:up: own: Лабелата од DOCTORS се гној. Еднаш имав едно, демек од ментол - смрдеше-корнеше на сушена трева, погнасно нешто немам на уста ставено, цела уста ми ја исуши и испришти.
Неможам без него. Единствен сапун со кој можам да измијам лице без да ми ја исуши кожата. А и супер ми мириса, свежо Порано ја користев розевата од галафарм, ама тука на форумов прочитав дека оваа оригиналната била различна и поубава. Стваро е така, ја мачкам на раце и погруби делови и ептен сум задоволна. Понекогаш коа не излегувам од дома ја ставам и на лице, многу е мрсна и тешко упива, ама после лицето ми е многу меко Пилинг за тело од авон. Освежувачки е многу Млеко за тело кое не го менувам за ништо на светов Влажниве марамици мирисаат преубаво. Ми го чистат лицето и освежуваат. И најчудно, пред некој ден најдов отворено заборавено пакетче од овие од пред 6-7 месеци и стоат неисушени
Hе сум задоволна од.... ,не знам дали и парфеми ставате во темава,ама многу ми е жал зашто парфемов не ми трае,во поголемо пакување со лосион,ама мирисот му истрајува за 20 мин,еве го... засега тоа е се
:up: Моливчето е одлично, барем за мене. Исцртува прекрасна и нагласена линија, личи дури како со туш да сум се цртала. И што е најважно, трае и не се размачкува дури ни после 12 часа (толкав рекордот беше, зашто заспав шминкана ). Од оваа маска за коса сум препрепрезадоволна. Косава не ми се гледа како премачена од кафена во плава. Се, благодарение на маскава. Пишав и претходно низ темиве, се фасцинирав, како прв впечаток од кремава. Ми го санира лицево во 2 потези (2 нанесувања ). own: Овие две, ми го скратија животов за неколку години. Нема потреба од дополнително објаснување.
Bоопшто не сум задоволна од лореал лакчината,пишува дека траат 7дена ,а уште вториот ден се лупат,плус се згртучуваат внатре ужасни се
Јас бев задоволен корисник на Дав шампонот против првут. Сега ја смениле опаковката, а изгледа заедно со неа и формулата Воопшто не делува како стариот. Стариот ми го елиминираше првутот после првата употреба, новиов....нема толку голем ефект. Дури по неколку миења има мал резултат Апел: кога ја менувате опаковката, не ја менувајте и формулата
И јас истото го забележав со шампониве Како и да е, ми текна на производ кој е беспрекорен, затоа што јас сум малку плавушица кога нанесувам лак на ноктите, па знам често да се ушљакам, и фала им на Макс Фактор за лаков - едно нанесување и нанесено е. Беспрекорно, сјајно, долго издржува, не се лупи и што е најважно, брзо се суши! Но, црвениот. Најубав е - Max factor Nailfinity red passion 549
И за да не сум скрос оф топик нали ај да ви кажам и ја дека од овие Корес сум ПРЕПРЕзадоволна за све што сум купила..све им на природна база самата компанија си ги одгледува билките цвеќињата или што други чуда и да ставаат внатре, ама најубавото ми е што мирисаат со саати после мачкање/бањање. Е сеа малце се поскапи ама па ја коа ги купувам не користам парфем пошто доволно мирисаш од нив..и тоа не само млекото или путерите за тело него и од купки!! Овие ми се омилените од јасмин, јапонска ружа и кремот од диви ружи Ако не може и билатерални односи да подобрам бре како ги рекламирам сегде
Вечно по потрага со силни, трајни и болно-тужно-сладникави парфеми, ова е мојот победник за периодов. Ги има во Веро, пакувањето е 100 мл, цената некои 400 ден. Парфемот е преубав , за сите кои обожаваат тешко-слатки мистериозни тонови, ова е вистинскиот избор. По прскањето се развива уште повеќе, и ненормално ме мава на секс. Малку е зимски, затоа што е потежок, ама времето изминатава недела работеше на моја страна. Ова е веројатно најодвратниот лосион за тело кој сум го користела години наназад. Генерално, повеќето од нив кога после неколку часа ќе се развијат на кожата си создаваат сопствен мирис, барем според мене, ова веднаш си го презентира својот. МИРИСА НА МЛАКА ПОВРАЌАНИЦА ОД БЕБЕ! Изборот на зборови ми е сосем коректен, со оглед на фактот што сум пресоблекувала неколку Никакво купување.
Веќе кога Трендафилка ги спомна Tesori d'oriente, мора и јас да ги пофалам и да кажам дека за мене се водечки!! Значи парфемчиња, купки и кремови за тело имам пробувано многу, ама овие дефинитивно мирисаат прекрасно, траат цел ден и толку се прекрасни и заводливи што нема шанси некој да ве промаши!! Буквално кога се бањам, мачкам и парфемисам со овие, мирисам на 100 метри. И баш, ама баш, мирисаат на заводливост и секс.
Нарачав на слепо, за да бидам на крај повеќе од пријатно изненадена. SUNkissed compact И одличен е а многу практичен. Сигурно ќе биде мојот сопатник на сите патишта особена на одмор, бидејќи боите се доста летни и подготвени за сончано лице. И не морам да тегнам илјадници сенки и сјајчиња. Вака имам се на едно место. Tigi Bed Head Hair Care, Curl Maintenance (Foxy Curls Contour Cream 200ml) Се заљубив во оваа марка на козметика за коса. Малку се поскапи но се исплати секој цент. Плус многу долго издржуваат нивните производи, нормално, освен ако не се работи за шампон Крема за виткана коса, кога ме мрзи да се фенирам, само малку ставам на врвовите и локните сами се прават. А мирисот е едноставно оргазмичен. Немам зборови, преубав.
Шаума, шаума... до кога ќе си играме играчки? Новите спрејчиња за коса ми го предизвикаа вниманието, ајде си викам, може ќе ги биде. Јок. Го имам ова, и не сум воопшто задоволна. Мирисот се чувствува само додека го прскате. Косата потоа, не мириса на ништо. Јас по навика, слично како со спрејовите за коса на Глис си прскам убаво, на мокра коса по 4-5 пати. Така и со ова. Поужасно фенирање не сум имала во живот. Косата мислиш мрсна, четката буквално ми се лепеше како за мастика. На допир тешка и никаква. Ко мовлива да е косата. Прскам само по еднаш на врвовите за отплеткување, онака со страв и повторно без некој посебен ефект. Жива утка.
Јас сум презадоволна од гелов за туширање. Ми го донесоа подарок, и обавезно ќе си побарам од истово и лосион. Сигурно во Јуник има, така? Иначе, и после туширање кожата ми мириса на гелов, што прв пат ми се случило. А мирисот е толку нежен и заводнички, ау ау.
Задоволна сум од: -Сите производи на Фелче Азура -Силиконските капки за суви врвови од Авон Нивеа гелот за лице -Сјајот за уста од Гош (лево) ....а не сум задоволна од: -Еуцерин-лабело за уста -Шампонот Орзене -Лаковите на Авон, многу брзо се лупат а и скапи се И тоа е... што ми текнува во моментот