Oвоа моливче што си го постирала е за веѓи Иначе уа own: за тушот на Мис Спорти. Tapa е, тоа четкичето е лошо лошо лошо. И се брише брзо. Па ми купи мајка ми на Импала туш во форма на моливче. И тоа катастрофа! Се брише одма. А и како креон е, бледо црно е own: И на Менхетен сега е предобар , четкичето е супер јас мака видов со претходниве за ставање, ова супер
Роси тушевите како пенкалца имаат мека четка и затоа е тешко за нанесување. Овие другиве што си имаат посебно шишенце и четка, четкичката е тврда и затоа е полесно за нанесување. Од Авон тушевите сум разочарана, од Орифлејм сега за сега ми е погоден тој како пенкалце, за Менхетен потврдувам дека е добар, а Импалата е добар ама исто во шишенце. Еве , од овие сум задоволна:
Гледам по твојава слика на Импалата е такво има и Мис Спорти, меко чекиче. Неубаво! Не ми се свиѓа тоа. Менхетенот е тврдо како Класикот твој, супер е. Ау мерак за 3 минути се исцртав без грешка, мерак да му е на човек да црта прави линии Се сетив на овие моливчиња, како сенки. Имам лилјаково и многу е лошо, многу мрсно а ништо не остава
Јас го имам овој ама не сум многу задоволна. Четкичката е убава и практична, лесно се нанесува.. ама мене ми е некако како воден не е бојата интензивна. Инаку од тушот на Орифлејм што е како пенкалце задоволна сум, ама многу брзо се троши. Кога веќе сме кај тушеви да кажам дека не сум задоволна од тој на Голден роуз. Четкичката е катастрофа, си го користам со друга четкичка па така нанесувам понекогаш.
Само таа слика ја надов на интернет, ама знаете за што зборам Инаку и јас сум задоволна од Golden Rose тушот, ама конкретно од овој, бидејќи има потврда четкичка и полесно можам да го ставам тушот Претходно исто користев туш на Golden Rose ама со мека четкичка и многу потешко ми одеше, цел ми се размачкуваше лево десно
Мене во принцип козметиката на Голден Роуз ми е солидна замена кога немам пари за поскапите варијанти. Ефтино и квалитетно. Последно нешто сум водушевена од маскарава На мајка ми и купив две карминчиња, и сега планирам да и ги земам, зошто зачудувачки добро изгледаат
Не сум задоволна воопшто од Клиндамицин гелот против акни на Фитофарм. Кај го платив тродупло поскапо од на Алкаколид, па и уште толку ми се појавија нови акни.. Среќа што не го употребував на цело лице како што ми препорачаа И од шампонот на Гарниер, првите неколку пати ја прави косата мека после тоа ме напуни со првут. Кај мрсна, па сега и мака мачам со првутот. п.с. За оние што користат Golden Roze производи од кај ги купувате? Од пазар или од онаа продавничката пред Буњаковец, нивна парфимерија што е.. каде се поевтини ?
Зошто воопшто ја порачав? Крајно се разочарав. 300 денари ја платив,секој денар го жалам што го платив за маскарава. А,убаво си користев Макс Фактор ем ефтина (400 денари) ем преубава, ни грутки да ти прави, ни да те размачкува, ништо, Понатаму за задоволствата Конечно најдов производ што ќе ми ја замени Рексона. Не остава ни бели траги,а и убаво мириса. Понатаму.. задоволна сум од овој лак. Брзо се суши и ги зацврстува ноктите после вториот слој. Aма, не сум задоволна од овој Воопшто не ми ги зацврсти ноктите(овој прв го користев)
Многу сум задоволна од овој гел за миење лице, супер освежителен и разладувачки (поради салцилната киселина) и не ја пресушува кожата. А и гранулите нудат фин пилинг. Одамна не сум налетала на толку солиден гел, или не ми се доволно јаки да ми го одстранат вишот маснотии на лицето, или ми се прејаки и ми се создаваат лишаи На неколку наврати се обидов да ја сменам и згрешив, одлична е за мрсна и комбинирана кожа, доволно хидратантна и не ја гуши кожата. All time favourite scrub најубавиот мирис во продукт за коса лајк евр?! Воопшто маските од Дав за коса се фантазија Тотално сум разочарана од Полоша пудра во живот не сум користела (а сум имала искуство со десетици пудри). Очајна е. Никаква покривност, демек за мрсна кожа, а лицето ЛОЈ го прави, да се почешкаш на лицето пола пудра ќе се падне...немаат крај забелешките. Гледам на повеќето Клиарфејс линијата на Менхетан им е погодена, мене ич не ме бендиса, особено каменава пудра. Ова вели 48 часовна заштита, не знам дали 48 минути ми држеше.
Презадоволна сум од овој производ. Свежо мириса и не остава бели траги ги сакам и сапуните на палмоливе, многу убаво ми мирисаат, но овој од мед и млеко воопшто не ми се допаѓа како мириса (или дека јас сакам свежи мириси) ама реков ај да го пробам и овој
Hе сум задоволна од овај лосион,брзо ја суши кожата,го губи брзо мирисот,и потоа кога ке ја допрам кожата како пудра во прав да сум ставила
^ Млеково за тело е прекрасно. Ептен свежо и убаво мириса, мирисот е релативно траен, а кожата ја прави многу мазна. Ма десетка, едвај чекам да стигнат кај нас и рол-оните и гелот за туширање, гледам на интернет дека ги има во линијата. ^ Мееех, не е лошо. Ме нервира што треба да го чекам да се исуши, па да се облечам, ама добро е затоа што не ја суши кожата под пазувите, туку напротив - ја негува. Траењето и заштитата е во ред, нормална. Убаво мириса, ама наредниот пат ќе си земам од истиов со посветло плаво капаче, посвеж е. ^ Презадоволна сум од кремчево. Слободно може да се носи и да се споредува со скапи кремови како Виши и Еуцерин. Кожата одлично ми го прими. Gosh black ink velvet touch eyeliner. Не сум многу задоволна. Премногу е меко за мој вкус, и лесно се размачкува. Класичните моливчиња од Гош ми се поубави. - Арно си е шампончево, ништо не му фали. Косата помалку ми разлетува со него. Епа сега, се нема буџет за Алпецин, ќе заврши и ова работа - Не се фарбав јас, ама задоволна сум затоа што кога ја фарбав мајка ми - не ми смрдеше. И убаво и’ испадна косата, рамномерно излезе, ама тоа до фарбачот е повеќе . ... доста е за денес.
Одам строго против Нивеа и Макс Фактор. Авон нешто ме разочараа исто. Тамам решив да видам што чудо е таа козметика што сите ја купуваат, сенките ми се видоа во ред, сјаевите џабе ги купив. Пигмент 0.
го најдов лабелото што долго време го барав, од мента, преубаво е, освежувалчки делува на устата и ефтино е ( две лабела вакви за 99 денари во Зендолино маркетите во Штип )
Иако повеќето го фалевте, ефект кај мене нема освен излепена коса која тешко се чешла ^ Портокаловото
Единствени сапуни за лице кој кожата ми ги прима се сапуните на Dove ..го имам пробано тој обичниот ,со портокал , со ружа, и со краставички ..не правам некоја разлика помеѓу нив само знам дека сите се добри
Здраво на сите Да почнам со колексијата од Oriflame за "чисто" лице и "справување" со акните што си ја купив пред неколку години многу убаво изгледаше на каталогот, ме измами изгледот.. но воопшто не ми помогна, никакви резултати немав од користењето освен што си ги дадов парите за џабе немојте да се зезнете како мене, подобро купете си нешто и поскапо али поквалитетно отколку вакво нешто.. фрлени пари во ѓубре. Користам веќе пола година Далтон и многу сум задоволна. Ја користам оваа колекција>> Уште при првото ставање ми се подобри лицето и одма се виде што е квалитет, си вреди за парите.. Муабетот ми е купувајте квалитетно, не земајте се и сешто па после да зажалите што за џабе сте дале толку пари. А од шминки користам Bourjois маскара, Oriflame руменило, Manhattan сенки Многу сум задоволна од нив. Омилено ми е руменилото од Oriflame, остава многу нежен сјај и делува многу природно. Нема да погрешите со нив супер се Се надевам помогнав