1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Производи со изминат рок

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од SummerGirl, 11 август 2013.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    ^

    Акциите на одредени производи во маркетите со обично една недела пред истекувањето на рокот на употреба. Барем јас до сега немам сретнато на акции производи со изминат рок.
    Ако е така, кој разумен потрошувач би купил таков производ.
     
  2. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    134.808
    Пол:
    Женски
    Ретко проверувам рок на траење. Едино може да ми текне да проверам на производи што се на акција, инаку не ми текнува.
     
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.073
    Пол:
    Женски
    Редовно го проверувам рокот на употреба на секој вид производ што го купувам без оглед дали е по редовна цена или на акција.Не го делам мислењето дека производите што се на акција се со поминат рок.Тоа не му оди во прилог на никого, а најмалку на реномето на една трговска компанија.
    Можеби се работи за производи кои ги имаат во поголеми количини, а акцијата е можност да се намали залихата.Како и да е треба да внимаваме што купуваме.
     
  4. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Обавезно проверувам рок на траење, особено јогурт кога купувам, гледам да ми трае повеќе дена зошто сигурно нема да го испијам за 2 дена.
     
  5. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Да обавезно рок на се на се!!!
     
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, со оглед на тоа што ова е интересна тема, решив да споделам со вас некои важни работи во врска со рокот на траење на храната. Една од моите цимерки работеше (сеупте работи) во италијанскиот државен инспекторат за храна и ми кажа точно кои намирници може да се конзумираат по истекот на рокот и колку време по истекот на рокот. Се надевам ќе ви се допадне и пред се ќе ви биде од корист.

    Му поминал рокот...да го фрлам или не???

    [​IMG]

    Колку пати сме купиле нешто, сме го заборавиле во фрижидер и откако му поминал рокот сме го фрлиле во ѓубре? Па добро, ќе си речете со поминат рок е морам да го фрлам така? Не баш секогаш.

    Зачудувачки е бројот на намирниците кои годишно ги фрламе без да знаеме дека одредени намирници сепак може да се конзумираат и по истекот на рокот, под услов истите да се добро складирани и зачувани во соодветни услови како што е назначено на опаковката. Една од цимерките кои ги имав во Рим, работеше во националниот инспекторат за храна, односно се занимаваше токму со оваа проблематика за рок на траење на храната. Благодарение на неа дознав навистина многу корисни работи во врска со оваа проблематика и истите сакам да ги споделам со сите вас.

    Ајде најнапред да сфатиме што всушност значи рок на траење.

    Рокот на траење на храната кој е назначен на конфекцијата на намирниците, всушност ја означува датата до која производот е хигиенски сигурен за конзумирање. До оваа дата производителот гарантира за производот, а после тоа не сноси никаква одговорност за истиот.

    Намирници како свежото месо, конфекционирани салами и свежа риба мора да се конзумираат стриктно до датумот назначен на самиот производ, меѓутоа постојат и такви намирници кои слободно може да се конзумираат и по истекувањето на рокот на траење, меѓутоа имајте на ум дека кај истите има промена во хранливата вредност.

    Како да знаете кои намирници може да се конзумираат по истекот на рокот без последици за нашето здравје? Во продолжение ќе ви дадам една листа на најчесто конзумираните намирници и додатното време по истекувањето на самиот рок. Имајте на ум дека доколку забележите чуден мирис, вкус или боја кај истите воопшто не ризикувајте, туку веднаш фрлете ги во ѓубре. Секако овие совети се однесуваат на производи кои воопшто не се отворени и кои се чувани во соодветни услови како што е означено на амбалажата на истите.


    1. Јогурт

    Јогуртот може да се конзумира најмногу до 7 дена по истекот на рокот. Многу е важно да се напомене дека губи добар дел од хранливите состојки. Секако, доколку го отворите јогуртот и забележите чуден мирис или пак мувла, истиот треба веднаш да се фрли. Секако по истекот на рокот, корисните бактерии во јогуртот го губат своето својство.

    2. Тестенини, ориз, бисквити и крекери

    [​IMG]

    По истекот на рокот на траење на овие производи, може да се конзумираат најмногу до 3 месеци

    3. Масла за јадење

    Маслата за јадење, како маслиновото, сончогледовото и др. по истекот на рокот (доколку станува збор за неотворено масло и чувано на суво и ладно место како што налага и самата етикета) може да се конзумираат уште 8 месеци. По истекот на овие месеци настанува алтерација на квалитетот и хранливите својства на маслото. Мој совет ви е откако ќе го отворите маслото направете тест на мирисот и бојата на самото масло и доколку ви изгледа сомнително или има чуден мирис воопшто не го конзумирајте.

    4. Замрзната храна (вклучувајќи и риба)

    Замрзнатата храна може да се конзумира до 2 месеци по истекот на рокот, доколку истата термички се обработи. Во случај замрзнатата храна да нема потреба за термичка обработка, истата најдобро е да се фрли и воопшто да не се конзумира.

    5. Јајца


    [​IMG]

    Кога станува збор за јајцата, најдобро е сепак да се почитува рокот на траење

    Никако не смеете да ги конзумирате следниве намирници по истекот на рокот, со оглед на тоа што развиваат бактерии кои може да доведат до труење на целиот организам:

    - Свежо месо

    - Свежа риба

    - Овошни сокови

    - Конфекционирани салами

    Постојат и производи кои воопшто немаат рок на траење и тука спаѓаат:

    - Мед

    - Сол

    - Шеќер

    - Оцет

    - Алкохолни пијалоци

    Овие намирници се навистина доста издржливи, напоменувам, доколку се чуваат во соодветни услови, на суво и темно место.

    [​IMG]

    За крај, неколку важни совети:

    1. Секогаш убаво конролирајте го рокот на траење на намирниците со цел да избегнете расипување и фрлање на истите

    2. Многу важно е да се почитува начинот на чување на намирниците кој е испишан на самата опаковка од намирниците. На пример, на ладно и суво место, во фрижидер, во замрзнувач и т.н.

    Како и секогаш голема благодарност за вниманието и до следната статија.

    Вики
     
    На tatjanasakalieva, H.VAGA, dunika и 2 други им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Еден мој комшија работи како дистрибутер во одредени маркети. Многу пати ни има давано чоколади и чоколатца со изминат рок. Сме ги јаделе и ништо не ни било. Повеќето имаа изминат рок 3 месеци, а внатре беа убави на изглед и на вкус.
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.640
    Пол:
    Женски
    Не би јадела ништо со одминат рок.Во никој случај нема да ризикувам труење да добијам.
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Во Рамстор еднаш земав во пластична чашка готово Супангиле (слично на чоколаден пудинг, но кремот има поинаква структура) рокот беше во истекување - истиот ден истекуваше кога го купив. Немаше лош мирис меѓутоа вкусот беше како скиселено (расипано) млеко. Не го изедов, со фискалната после пола саат се вратив на главна каса и љубезно ми ги вратиа парите.
    Со раванијата сличен проблем, одозгора имаше мувла - но не се гледаше поради етикетата, освен тоа производот беше захевтан па не можеше туку така да се види веднаш. Беа исто љубезни и ми понудиа или враќање на парите или замена.

    За чоколадите не е страшно ако се фабрички, дури и ако бојата им е променета. Но продукти кои се правени со свежи јајаца, млеко, квасец и сл. треба добро да се проверат.
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.148
    Пол:
    Женски
    Некогаш се случува да не погледнам на рокот напишан на амбалажата, дури кога ќе почне нешто да се забележува на производот, тогаш сфаќам дека веќе ме чини.
     
  11. kLem23

    kLem23 Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    Каков и да е производот на него прво што ќе погледнам е рокот,тоа обавезно пошто овде во Маќедонија не обрнуваат многу да ги тргнат производите со поминат рок :)
     
  12. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Зошто мислите кога ќе заврши рокот што е пишан на амбалажата дека мора да го фрлите производот...
    Јас секогаш сум ги оставал 10 дена откако ќе пројде рокот и да ги јадам или пијам (млеко и јогурт) и ништо лошо ми се нема случено.
     
  13. SWagger274

    SWagger274 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Обавезно го гледам рокот на траење :D
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Многу зависи и начинот на кој што се чуваат производите. Од едно маалско дуќанче купивме смоки со една другарка. Рокот им беше добар, ама имаа чуден вкус. Изгледа во магацинот кај што ги чуваат производите има влага.
     
  15. 1418

    1418 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Луѓе јас како што сум паничарка...
    Децава денес поточно веќе вчера купиле пудинг со рок на траење до 18-ти. Вчера брше 19-ти, денес 20-ти нели. Вчера изедов еден од чоколадо, а сега предмалку пола од ванила. Дури сега видов. Го прашувам детево вели не видов. Ко прво не смеат да продаваат со поминат рок, а ко второ децава (нашите) се многу неодгворни. А јас сега целата сум во паника.
    Што мислите може нешто да биде што му е поминат рокот за еден ден?
     
    Последна измена: 20 јуни 2016
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, нема потреба од паника. Со сигурност знам дека овошните јогурти имаат траење уште недела дена по истекувањето на рокот (доколку се неотворени и убаво чувани во фрижидер)., па би требало да е исто и со пудинзите. Доколку кога го отвори немаше никаква промена во бојата или мирисот и вкусот, тогаш не е ништо страшно што си го изела два дена подоцна. Секако доколку нешто било расипано ќе си осетела додека го јадеше. Поздрав.
     
    На 1418 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 1418

    1418 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам
     
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Tatko mi ima kolonijal i kako mala sekogas noseshe mleka , jogurti , sirenje , so edna nedela rok na traenje . Sekako nas ni davaa samo dodeka ovie proizvodi imaa rok . Do sega , fala bogu se nema nisto sluceno , no jas praktikuvam svezi proizvodi , i za mene i mm i za decata , pa recisi sekogas koga kupuvame obrnuvam vnimanie na rokot na traenje . Mi se slucilo da ne poglednam , no najcesto na cokoladi , kafe i sladoled vo prav ( onie koi se pravat doma ) i pudinzi ( isto koi sami si gi varime ) . Kako sto spomna i Biodevojka pogore , nekoi proizvodi imaat podolg rok na traenje , iako na ambalazata e naznacen sosema drug rok na traenje . Mi se slucilo da kupam mleko ( od ovie za varenje vo kesa ) , na koe rokot na traenje mu bese povekje od polovina mesec , koga go svariv , mlekoto se podeli na parcinja i imase bledo zolta voda . Go vrativ vo kesata i go vrativ na prodavacot . Iskreno covekot rece deka toa e treto mleko sto mu go vrakjaat denes , i se cudese zoso celata serija koja ja kupil e rasipana , a rokot e dobar ( ima neli i datum na proizvodstvo , koj bese od pred nekolku dena ) . A sum pravela sladoled , so onie prasocite , i super ispadna , se izede kompletno , i na nikoj nisto ne mu se sluci , iako rokot bese izminat sedum dena , jas go pravev osmiot den .
     
  19. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    652
    Свежи шапињони купени точно пред една недела сум ѓи заборавила во фрижидерот. Не пишува рок на траење. Дали да ги фрлам или да ги зготвам??
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Фрли ги. На свежите печурки рокот им е една недела. Провери поубаво за рокот. Некаде роковите се принтани на работ на пакувањето.
     
    На mac.mac му/ѝ се допаѓа ова.