Dior маскарата, нивеа лентичките и неутрогена гелот се нешто без кое неможам да функционирам и едно големо лајк за нив. А овие Лореал шампон и регенератор како ги купив се измив неколку пати и ете ги стојат, барем за мојата коса полош шампон немам видено.Исто и млеково за тело од Авон, се мачкам навечер насабајле уште ми е врз кожа, ни В од впивање, а имам прилично сува кожа..
Го имам пробано само оној од манго, еднаш и никогаш повеќе. Имам кршлива коса, а шампонов буквално ми ја направи ко сено, плус крута на допир.
Јас без ова не можам да функционирам...секаде со мене ,,, за секаде: лице, уста, раце, нокти, мозолче...
Мојот нов омилен сапун. Мириса на божиќни колачиња Зимски топол мирис, богата пена и благ пилинг - ај лав ит!
Овие производи ги користам со години и мислам дека никогаш нема да се откажам од нив. Презадоволна сум Мелемот го користам за се. За усни, за лице, за пети, за изгореници, за лишаи... Поубаво и похранливо млеко за тело не постои, а и прекрасно ми мириса. Од детергенти за садови ми се сушат рацете, особено десната. Ми се вцрвенуваат, ми се прават лишаи и кожата е екстремно сува. Да не беше овој крем сигурно ќе можев да си шмирглам со рачињава РеспекАт за тој што го измислил. Павловиќевата, ама оваа оригиналната почнав да ја користам пред извесно време (по препорака на мајка ми ) зошто ми се појави нешто како алергија на едно место ма лицето, ситни црвени точкички кои ме чешаа и на челото нешто како лишај (најверојатно од моите шишки). Навечер си се мачкав неколку дена и ми исчезнаа. И сега сум мазна како бебешко газенце. Со оваа маскара имам трепки како Бети Буп Таа со крива четка не ја сакам, со правата само.
нови производи од кои сум задоволна: изненадена сум од овие продукти посебно од кремите на Деба не очекував да се толку добри. сега за сега немам продукти од кои не сум задоволна.
навистина сум презадоволна од дезодорансите и стиковите Лејди Спид Стик, свежина и мирис кои траат цел ден (звучам ко на реклама)
Aуф ја спротивно мислење на твоето, кремава ја користам за чистење на чевли. По одвратен мирис амин. Оваа крема на мои раце повеќе нема да стави. Ај што не мириса убаво, него не дава ни влажност. За мене најубава крема е Росал со бадем иако следна крема ќе ми е од Cera di cupra коишто мислев ги нема тука, па таа мора да ја земам, бидејки нивната крема за лице е совршенство. Иако и Ассо е одлична на Алкалоид а има толку пристапна цена Задоволна од новото моливче на Менхетен на самонавртување, предобро е! Mрсно, многу црно и водоотпорно. A незадоволна како една членка што пиша од маскарава на Авон. Јас па ја видов на промоција и си ја одбрав за поклон. И новава од Есенце е тапа! Ти ставаш ставаш а тоа не се става и не се става
Моментално сум и премногу задоволна од оваа колекција на Oriflame. Навистина не очекував да ми делува толку добро ама лицето ми е мазно и преубаво а не го користам ни една недела.
Незнам дали постои нешто погрдо од пудрава Ми ја исфалија ми ја исфалија...демек преубава,покривала,евтина незнам што,и ја купив. Имав што да видам Ко глина на лице да сум ставила,маска на лице да имав полесна ќе ја чуствував од пудрава...Кога ја размачкував на лице ко мастика да растегнувам ....Грда!
Презадоволна : Да му се сневиди, сите на Бон Бонс! (се претворив во детенце со детски парфемчиња, ама ова Sweet Vanila, тотално ме обзеде деновиве) Путерот за тело на OPEN. Spicy green tea + milk = совршенство. Бекутан си е бекутан. Немрсно, хидрира и веднаш се впива, а мирисаш како бебе за помалку од 100 ден. Останатите млека да му грицнат од капачето на Бекутан (башка си е наше)
Aј да надполонам задоволна сум од козметиката на maybelline немаат утка,прекрасни им се маскарите,сенките задоволна сум од ова пола-масло,пола-вода за отстранување на шминка лесно ја вади шминката,и потоа кожата ми е одлична од ревлон имам лакчиња,и сенки и не сум задоволна
е не знам..... не е ко што беше пред 5 години тогаш каква беше уф уф трепките огроооомни, и природно изгледаа а сега 2 пати ја ставив и некако не е тоа тоа ај гајле ми е, ќе си продужам со http://wb6.itrademarket.com/pdimage/29/ ... racopy.jpg наубава ми е
:up: Oд супершок маскарата, али не таа обичната, туку таа со шари што е, со т.. нешто..аа се изнервирав не ми текнува..у секој случај задоволна од едно сјајче на авон што многу светка слично вакво е.. own: Од белото моливче за очи од флормар
Не паѓам на реклами и сум скептик кога ги гледам истите. Секако поради лошите искуства, преголеми очекувања и на крајот само разочарувања. Јас лицето го мијам со сапун, сакам да почувствувам дека е убаво измиено, а такво чувство геловите, купките и течните сапуни не ми даваат. Обичниот сапун пак премногу ми ја суши кожата и никако да најдам некоја златна средина. Некаков баланс. Ја гледав реклама и си реков да го пробам со Dove. Го користев 3-4 дена и веќе почна да ми покажува супер резултати. Сега по подолга употреба ќе кажам дека не ја суши кожата, ми дава убаво чувство на чистота и свежина. Пред тоа користев Nivea сапунче, значи не е дека сум користела некој чкарт сапун. Едноставно ништо од тоа не и пријаше на мојата кожа. Сестра ми пак вели дека и се исчистиле мозолчињата па дури и некои флекички од лицето. Ни лосион за лице веќе нема потреба да користи. Постои алтернатива да е сепак до кожата. Можеби на друга девојка ефектот нема да е ист. Јас само знам дека си го пронајдов мојот сапун и дека веќе не го менувам за ништо на светот! Има неколку различни типови на Dove сапуни, јас го користам овој:
Прозивод од кој не сум задоволна заради акните кои ми се направија на лицето од кога почнав да го користам! За среќа рано сфатив дека не одговара за мојата кожа и веднаш престанав да го користам! Сепак го ставам во производите од кои не сум задоволна! Производи од кој сум задоволна и мислам дека уште долго време нема да престанам да ги користам
Seventeen моливче за очи own: Многу брзо се брише, некако е премногу тврдо, личи на дрвена боица за во школо :roll: Ама затоа пак сум многу задоволна од Impala моливчето, повеќе години го користам