Производи што треба да ги отфрлиме!!! Калциум во Грав & Зрна Грав овесот Калциум во Nuts Бадеми печени Ореви Сусам Ориз Калциум во зеленчукот и овошјето Зелка Репка зеленчук Брокули Бамја Портокал Сок од портокал Калциум во Риби Сардини во масло, конзервиран Лосос Мусли еве ги останатите производи што содржат калциум, значи не е само млекото
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Мислам дека млекото не е штетно за никој!Сепак во нормални количини секако,како и секоја друга храна.Јас млеко пијам цел мој живот,и неможам да го заменам со ништо.А,таткоми пак кој има 40 години секој ден пие половина литар млеко и фала му на бога човекот е здрав и отпорен.Инаку,ја имам прашано матичната дали млекото е добро да го пијам секој ден и ми одговори дека најдобар начин е да се започне денот со млеко.И во право е карак,ако гледаме така се што е штетно да не внесуваме ќе треба само на трева да живееме.Луѓе јадете си се што сакате но во умерени количини,контролирајте се!
Производи што треба да ги отфрлиме!!! The same И јас така нема шанси да поминам ден без млеко .Напротив дека е штетно јас знам дека многу е корисно и не сум имала проблем поради млекото досега идеална тежина имам одам на лекар 1 во 3 години -значи имам голем имунитет коските ми се како железо никогаш ништо не сум скршила матичната вика сето тоа доаѓа од мојата здрава исхрана во која млекото го има во изобилство па и да е штетно ќе го пијам јас без млекце нисам ја ја нисам ја
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Да го исфрлиме млекото од оброците?Бадеми,ореви,сусамот брокулите итн..имаат калциум но дали ги внесуваме често како што го внесуваме млекото секојдневно ? Особено по 10 тата година кога сме во развој ? Мислам дека млекото не смее да се изостави Според мене, се е здраво во умерени количини
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Девојки темата е кои производи треба да ги исфрлиме од употреба и јас затоа што доста знам за тоа, пишував што треба а што не треба да се јаде. Сетоа тоа што го пишав мене нутриционист ми го кажуваше. Ние самите решаваме што ќе јадеме и тука воопшто не станува збор за дебелеење или слабеење, затоа што правиме муабет за здрава исхрана. И јас не ги знаев овие работи, а и откако ги научив не се придржувам многу строго, но внимавам колку што можам. Затоа решив да споделам со вас стручни совети,а сега кој како и дали ќе се придружува кон ова е право на личен избор
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Од јадење прво треба да се отфрлат слатките и грицките и лебот а другото се може да се јаде во умерени количини затоа што се што е умерено е здраво.
Производи што треба да ги отфрлиме!!! На самото дно се наоѓаат оние продукти кои треба најмногу да ги консумираме (леб, житарици, тестенини), додека пак одејќи се нагоре кон врвот се наоѓаат оние продукти кои треба се помалку да ги консумираме во секојдневието, а на самиот врв оние кои треба да ги користиме сосем малку (масти, шеќери, сол). Водејќи се по оваа пирамида, која не постои од денес, ќе бидеме здрави, убави и нема да имаме проблеми со вишокот на килограми. тие производи што треба да ги отфрлиме се најгоре од пирамидата на исхрана
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Во ова време сите некако попрво би одбрале брза храна.Ем побрзо,ем повкусно. Ама дали е поздраво?Секако дека не. Треба во исхраната што почесто да користиме зеленчук,овошје,месо,млечни производи...,а што помалку брза храна.Исто треба да се избегнуваат јадењата со многу конзерванси. Сепак некогаш не можам да одолеам на брза храна (ма колку сака нека биде штетна),иако се трудам да ја избегнувам и да јадам нешто поздраво.
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Производи кои јас би ги отфрлила од исхраната се сувомеснатите производи, благите и газираните сокови.
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Нема шанси некогаш нешто да отфрлам од исхрана целосно. Можам да го намалам, а од нешто да се откажам, не. И доказ сум дека и покрај неоткажување од некоја храна може да се ослабе доста. Се да се јаде во умерени количини. Не верувам дека некој би можел пример целиот свој живот да не касне повеќе чоколада, или било какво благо. Зошто? Ќе земаш поретко, нема потреба од целосно откажување.
Производи што треба да ги отфрлиме!!! http://www.8ka.com.mk/spisanie/medicina/329------ Еве за млекото зошто не треба да се претерува со пиење млеко. А за калциум па има и многу зелен4уци и овошја што се богати со калциум, а јас па си пијам и едно млеко од соја збогатено со калциум и 10 витамини, така да многу ретко пијам кравјо млеко!
Производи што треба да ги отфрлиме!!! производи што треба да ги отфрлиме се чоколадата,млечните производи,кечап,мајонез....
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Моја листа на производи за кои мислам дека треба да се избегнуваат а по можност и во целост да се исфрлат од употреба: 1. Месо 2. Млеко и млечни производи 3. Газирани пијалоци и други видови на засладени пијалоци 4. Бело брашно, бел шеќер, бела сол. 5. Сите видови на индустриски преработена храна која нема никакви хранливи вредности ( овде спаѓаат сите видови на чипсови, смоки, чоколади, и друг вид на вештачки преработена храна.)
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Пилешко и свниско месо треба да се избегнува, а телешко напротив, треба да се конзумира во одредени количини.
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Млекото според мене не треба да се избегнува. Посебно за некој што студира. Чоколадното млеко е еликсир за мозокот
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Пилешкото треба да се конзумира, поточно белото пилешко месо бидејќи е полно со протеини, нормално нели варено или печено, никако пржено...таму каде што вежбам постојано ми зборат обавезно да јадам пилешко, риба или месо од дивеч. Инаку жрана што треба да избегаваме е секакви пржени работи, јадења од конзерва, јадења од оние за у микробранова, мајонез, бел леб, ж бурек, гиро, сендвичи, пирошки, благо....потоа од пиењата газирано и алкохол. И ако не сакате целулит сол не купувајте (мене само ова со солта тешко ми иде, во некои јадења едноставно неможе да не ставам)
Производи што треба да ги отфрлиме!!! јас ништо не би отфрлила од исхраната, што ми се јаде тоа ке си јадам, ако се јаде умерено од се нема потреба од отфрлање на некои производи
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Со пилешкото не треба да се претерува зошто коковчињата наши се полни со хормони. Свинското го покачува нивото на лошиот холестерол во крвта. Највеќе треба риба да се јаде и по можност онаа што е богата со омега 3 масни к-ни на пр. лосос.
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Е како, кажи ми, ќе исфрлиш од употреба месо, или млечни прозиводи?! И како нема да конзумираш брашно и шеќер?! Епа ај ништо да не јадеме тогаш, м? И да живееме на зеленчук и овошје! Баш се треба да се внесува, да се има разновидност ама и умереност во исхраната. Што е претерано не е добро, тоа сите го знаеме. Ама отфрлање на речиси се од исхраната е апсолутно глупаво.