Не сретнав ваква тема, а често низ дискусии се коментира составот на производите кои ги користиме. Мислам дека ваква тема ќе ни биде од корист и од интерес на сите членки. Ја отварам темава со цел да дискутираме и да се информираме кои производи се со природен, а кои со не толку природен состав и со цел членките кои повеќе се разбираат да можат да нѐ советуваат за тоа каков состав најмногу одговара на одреден тип на кожа. Иако темата ја сместив во категорија лице, би сакала во оваа тема да дискутираме и за производи за нега на тело и коса, за буквално сѐ што спаѓа под декоративна и препаративна козметика. Исто така, може и да си препорачуваме апликации за следење на состојките, како што е на пример Inci Beauty.