Ви се променија градите во бременоста? Јас сум 32+4 малце се пораснати ама ништо повеќе. Болки немам или баш малце и пупките не ми се зголемија ниту потемнеа, а читав дека треба па тоа ме загрижува.
Сите жени се индивидуални. Јас во градите се направив како Памела вероватно и ради тоа ми се направија стрии. Други видливи промени ареолите се проширија и ја сменија малце потемна бојата. Исто така некогаш болат мн (но бидејќи гулабиве ми се на слобода) ме болат повеќето во прслук. Исто и брадавиците се поголеми и реагират на допир.
И моите не ее нешто посебно зголемени. Само ми се направи како "црно" веднаш околу ареолите. Ептен ми е грозно - како неизмиено делува, како да се таложело кал. Го тријам на бањање и не излегува. Некогаш малку ќе падне некој слој стара кожичка, ама ништо значајно.
Не се, малку зголемени како кај Кукла, ама не нешто ваау. Со мешето па, ич не доаѓаат до израз. Аеролите некогаш се потемнети, некогаш не. Ама некоја значајна промена немам.
Значи само мене не ми се потемнети и раширени ареолите . Ми останува само да се надевам дека нема тоа врска и ќе имам млеко да може бебе да си цица
По некое "правило" треба да се потемнети. Пред извесно време се "просветлив" зошто. Наводно бебињата првите 2-3 месеци гледаат црно-бело. И телото се "преобразува" за да може да излезе во пресрет на таа потреба. Нели ќе цица, па полесно ќе си го најде патот
Едната града ми се зголеми и ареолата исто така а другата сосема малку и сега се видливо различни. Има некој ваков случај како мојот хаха
Во бременост не, ама затоа сега после пораѓај едната ми е огромна, а другата нормална. Оваа големава "виси" и ме нервира. За некој со мали гради и те како е промена.
Женски како се снаоѓате со болки во градите? Денес сум 10+3 вчера цела вечер не сум спиена на страна спијам само се вртев зголемени и отечени ми се доста. Чувствувам болка кога ќе ги натиснам. Преку ден дека со прслук не ги осеќам многу, ама кога ќе легнам ми се плаче... Некој совет? И до кога ќе биде вака?
Хелп. 26+2 недела сум ама градите ме чешат и болат. Неможам ни градник да носам. Нон стоп ги перам,сушам облакам ама подолго од 5 мин неможам да ги носам.. Што вејќе да направам?
Девојчиња,градите ме чешаат многу,и брадавиците ми се некако суви и се перутат. Се мачкам со кокосово масло,мислев од него да не е,па сменив со масло на бекутан ама пак исто. 11+0 сум,чаре некое?
Mesijna jas do 3mesec nemav promenade na gradite a potoa do pred dve nedeli mi se zgolemija i potvrduvajne mi bea,Eve veke dve nedeli kako mi se meki ima nesto vrska so mleko so porogaj ili ??
И кај мене е исто. Ја ги мачкам со истото уље(на Хип) што се мачкам за стрии, кокосовото не ми помагаше, а и одвратно мирисаше. Па деновиве ми се вратени во нормала. Јас во принцип не сум склона на стрии, ама приметувам дека почнуваат капилари да ми пукаат. За тоа некое чаре, имате?
Жени до кога ќе растат градиве??? 8+1 сум, сите прслуци ми се мали. Може ова немаше да ми биде проблем ако имав нормална големина на гради, но пред бременост носев корпа Д, сега ќе треба по порачка да си сошијам.. Тешки се и болни, неможам ништо потесно да облечам.. Каде да најдам мек убав прслук?
Мене не престанаа да ми растат. Е јас никогаш не сум била цицлеста, затоа сега сум машала. Баш ми се идеални по големина. Е сеа што ми испукаа стрии, небитно. Ми пукаа и на 14 години кога ми растеа, па не пораснаа доволно, сега бар пораснаа. Јас носам беби дол, некако помеко ми е, поудобно, а и сега убаво го пополнувам и имам убав облик. За големи гради не сум стручна друга помош да дадам.
Исти проблем јас цел живот 95 носам Д, сега 100ка купив 9 недела сум. Сега не ме болат многу, но многу се тешки. Незнам што ќе правиме.
Лиска Имаш големини до Ф, а мислам дека има од некои модели и до Г. Да се надеваме, нема да стигнеш до таму