oвие два производа се супер, дезодорансот е супер и доволно трае, а третманот навистина делува, ги осеќам ноктите поцврсти.
Пре пре задоволна сум од производиве на Vichy. Го имам гелот за миење лице, кремата за лице, и тубичката за мат ефект на лицето. Ги користам само неколку дена но сум многу задоволна, ефектите се гледаат 2 минути по нанесувањето, лицето ми е свежо, хидратирано, осеќам влажност и ладна облига на лицето. Не ми се мрси, не ми е суво влажност и еластичност само Вредат за секој денар.
Воопшто не сум задоволна од оваа глупост.Не само што не го дава посакуваниот и очекуваниот ефект,туку дава и несакани ефекти:затестена,крута,леплива коса без никаков сјај.
Многу сум задоволна од овој кармиин како на сликата ..Се вика Pucker up и не е толку кафена како на сликата...го користев за на училиште ..и дава боја на остата а во исто време не е нападно ..Може да се користи и како дневен кармин. Ми се потроши сега пак го порачав во наредниот број , истата нијанса Има мирис на чоколадо и е во облик на срце .120 денари беше , а и сега не е повеќе.
Пилингов го имаше препорачано Yawn, а јас сум во принцип задоволна од Афродита, па денес си го зедов. Спојлер Го пробав и првиот впечаток е одличен, не е груб кон мојава кожа, обично се плашам од пилинзи, но овој е добар. Порано го користев овој на Гарниер Спојлер и добар е за отстранување на мртви клетки и мазнење на лицето, но мене ми беше многу груб, плус има и салицилна киселина, па ме пецкаше кожата и го користев еднаш месечно. Гарниерот е добар за мрсна и комбинирана кожа, овој од Афродита е добар за почеста употреба. Ќе видиме како ќе се однесува на подолг рок и дали ќе го купам пак
ја земав кремава како замена за витаскин 15 да сменам и пробам нешто ново, искрено многу сум задоволна, ми се погоди повеќе од Витаскинот, ми ги чисти проширените пори и изедначува тенот, гледам и поткожните се чистат, вака од 3-4 употреба има доста видливи резултати , ќе видиме на подолг рок.
Задоволна сум од карминот на Revlon (True Red 090). Цел саат бирав во Unique и ја одбрав најдобрата црвена нијанса за мене. Не сум задоволна од Gosh Velvet Touch Foundation Primer. Пред да го купам разгледував по сајтовите за козметика и беше високо оценет. Се нанесува како база за make up, и би требало да ги пополнува помалите брчки и проширените пори. Такво нешто кај себе не приметив. Освен тоа пудрата некако ми се разлеваше и како да се топи ( а користам само квалитетни пудри). Се е индивидуално, зависи од типот на кожата, ќе ја дадам на некоја другарка на која ќе и се фати.
Незадоволна од Nivea straight & easy шампонот . Наместо да ми ја исправува ,мене ми ја витка косата. Со обичен шампон 50 денари литар поправа ми е косата отколку со овој.
Пудрите од Авон - 3 имам пробано..и разочарана сум Aма маскарите им ги бендисувам. Менхетен пудрата ми одговара исто така, на сите ја фалам
Производи од кои сум задоволна: Шампон, а има и регенератор ист ваков. Неодамна ги открив, преубава ми ја прават косата, а и не се скапи, околу 100 - 120 денара(зависи од маркетот) е шампонот 400 милилитри, а регенераторот исто 100-120 денара 200 милилитри.
Пред еден месец почнав да го користам тоникот за лице од Лореал,и многу сум задоволна.Темелно го чисти лицето и прави да изгледа свежо.
Зошто така ми зборувате за шампоните од Нивеа ?Јас го користев тој за виткана коса заедно со регенераторот и пената и косата ми беше со многу убави локни..Јас од тоа трио сум презадоволна.Пената сеуште ја користам и мнооогу сум задоволна
Многу сум задоволна од Dalton кремите за лице. Многу ми помогнаа да го решам проблемот со акните и дневните креми им се многу квалитетни и ефикасни Ви препорачувам да ги пробате. http://www.facebook.com/pages/Dalton/150318478354017?sk=wall
Спојлер Воопшто не сум задоволна од овој шампон. Го купив демек за смена, ама ептен мириса на пржени чушки. Како со маслото во кое биле пржени да си ја миев косата. И не е до мојот нос, втор пат се мијам со него и втор пат истата приказна.
Од тоникот ,пената за миење лице и кремата сум премногу задоволна дури и козметичарката ми го пофали тонусот на кожата Лосионов е фантазија да неможеш да престанеш да се допираш Кремава за раце не би ја менувала за ништо.... Ова си го купив сега нова колекција им е заради тоа што содржи 15 фактор за заштита во лето, имаат и со 40 фактор ама тој лосион содржи и глина и нешто за избелувње на флеки па за овој се одлучив Исто е многу добра кремава кожата ти е мека и после 6 часа, исто како во сега моментов да си нанесол крема Не сум задоволна воопшто од Лореал роло пудрата со ролер катастрофа невидена
Презадоволна сум од ова бебешко улје на Џонсон. Кожа ко на бебе, а мирисот преубав и траен. Добро е и за вадење на шминка од очите. Бекутан влажни марамици најдобри за вадење на шминка. Квалитетни, доволно влажни не се сушат одма и не предизвикуваат стварање акни и други не сакани иритации на лицето. Од сите маскари што сум ги купила од Авон сум презадоволна. Одлични им се, со пристапни цени. Ова парфемче Tesori d'oriente Hammam го добив на поклон и секогаш кога ќе ставам од него обавезно некој ме прашува што сум ставила. Сеа за мирисот не е лош ама кога ќе ми се потроши ќе си купам друг од оваа фирма. Многу се трајни. avon diamond shimmer pearls own: катастрофа од перли боја никако не оставаат. Треба буквално 10 минути да ставаш од перливе за да многу малку се добие боја и тоа некаква бледа ( мислам ќе осамнеш пред огледалото со четката ). Башка кога ќе искочиш надвор бојата на шминката избледува од светината па така да со ова човек нема шанши да примети дека имаш ставено нешто. Ма ова некое невидливо ќе да е не е до мене
нема ни нецел месец от го купивв,искрено сум многу задоволна од овај кремот..а не е ни многу скап,сите производи на Avon му се супер .