Имаше во слаткарница Крин лимон тарт одозгора со шлаг, лесно благце за топло време. А сорбево од Кам го мањачев денес, баш ќе си го купам.
Темава ме погоди во срж. Обожавам работи со лимон. Скоро се од работите тука ги имам и пробано. Сем пудингот од лимон. Го немав ни забележано и сега знам дека ќе ми е мисија да го најдам и јадам. П.С. Ако идите Битола до Ваикики на Широк Сокак има с о в р ш е н сладолед од лимон. Тој и од зелено јаболко go to ми се за сладолед.
Јас оваа ја правам само без боровинки, нема потреба. https://www.simplyrecipes.com/recipes/lemon_blueberry_ricotta_pound_cake/
Во каков калап ти е печено , може ли друга форма и колку смеса излева отприлика мислам дека најверојатно ти е правен во правоаголните калапчиња или ? моментално немам таков а сакам да го направам денеска
Во правоаголен калап 20 на 30, испаѓа околу 3 прста висока. Би требало и во округла да може,зошто да не, отприлика во 26 или 28 тепсија...
Обожавам лимон, супер тема сте отвориле. Цедевита, сладолед, во чоколадо, торти и други благи работи.. Е сега ради вас прееска од Веро го купив пудингот од лимон од Витаминка да го пробам, ко ќе направам ќе кажам дали ме бендисува (ама не се сомневам).
Лимон и портокал свежо цедени, пола чаша сок, пола чаша ладна вода и лажичка мед. Подобро од сите вештачки сокови и најосвежителен
Јас со млака вода го правев, го растварам медот во млака кон топла, па чекам да се олади и додавам цедениот сок од пола лимон и цел портокал. За мерак, преосвежително.
Епа медот може во млака вода и мешање, смао да е на температура пониска. колку да се потстопи.. Ако се стави во топла вода губи од здравите својства. Така бар ме учеле роднините што чуваат пчели. Затоа никогаш не ставам мед одма во врелиот чај.
Да точно е затоа млака или топла пишав колку да се потстопли и измеша. Многу врела или провриена не заради тоа што ти кажале роднините.