Околу брадавиците, а они распукале се измениле некако. И тоа преку ноќ, само чешање имав вчера. Значи бело како првут, како да не сум избањата во животов
Јас вчера се гледав и стегнав малку на брадавиците и имаше малку како проѕирно-бела течност, дефф е колострум.
Малку сум загрижена. Околу брадавиците имам неколку црвени линии, нешто како повеќе точки... имав мали гради, а сега 26+6 сум и ми се доста променети. Стриите ли вака изгледаат?
Да ви кажам труднички дека на школата за бременост советуваат од 30 недела брадавките да се мачкаат со маслени капки АД 3 пати на ден за да се потготвеле за доење. Јас мачкав ланолин ама акушерката ми рече џабе ми било тоа, ланолит се препорачувал после пород ако се воспалат.
Здраво мене ме интересира со што да ги премачкам брадавиците...за стрии користам мешавина од Оригинал Павловичева крема АД капки маслени и Пантенол, засега немам стрии воопшто (24+5 сум) ги премачкувам со таа мешавина меѓутоа пак ме пецкаат и се чувствителни на допир осеќам и благо чешање . .
и јас ставав ад плус крема и џабе.Неможев ни маица да облечам се ми сметаше.А чекај тек да се породиш па да видиш шо е чувствителна града
Женски брадавициве ме убија од чешање, посебно деснава да можам цел ден ке се чешам се мачкам со еуцерин масло и бекутан павловичева плус ставам на брадавициве ама не се трпи... си мислев да не ми е нешто од маслото или тоа е тоа па да си трпам? (18та нед сум)
Мене ме интересира кога отприлика почнува оваа болка во градите, дали пред да ни дојде (како симптом) или одкако ке ни закасни и ќе сме сигурни дека сме бремени, ако е за пред доаѓање колку дена претходно осетивте итн
Imam bolki vo gradite, potemni bradavici no pravev beta,hcg i iskoci negativno. dali se raboti za rana bremenost zosto imam tapi bolki vo kicmata i stomakot.
Трудници и мајки едно прашање... ептен на почеток сум на бременост, 5та недела, до вчера градите неможев да ги допрам од болка и многу ми се зголемија брадавиците и ареолите, сабајлево станувам со минимална болка скоро ич и ареолите намалени... искуство некој од вас слично имала ли?
Женски, се прочитав, павловичева, АД капки, јас користам од HIPP путер за тело се мачкам и кокосово масло, ете ќе купам и павловилева и АД, а сеоак сакам да казам покрај сето мачкање ми излегоа стрии на градите иако сум во 18та недела, имав мало гради и нагло ми нараснаа и почнаа мн да ме болат а седам вез прслук. исто така ако некоја знае да ми препорача нешто за вовлечени гради ќе бидам многу благодарна бидејќи нискам дека ќе имам проблем.
Искрено , поим немав што значи чуствителни гради . Со првите две бремености имав болки во градите , ама не ми сметаше ниту допирање ниту облека . Тоа траеше првите месеци , па прекина , па пред породување пак . Сега со третото , 14+2 сум , уште имам болки во градите . Не можам да се жалам , не се толку интензивни како до пред неколку недели . Тука сум да прашам нешто . Дали болката во градите има поврзаност со имање млеко по породување или неме врска тоа ? Бидејќи во првите две бремености , скоро и да немав воопшто млеко , ептен по малку дури на бебињата не им стигнуваше млекото и секогаш беа со 30мл дохрана вештачко млеко . Па во глава си поврзав некако дека можеби тоа има поврзаност , бидејќи со двете деца немав и нешто поголеми болки во градите а сега имам повеќе , од првите две бремености .
Апсолутно никаква врска нема. Јас немав болки во градите воопшто, не ми беа ни осетливи а млеко имам за извоз.
Се понадевав за кратко дека можеби има некоја поврзаност , и ќе можам конечно да осетам и јас доење на бебе , ама .. ништо . Тоа е , ќе си се помачам и со третото . Ти благодарам за споделеното искуство . Имај убав ден .
Да прашам само имам ненормално цврбење на гради па и стомак ама само ноќе не знам премногу, се прашувам дали ќе се стрии дали прашок ама па и тој го користев и претходно па немаше некој совет ?
Дали станува збор за капкиве Витамин АД маслени,на Хемофарм? Го послушав твојот совет и решив да ги купам, ама во аптека ми се погодија млади фармацевти, тројца беа, кога ги побарав се збркаа, па ми ги дадоа овие, не знам дали ги погодија.