1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Производи што треба да ги отфрлиме

Дискусија во 'Диети' започната од Ivana-srce, 23 октомври 2010.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Сите знаеме што треба да отфрлиме од нашата исхрана, арно ама некогаш не ни одговара :) или пуста стрвост. Или пак едноставно сакаме да си ја почестиме душичката. А и тој зеленчук и овошје не е веќе како порано. Се е прскано и растено на сила има облик ама нема вкус,а пак месото е приказна за себе .
    Што и да купам и кога ќе почнам да читам што се содржи во себе :x ....Сепак колку толку треба да се има контрола на тоа што се јаде да не биде после онаму салце онаму целулитче :D
     
  2. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Благото и немора да се отфрли ако го јадеш насабање и во разумни количини, нормал.
     
  3. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Па јас би кажала само едно:
    Јади се што дава природата,а не што прави човекот.
     
  4. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Па можеме да јаде се додека не е со некои отровни хемикалии и не правено на добар начин,но се што јадеме треба да биде со мера. :)
     
  5. msssakal

    msssakal Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    ако сакаш да се храниш здраво и да не дебелееш не јади преработена храна :
    од млечни производи
    павлака
    кашкавал
    топено сирење
    зденки...
    тие не се здрави
    избери-млеко,сирење,јогурт,кефир и урда.


    месни производи
    салами,сланини,пршути,печеница,скара...-не се добри
    посно бело месо, риба,морски плодови,црвено немасно месо

    леб,житарки и шеќер
    бел леб,бел шеќер,бели тестенини....-отфрли
    леб од интегрално брашно,тестенини од интегрално брашно,мед и др природни засладувачи,овесни снегулки,ржани,пченични ,мусли.

    чипсови и грицки(полни се со адитиви и емуглатори)
    здрава замена-бадеми,кикиритки,сончоглед,семки од тиква,интегрални крекери,индиски ореви,бразилски ореви ,ореви итн

    масла за јадење
    сите рафинирани,свинска маст,маргарин-лоши
    најдобри-ладно цедени масла за јадење,замена за маргарин-путер од кикиритки или путер од животински потекло.



    +секој ден салати и овошје- како замена за ужина или обилна вечера
     
  6. RibljaCorba

    RibljaCorba Нов член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Мрсните (брзи јадења) и газирани пијалоци. тоа е налошото, другото е подобро во споредба со брзата храна.
    Доколку сакате да намалите со тежината најдобро е да престанете да пиете газиран сок, повеќе вода и хидрација и се намалуваат неколку кг.
     
  7. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Се што е штетно за организмот не треба да се јаде
    Посебно храната која содржи мн маснотии
     
  8. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Ова решив да го споделам со вас:
    Варената храна
    белка од јајце,компир,стек,морков,брокула,макарони посни(во буквална смисла ПОСНИ)....внимавајте значи варено сето ова без грам масло и со многу малку сол ве помладува и ви ги топи маснотиите!
    Потоа обарена риба,пиперка,патлиџан,тиквица,кромид значи сето ова обарено со многу малку вода на тивко секако без грам масло и со многу малку сол и ова ве помладува и ви ги топи маснотиите
    Млечни производи јогурт со 1% масленост 1чаша дневно,урда смее да се јаде... сокови никако газирани освен оние од јаболко и секако можете чај,компот, ....
    Јас сега имам идеална тежина од 67 килограми и свео изгледам во ликот...ама не чуствувам дека живеам....Затоа не се замарајте со килажа живејте го животот онака како што мислите дека е најдобро за вас
     
  9. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Според мене би требало да исфрлиме т.е ја веке исфрлив :
    Благо * тортини,домашни благи, торти итн* а во замена за нив си ги јадам чоколадцата на виталија коа ке помислам на благо.
    Гзираните пијалаци.
    Грицки - дури и оние интегралните.Може ги викаат диетални но ги пржат у длабока маснотија, понатака чипсови никако.Сувомеснати не и јадењата со запршка не. :!:
    Го исфрлив белото брашно и преработките од него.Можам да изедам некад мекица само коа има некоја принова. Како денес :rofl: За арно и убаво да е :!: :rofl:

    Бројам калории и дневно не внесувам повеке од 500.
    Јас јадам за да живеам а не живеам за да јадам :!: :* :hai:
     
  10. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Само незнам како успеваш да преживееш со 500 калории?
     
  11. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Епа у прашање е навика и ја се чудам како ама ... Знам дека треба да внесам 1200 калории највеке у денот ама додека ја достигнам таа бројка ке пукнам мислам. Ете денес внесов 484 и пак сум со вас. :D :rofl: И се осекам енергично . Ако те интересира мн прашај ме у лп :)
     
  12. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Јас сосема исфрлив од консумирање: газирани пијалоци, сувомеснати производи, виршли, паштети, грицки, бел леб, готвам само со маслинов зејтин.
    Ко за почеток-добро е! Сфатив дека се е навика, дека можам и без нив да преживеам! ;)
    Уште да можам тестенините и благото да го исфрлам, супер би било!
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Јас го имам отфрлено лебот - белиот, а другите лебови ми се смалени на минимум, скоро и да не консумирам никаков леб, ни црн ни ржан никаков.
    Млечни производи исто не јадам многу, ептен некое кашкавалче другото слабо, речиси ич.
    Белиот шеќер исто така не го користам ептен во случај да сум на гости па да ме понудат со благо кое содржи бел шеќер па ајде инаку дома не го користам во ништо. Кога готвам ставам стевиа или кафеав шеќер.
    Од пржени компирчиња нема шанси да се откажам никогаш ма колку сакале биле штетни, месо исто така јадам ама во нормални - мали количини, еднаш во две недели динстано, печено, пржено сеедно.
    Газирано многу слабо пијам иако си обожавам кока кола, ептен ретко ја пијам, не ради здравје туку ете не ми текнува :D
    Во последно време исфрлив и чипсови, смоките неможам и несакам.
    Тоа е тоа друго се си јадам.
     
    На VladeMila, Marossa, Boleyn.7 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Дефинитвно лебот! Скоро и да го исклучив од исхрана , ма да не е лошо и скроз да го откажам . . .Ете замена за леб-двопек. ;)
    Слатко,џемови,мармелади-исто ! Не јадам толку често од наведениве,но понекогаш кога ме фаќа криза за благо тие ми се тука :tmi: , морам да ги заборавам што побрзо!
    Чајна,кулен,салами и други видови месни производи од таков тип-тие воопшто не ми требаат.
    Чипсови и грицки-ама па без нив некако не можам. . .
    Паштета-сериозно, што е здравото во неа?? Не сакам ни да замислам како ја произведуваат. :puke:
    Тоа би било тоа, на тие ми текнува и воглавно мислам дека тие продукти само штетат на телото, и нема баш никакви придобивки од нив.
     
  15. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Најкеиф ми е што се откачив од сувомеснатото. Го јадам некогаш во пица или ете така некогаш инцидентно на слава или уз винце со друштво. Ама скроз го откачив од секојдневна исхарана. Полно со нитрити, масти, апсолутно ништо здраво нема во него. Башка од кога видов како се прави многу полесно ми стана да престанам. За виршли и паштети ич па муабет да не правам.
    Месо јадам, онака не многу ретко, но не и пречесто.
    Млечните производи ми се најголема болка, од се ќе се откажам ама од тоа не можам. Ги заретчив и нив, ама повеќе од ова не би намалувала освен ако лекар изричито не ми ги забрани.
    Леб намалив ептен и скоро скроз ми е сменет со интегрален, ама некогаш се почастувам со нешто тестесто од бело брашно.
    Газирано не пијам, освен тоник ако сакам ептен да се освежам, тетра пак сокови со милион додадени шекери и конзерванси пијам ептен ретко ако ме понудат некаде, инаку по своја иницијатива никогаш не купувам. Гледам што почесто да си цедам дома или да пијам некаде кога ќе седнам.
    Благо ретко јадам и тоа сакам да е нешто стварно неодоливо за да го к'снам, инаку немам желба за секакви благи сваштарии.
    Чипс и грицки исто јадев многу на времето, ден не ми поминуваше без тоа, сега купувам еднаш на две недели, некогаш ни толку, или ако ептен ме фати стрв јадам интегрални крекери, сончоглед, семки, ф'стаци, бадеми и сл.
    Со текот на времето научив некако да ги сакам чаевите и преферирам природни и набрани од некоја шумска ливада. Кафе едно на ден, но може и без него, цигарите ги откажав, некогаш само за друштво палам по една-две на излегување.

    И искрено да ми кажуваше некој пред 5 години дека јас денес ќе имам внесено волку клучни промени не само во исхраната туку во самиот начин на живеење, немаше да му верувам. Но најверојатно самосвесноста станува поголема ,а потребите на организмот се се' поспецифични со текот на времето, па со волја и малку труд може да поработиме на себе.

    Мислам дека сите ние знаеме што се треба да исфрлиме, но проблемот е во тоа што не сакаме да се лишиме од некои задоволства и тука настанува тој конфликт.
    Кога барем една недела би се обиделе да се храниме малку поздраво веднаш би ги сфатиле придобивките но и севкупното влијание од исхраната. Секој месец да вметнуваме по макар една здрава навика би направиле многу.
    Не само за линија, затоа што гледам темава дека е во диети, туку за општо подобро здравје, а се друго ќе си дојде како последица на тоа.
     
    На TrinityNeo, Glossy-girl, VladeMila и 8 други им се допаѓа ова.
  16. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Што мислите за сојата ?
     
  17. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Баш денес читав колку сојата е штетна за организмот, особено за децата, и тоа во секаков вид ,http://karas4training.com/mk/nutrit...vo-ishranata-soja-margarin-i-shekjer-saharoza
    се сложувам за маргаринот и сличните маснотии, сахарозата, сите видови на сокови, сите месни преработки, реално земено се што јадеме си има своја доза на штетност за организмот, не само гледано на линијата туку и за здравјето, но се си е поврзано. Некој погоре спомна не јаде благо туку житарки на виталија, видете го составот на нив колку шеќери и засладувачи имаат. Гледав документарци за исхраната на добитокот за производство на месо, ги клукаат со гмо пченка, батаците како ги хормонизираат, се е опасно реално гледано, овошјето и зеленчукот огромни ко од шаблон лиени.... иостана прашањето што е корисно?? Се е преработено, се е вештачко...
     
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.896
    Допаѓања:
    102.994
    Пол:
    Женски
    Ќе пoчнaм диетa oд нaредниoт месец пa ќе ги исфрлaм целoснo- сите тестенини, леб и
    блaгoтo
     
  19. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    2.247
    Мене ме интересира што јадеш, и јас јадам само свежа храна ноо мн внесам сиудно стигнам до 1200 не бројам но најверојатн. Ви што јадете и по колко тоа количински ? Фалаа однапреед ,убаав ден ! :D
     
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Нема потреба ништо да исфрлате, само умереност е клучот ! Јас сум многу против ограничувањето и исфрлањето на некои видови храна, и општо за обележување на храната исклучиво како здрава и нездрава. Не заборавајте дека и премногу здраво е нездраво. А таканаречената "нездрава" храна е добра за душата :D
     
    На Askopje му/ѝ се допаѓа ова.