1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Производи со изминат рок

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од SummerGirl, 11 август 2013.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.744
    Допаѓања:
    35.201
    Пол:
    Женски
    Дали и колку често обрнувате внимание на рокот на прозиводите што ги купувате?

    Јас често обрнувам внимание на рокот, особено на млечните и сувомеснатите производи. Исто така и на рокот на детска храна. Се случува и да не го погледнам рокот, ама тоа се случува кај оние производи кои што често се трошат во продавниците каде што пазарувам. Еднаш ми се случи да купам чоколадо со изминат рок. Кога отидов да го вратам, ми дадоа друго.
     
  2. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Обавезно проверувам рок на траење на сите производи, од прехрана, козметика, па се до батерии и такви некои работи. Многу ме нервира кога некои производи немаат означен рок на траење, а многу често продавачите ја чистат ознаката или ги одлепуваат македонските декларации на козметичките производи (нели таму е впишан рокот). Сепак обрнувам големо внимание на тоа. Што е сигурно, сигурно е. :)
     
  3. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Скоро секогаш внимавам на рокот на траење
     
  4. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    и јас.. :!: ;)
     
  5. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Секогаш внимавам на рокот.
     
  6. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.303
    Пол:
    Женски
    Вчера се деси тоа со млекото. Или со водата, во пакување од млеко што ја купивме требаше да кажам?
    Рокот си беше океј, еден врз друг ставен де. Не знам дали бил преправан, не ме ни интересира, битно е што сме живи и здрави сите по дома зашто во спротивно млекарата ќе одговараше за масивно труење.
    Погадно нешто во животов немам видено..

    Инаку, јас ретко кога пазарам, најчесто тоа го прават моите, така да, они се тие кои пазат, јас не.
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Нормално дека внимавам, но некогаш се случува производот да е расипан и покрај тоа што рокот не му е поминат. Последен пат ми се случи такво нешто со некоја вакумирана печеница од КАМ (не се сеќавам чие производство беше). Досега не ми правеле проблем за враќање на некој производ, макар и да е отворен. Секогаш ми даваат нов во замена.
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.744
    Допаѓања:
    35.201
    Пол:
    Женски
    Одамна, сестра ми купи кечап на Витаминка. Рокот беше во ред, ама кечапот беше кисел. Татко ми и рече да оди да го врати и да и дадат друг. Кога отишла да го врати, продавачот и рекол - прво треба да се јавам во Витаминка и да прашам дали може да ти дадам друг кечап. Сестра ми му го остави кечапот. Оттогаш не пазаруваме во таа продавница.
     
  9. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    скоро секогаш внимавам на рокот..
     
  10. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    Не внимавам многу, ако купувам нешто набрзина, рокот нема ни да го погледнам.
    Знам дека не е добро, и тоа за мене, не за некого. :fubar:
     
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Никогаш... освен ако не купувам прехранбен производ и ми е нагласено да го погледнам датумот.
    Минатото лето си користев крема против пеѓите што ми се направија на носот од сонцето. Ми мирисаше некако чудно, ама си реков дека за пеѓи и така си мириса. По една недела ми ја снема. Ја правашав мајка ми и ми рече дека ми ја фрлила зошто и бил поминат рокот. Сеедно, мене пеѓите ми исчезнаа. :D
     
  12. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Сеедно е дали има рок или нема. Секако и од продавницата кога ќе ги вратат производите со поминат рок (млеко, кечап...), од самите фирми го бришат рокот и им ставаат нов, или го замачкуваат, така да никогаш неможеме да бидеме сигурни од кога е, за жал..
     
  13. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Редовно проверувам дали е изминат рокот затоа што тие производи со изминат рок се отровни и јас не сакам да се трујам! :) ;)
     
  14. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Имам навика да го погледнувам рокот. Во продавницата што ми е овде во населбата се има случено повеќе пати сок, пиво, колбаси, грашок и такви работи да се со поминат рок. Среќа што татко ми обавезно го гледа рокот па на време приметивме. И од тогаш ми стана навика во секој маркет обавезно погледнувам рокот.
     
  15. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.733
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Не секогаш го гледам рокот на траење иако треба тоа почесто да го правам иако пазарам во проверени маркети.Проверувам кога ми изгледа нешто сомнително најчесто кога има прашинка на производот |(
     
  16. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Стандард правило ми е кога купувам нешто обавезно да проверам дали има рок. Доколку рокот е при крајот не го купувам производот. Не би сакала да се трујам со храна.
     
  17. osmatetratka

    osmatetratka Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    11
    Имавме едно пиво во фрижидер пластично од големите и јас одвреме навреме ќе се напиев и вчера го отворив голтнав 3-4 голтки и кога гледам многу изветреано ми делуваше како вода го проверив рокот гледам истекол 10 дена!! Ме фана страв и еве денес цел ден од психата како да ми се лоши како стомак да ме боли страв ми е да не ми биде нешто.
     
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Внимавам многу на рокот. :)

    Производ што го користам кога е поминат рокот е единствено чоколадото. До сега ми се нема ништо случено. :D
    Друго што и да е, без разлика колку и да му е поминат рокот, веднаш го фрлам. :)
     
  19. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Секогаш го проверувам рокот на производот кога пазарам. Сепак, не значи дека ако рокот се уште не е изминат, производот не се расипал! Во еден од поголемите маркети во градот каде што живеам, пред мене се одвиваше операцијата "промена на датумот на траење на производите", т.е. се бришеше фабричкиот печат и на лице место се ставаше нов. :swear:
     
  20. sinorinJa

    sinorinJa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2014
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Сум налетала на неколку производи со поминат рок:|кога ми се случувало набрзинка да си купам и да не го проверам рокот..И сум приметила обично омие производи по маркетите кои се на акции се со поминат рок но секако не сите