Производи што треба да ги отфрлиме!!! Нема отфрлање ништо!Се треба да се конзумира....ама се знае, тоа да биде во умереност.На организмот му се потребни и витамини и протеини и јаглени хидрати и минерали итн.
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Токму така Старфиш, не можам а да не се согласам со тебе. Едноставно ми се чини дека денес со сите овие болести кои знаеме дека не тераат буквално да какаме во гаќи од страв, производителите во потрага по поголема заработувачка, а како поинаку, толку ни го форсираат тој здрав начин на исхрана што искрено веќе и ми е страв да отидам во продавница и да си купам нешто онака - од мерак. Како бе порано нашите мајки, баби, татковци, дедовци живееле на колбаси, на сланини, мрсно свинско, пушеле, пиеле, и успевале да живеат толку долго се прашувам?! Да се вратам на темата. Да, знам дека треба да се внимава на она што внесуваме во организмот и не мора баш да јадеме помии. Но факт е дека самата грижа за здрава исхрана го замара мозоков. Го преоптеретува. Знам еден период јас и мајка ми со часови бевме во продавница дури да најдеме соодветни производи кои не се канцерогени. Дури да прочиташ тоа ситните букви да ти се смачи. И кога конечно ќе прочиташ ќе сфатиш - не ова не смееме да го купиме, не е здраво! А се прашувам дали денес нешто е воопшто здраво?! Па и живот без вкус не е живот од друга страна! Треба да се јаде разновидно. Еднаш слушнав од еден нутриционист дека е убаво во секој оброк да имаме од секоја боја по нешто - малку бело, малку жолто, малку кафено, малку црвено, малку зелено, малку портокалово. Ете токму вака треба да се јаде. Јас лично исклучив од јадење варени јајца (холестерол), обичен зејтин (наместо тоа готвам исклучиво со маслинест) и свинско и пропратно со тоа сувомеснати производи кои за беља содржат се само не месо Свинското го исклучив затоа што не ми е вкусно и премногу ми е мрсно. Но некогаш не можам да се воздржам и да не апнам некоја кременадла, поготово ако е убаво зготвена Оние кои се од или во Скопје - ви ја препорачувам од време на време макробиотичката храна. Колку за прочистување на организмот од пржени работи а и вкусна е - но факт е дека и со тоа не смее да се претера. Ако јадете премногу интегрален ориз и тоа пак не чини. Сума сумарум - разновидност, и да не се претерува со аутистички начин на јадење, секој ден едно исто, и се би требало да е во ред
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Дали треба да се тофрли кафето??како на пример капучино??иколку влиае на линијата?
Производи што треба да ги отфрлиме!!! па не мора скоро ништо да се отфрла ако е умерено .. е сега некој ако нема мерка ако јаде од се со мотото: ,, денес има утре нема ,, навали народе !! ``- е тогаш веќе е проблем и треба да се направат некои критериуми .. мислам дека редбулот е доста штетен за организмот ...
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Неможев да се воздржам а да не коментирам. Млекото не треба да се исфрли од употреба и не е штетно. 1. Брат ми пред 5-6 год. имаше операција на коска и препораките од лекарот беа да конумира и млеко и млечни производи задолжително секој ден и плус други производи кои содржат калциум но значително помалку (ама да не ги набројувам сега). 2. Прабаба на дечко ми почина пред 3 години на 97годишна возраст а конзумираше млеко по 1литар а некогаш и повеќе во денот. На таа возраст без заби не поминуваше ниту еден нејзин оброк без млеко (кравјо). Така да не се плашете да пиете млеко здраво е
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Точно е дека некоја храна треба да се избегнува,но мислам дека не треба ништо во целост да се исклучи. Еве јас на пример со месеци не јадев месо и мрсна храна. Мислев дека така е здраво и понекогаш јадев само варено пилешко. Јадев млеќни производи, ама со помалку масти. Резултат треиглицеридите под 0,3. А мастите се потребни за работата на срцето, од таму се црпи енергија. Од памет се извадив. затоа треба да се јаде се, но со мерка
Производи што треба да ги отфрлиме!!! На крајот,секогаш се сведува на генетска предодреденост.Барем во Македонија ќе се вадиме на тоа во наредните 50 години,затоа што се она кое што во развиените земји го продолжува животот (здравствен систем,бесплатни или евтини суплементи и лекови,нутриционситички совети,не како тренд,туку како начин на живот,здравствена хигиена и култура кај самите луѓе) кај нас е далечна работа.
Производи што треба да ги отфрлиме!!! СТРАВОТНООО!!!!!!!!! http://www.facebook.com/l.php?u=http%3A ... fTsRbN9_lw
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Треба да се избегнуваат паштети, чајни салами, колбаси, кулени, мајонези, кечапи...И да не се јаде мелено меси било каде, посебно не по кафаните каде што ставаат све и свашта во него, а потоа прават плескавици...Исто така чипсовите не се здрави и разни грицки и кекси...
Производи што треба да ги отфрлиме!!! влијае капучиното имам слушнато дека е многу калорично ако го консумираш секој ден нормално, а за обичното турско кафе или нескафе една шоља до две во денот со умерена доза на шеќер не е калорично, дури кафето ја преработува храната. неодамна на интернет читав за некоја последна студија која ја направиле научниците и дошле до сознанија дека кафето го продолжува животот и е корисно за виталниот изглед ноооо ако се пие во умерени количини, а тоа се најмногу 2 филџани дневно.
Производи што треба да ги отфрлиме!!! да се надоврзам на постов, инаку незнам дали сте приметиле денес лебот е со подбрувач! што е тоа подобрувач бе (кои се неговите состојки) и зашто е потребен! моја логичка констатација најверојатно не ставаат доволно од потребните состојки, а се со цел за да заштеедат на материјал и произведат и заработат повеќе, па го ставаат тој подобрувач или некаде го викаат волумајзер (состојка за волумен) за да лебот личи на нешто, а на вкус ништо . за среќа има уште фурни каде може да се купи прав леб со природни сотојки и направен онака како треба по старите добри рецепти и навистина е супер, многу е вкусен дури и кога е сув, а доколку го споредиш со тој вештачкиот ќе се изненадиш од разликата, а воедно и разочарш во тоа што се претворила индустријата. во делот со колбасите исто да се надоврзам, точно тогаш поианку се произведувале ноооо старите имале поголема физичка активност, не седеле на пц по цел ден и за чекор место не користеле автомобил. а за големиот процент на заболени од рак, не само што е виновна лошо произведената храна, туку и брзиот начин живот и несоодветна прехрана. инаку за јацата доколку немаш маснотии во крв нема потреба да ги исфрлаш од исхрана, тие се потребни само умерено, се препорачува 1-2 јајца неделно. Наводно жолчката од јајцето ги топи маснотиите.
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Начисто треба да се отфрлат сувомеснати производи, потоа кечапи и мајонези (најдобро е дома си направиме доколку знаеме, домашни...), потоа чипсови и разни други грицки освен смоки, кои не се штетни по здравјето. Потоа од млечните производи подобро да се конзумира сирење и кашкавал, отколку преработени производи како павлаки, крем сирови и сл. ,кои минале низ разни технолошки процеси на преработка Крајно опрезни со црвеното месо, пилешкото месо и јајцата, бидејќи се случува од депонија каде што се фрлени угинати свињи и говеда, истите да се прошверцуваат во месарници и од таму таквото гнило месо да заврши на нашите трпези или пилиња и кокошки наклукани со хормони и генетски модифицирани, кои ќе ни го направат попара генскиот систем и еден ден ќе се чудиме зашто имаме 150 кила и ни пораснале бркови Газирани и енергетски пијалоци во никој случај и за крај ВО МЕК ДОНАЛДС НИКАКО ЈАДЕЊЕ...!!!!!!!!!!!
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Како бе смоките не се опасни,... грицки си се грицки! Нешто што јас лично го сметам за најнепотребно се соковите,... било газирани, густи, за растворање.... порано луѓето пиеле само вода, а во денешно време се голтаат соковите наместо вода.... од лично искуство, веќе 7-8 месеци, не пијам сок... стомакот многу помалку се надува, тоа се само плус калории и шеќери... Друго, сите тие грицки што секојдневно ги има во секоја куќа... само сол, шеќер и масло има во тие чуда,... некогаш стварно те тера да си каснеш нешто, ама тоа да биде многу, многу ретко... еднаш месечно, можда и поретко... а никако секој ден тука ги ставам и фаст фуд храната... вкусна, ама најретко што може да се јаде... Тоа кечапите, мајонезите, сосовите... конзерванси до максимум... се трудам да ги отфрлам, некогаш ставам кечап за да му даде малку вкус на јадењето.... Поважно е да се додадат што е можно повеќе овошје, зеленчук, млеко и млечни производи, месо во секојдневата исхрана, а да се минимилизираат другите... тешко е во денешно време да распознаеш што е здраво а што не е,... се е во конзерви, во вакуум, во пакувања не знам вакви, накви.... може и по 3 години да го јадеш... која природна храна може да опстои 3 години...
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Сосовите се многу убава работа ако знаеш да си правиш дома сама, не готови. И се многу вкусни. Плус со малку креативност си правиш различни вкусови А и кечап исто домашен може, не верувам дека тој е штетен
Производи што треба да ги отфрлиме!!! Кечап спаѓа во здрава храна,особено домашниот. Јас од денес ништо не јадам и си купив боца со кислород.
Производи што треба да ги отфрлиме!!! 1.Прво мислам дека треба многу да се одбегнуваат газираните сокови колку и да изгледаат примамливи особено кока-кола.. навистина иде добро со скара ама би можела да се замени со вода. 2.Потоа, слатките...овде е најтешкиот дел за сите девојки особено при депресија ..секогаш кога ќе почувствувате дека сте депресивни или нервозни не посегнувајте по слатките и чоколади т.е. не правете си чоколадна депресија .. искористете го тоа да се истрчате надвор ако е убаво времето а ако не е дома некои вежби .. 3.Мајонез - покрај тоа што содржи холестерол е заслужен и за целулитот на телото ..мислам дека не е голема жртва да се отстрани од нашата исхрана . 4. Масло во салатата ...немам ставено од минатото лето ем повкусна е ем нема масти .поже да се замени со лимонска киселина која скоро воопшто нема масти ..солта не ја одбегнувам бидејќи сметам дека до одредена количина е и корисна за работата на срцето . 5. Паштета - едно големо не ..посебно кога пробав туна паштета погрозно нешто немам јадено .( против туната немам ништо против , сметам дека е здрава заради омега мастите _)
Производи што треба да ги отфрлиме!!! под тие сосови мислев на тие готовите од продавница,... што се кај кај поштетни од домашните :up:
Производи што треба да ги отфрлиме!!! од нашата исхрана треба да се отфрлат саламите,паштети,колбаси,чипсови,смоки, и да се јаде благо умерено , да не се претерува
Треба да се исфрлат сувомеснатите производи, брза храна, помалку благо, газирани сокови и пржена храна. Колку што е можно ова да се избегнува, и ке се подобри и здравјето и физичката линија