Cristian Lacroix NUIT за Авон .Незаменлив парфем чие шишенце до скоро го чував и сеуште мирисаше и никако не можам да најдам барем малку сличен на него.Какви убави чувства и сеќавања ми будеше овој парфем.
Мене ми фали едно италијанско списание, не знам како се викаше бев многу мала, одамна беше пред повеќе од 20 год, мајка ми редовно го купуваше , во секој број имаше поклон мало парфемче и сите беа убави, кармин, несесер, пудри, бижутерија, шминки такви работи, во секој број имаше нешто поклон едно новчаниче до скоро го користеше, и уште памтам мирисот на едно парфемче во црвено шишенце но не се сеќавам на име
Пробај го Nomadic на Oriflame. Од дизајнерски парфеми, слични на тој би биле: Pure Poison-DIOR NU-Yves Saint Laurent Armani Code Cashmere-Armani******** Omnia Amethyste-Bvlgari Alien-T.Mugler******* Poison-Dior Горе-долу од сите можеш лесно да најдеш тестери за да ги пробаш, а можеш и со некои од оние релакс парфемите и слично, па така да видиш дали нешто ќе те асоцира на конкретниот парфем што веќе го немаат во Авон. ******** - според мене, парфемите од листата, покрај кои ставив ѕвездички, се најблиску до твојот, според нотите. За парфемот: пробај со Christina Aguilera.
Да тоа е, гуглав прееска Gioia штета што во денешно време нема нешто слично Не е од Авон тој, тој беше во тоа списанието Gioia taka se vikase
За пудрата знам, зарем и ЦЦ кремата ја нема повеќе? Мене супер ми беа и двете. Лицето стакло ми го правеа, плус со комбинирана кожа. Јас подолго време сум со Хаушка и Лавера и не сум приметила. Па тогаш што пудри на Буржоа има кај нас? Штета, испага се што е добро да го повлекуват од продажба без разлика дали козметика или храна. Баш периодов толку многу производи ми снема..
Healthy mix пудрата за сува кожа, always fabulous за комбинирана масна, 123 perfect исто за комбинирана масна кожа и air mat што не знам дали се уште ја има, и таа како да ја немам видено веќе. За цц кремата баш штета, предобра беше.
Леле кај ти текна на пудрава. Врв беше стварно. И мирисаше најубаво. Па и со тоа туферчето горе..cute
Кармин од Rimmel Airy Fairy- преубава текстура и нијанса што никако неможам да ја најдам од друг кармин Исто кармин од Есенс од колекцијата This is me - Freaky.Преубава нјуд нијанса што неможам да ја најдам да влече вака некако праскасто нјуд, или влечат накај розе или кафено. И овој парфем што ги обележа моите средношколски денови, да го помирисам одма би ме вратил во тоа време
Ова спрејче е слично на парфемот J'adore, ако не и исто. Побарај копија од тој парфем, сигурен сум дека ќе ти заврши работа )))) Од тој тип е и Incandessence на Авон. Конкретно B.U. таа верзија (Golden Kiss) го имаш онлајн, ако имаш кој да ти го донесе-побарај го на Амазон.
Да за златниот bu и потврдувам дека incandessence од Авон е копија на j'adore. Ако бараш таков мирис, еден од поубавите од е од авон. Има и други со таква нота ама не се тоа тоа