Треба да се исфрлат сите производи кои содржат вештачки шеќери, а најмнмогу газираните пијалаци како кока-кола и сувомеснатите производи, мајонезот, маргаринот итн, итн... Треба исто така да се сведе на најминимум па макар и да се отфрлат од исхраната белиот леб и тестенините.
Точно е дека има нездрава храна , но што е поентата за да ги исфрлиме? Мојата баба цел живот јаде све што ке и дојде при рака и има 82 години и лице како да има 50 години! Повеке пати го имам исфрлено од исхрана шекерот ( штетен е најмногу ) , но мене ми падна шекерот на 2 , некое време јадев овошје и зеленчук ми падна железото ( косата ми испага , бев мн омалаксана ) , и јас мислам дека клучот е до умереноста , од све по малку ...
Твојата баба има добри гени, ианку со препорака од стручни лица се креира програма/план за постепено намалување на вишок кинажа, тоа не е нешто невозможно.
Освен стандардното откажување од бели печива и благи работи, се почесто читам дека познатите кои слабеат се откажале и од млечните производи. Замислете кога едно бебенце многу брзо расте во килажа, а пие само млеко! Се разбира, тука голема улога игра процентот на млечни масти во производот.
Месото, читав нешто дека со месо побрзо се остарува, па имам и слушнато за личности кои останале "заувек млади" порадо тоа што не користеле месо, и мрсна храна, како и храна полна со конзерванси.
Црвено месо, паштети заедно со салами и вршли, растителен кашкавал и млеко, бел шеќер и сончогледово масло. Белиот леб е штетен единствено ако јадеш векна на ден.
120 калории има во кафена лажичка а нема никакви корисни супстанци освен релативно мала количина витамин а и е. Ги запушува крвните садови, дебелина, срцеви болести.. Сега ако конзумираш неколку пати неделно по малку во салата и сл само океј е, ама прилично тешко за секојдневни оброци.
Ако одиш често во теретана ќе приметиш дека сите тие професионални и полупрофесионални фитнес тренери баш нај нездраво се хранат. Целиот режим на исхрана им се сведува на суплементи. Тоа е тоа што им дава голем раст на телото.
Skoro se e nezdravo,taka da ne se zamarajte I ne e presudno za vasata kilaza dali ke izedete "1" ili "2" cokolada,presudni se genite.
Леб, тестенини и пецива ( не мора скроз да се исфрла, ретко да се конзумира, да се сведе на минимум значи ), ко што знам лебот и не е толку здрав. Маргарин Пица, хамбургер, тост Сокови (газирани и оние другите) - многу шеќери, многу бои и вештачки засладувачки, празни калории...сѐ непотребно. Чоколади и други благи работи и секаков вид на шеќер(многу ретко да се конзумира) Грицки (чипсови, смоки, печени лепчиња со многу зачини и калории) Мајонез, сенф, кечап и пржени работи. Ова е кратка листа и листа што мислам дека е базична за оние што сакаат поздраво да се хранат, да не навлегуваме сега подлабоко и да ја прошируваме, ионака изгледа доволно страшно, а не е. И сѐ ова може да се откаже, ама за млечните производи како што се: кашкавал, сирење, млеко никогаш не би размислувала, ма колку и да биле штетни овие преработениве освен млекото(иако ако размислуваме така и ова во маркетиве е штетно, директно од животно измолзено е друго, ама велам да не бидеме радикални), вклучувајќи на списокот дури и: крем сир, павлака, јогурт, зденки. Значи не се за откажување оти не би живеела без нив, за другиве не се прави проблем.
Едно е сигурно, ако се обидете нешто скроз да исфрлите од исхраната ќе ви се јаде уште повеќе-баш од тоа. Затоа и мислам дека не е паметно да се отфрли било што. Ако нешто ви се јаде, па колку и да е "штетно', јадете си само умерено. Балансот е клуч за се во животот. Реално, ништо нема да ви биде ако барем еднаш неделно каснете хамбургер и помфрит или чоколадо. Храната не е само потреба туку и задоволство. Јас јадам буквално се и не се ограничувам од ништо само гледам да не претерувам со количината и цел живот сум слаба како стапче и не сум имала за среќа роблеми од типот на покачен шеќер или холестерол. Така што јадете си што ви сака душа само знајте си ја границата
Јас веќе месец дена како имам отфрлено газирани пијалоци брза храна бел шеќер морска сол Имав гатритис,откако престанав со овие намирници се подобри ситуацијата.
Како што и претходно некои членки веќе спомнале, најзначен е балансот во режимот на исхрана. Ништо не треба да се исфрла од употреба и да не се јаде, туку само одредени артикли количински да се намалат и да не се конзумираат често(читај: секој ден). Плус, поимот "диета" не подразбира посебна програма која се спроведува во употреба одреден период со цел да се намали вишокот килограми. Диета означува начин на исхрана во текот на целиот живот. А сѐ паѓа во вода кога се работи за секој организам индивидуално. Затоа што влијание овде имаат многу фактори, не само исхраната. Јас самата сум пример дека највеќе ослабнав(ненамерно), кога исхраната ми беше сведена на Кока Кола и благи работи.