веќе нарачав нов. Кога ја купив бев вљубена во неа,но подоцна пробав многу нови маскари,и оваа сега ми е на последно место.Ја користев доста долго време,но не би ја купила повторно затоа што имам и подобри. Ова повеќе би го нарекла вода со мирис.Мириса убаво,свежо,летно,добар е за моментален мирис,ама воопшто не е трајно.Повеќе го користев за разладување и свежина во топлите денови.
Здраво, не знам во која тема да го поставам прашањево, ме интересира дали имате користено нешто од брендот Sebamed и како сте задоволни?
Моментално користам млеко за тело и ептен ми е по мерак,има убав мирис и убава хидратација.Јас го препорачувам.
Од каталог како ориглејм и авон никогаш. Пред неколку години купив крема за лице од авон. На Лицето ми се направија пликови како искасана цела бев
Од двата бренда различни производи ми одговараат. Односно кај повеќе брендови има производи што ми одговараат и што не ми одговараат.